Земјотресот во Турција ja отежнува позиција на Ердоган на изборите
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во разговор со преживеаните од земјотресот, 08.02.2023.
Најсмртоносниот земјотрес во Турција во една генерација му донесе на претседателот Реџеп Таип Ердоган огромен предизвик за спасување и реконструкција што ќе ги засени претстојните избори во мај кои може да бидат најтешките од неговите две децении на власт.
Еден ден откако се случи земјотресот, во кој загинаа илјадници луѓе во Турција, опозициските партии и некои жители во најтешко погодените области се пожалија дека властите се бавни или недоволно опремени да реагираат на катастрофата.
Секоја перцепција дека владата не успева правилно да се справи со трагедијата или дека не спровела соодветни градежни правила во земја подложна на земјотреси, може да им наштети на изгледите на Ердоган на изборите.
Но, аналитичарите велат дека претседателот, вешт борец чија влада се справува со земјотреси, шумски пожари и други природни катастрофи откако дојде на власт во 2003 година, може да собере национална поддршка околу одговорот на кризата и да ја зајакне својата позиција.
Говорејќи само неколку часа по земјотресот во понеделникот, кој тој го опиша како најлошиот што ја погодил Турција во повеќе од 80 години, Ердоган рече дека илјадници спасувачи веќе се мобилизирани и дека нема да бидат поштедени напори во суровите зимски услови.
Тој при посетата на еден од погодените региони потоа призна дека имало извесни пропусти во првичните напори за справување со последиците од земјотресот.
Владата прогласи „аларм на ниво 4“, повикувајќи меѓународна помош и прогласувајќи тримесечна вонредна состојба во најпогодените провинции.
„Ердоган реагираше брзо и кохерентно на кризата“, соопшти консултантската куќа „Евразија груп“, наведувајќи „тоа веројатно ќе го разубави неговиот силен лидерски имиџ пред изборите на 14 мај - ако владата може да го задржи својот ран моментум“.
Црн лебед
Трошоците за реконструкција веројатно ќе достигнат многу милијарди долари, оптоварувајќи ја економијата веќе погодена од инфлација од 58%.
Штетите во регионот во кој живеат 13 милиони луѓе се очекува да го спречи економскиот раст оваа година, велат економистите.
Обемот на штетата, низ стотици километри и кој ќе погоди милиони луѓе и нивните домови, „целосно ќе ги ресетира“ економијата и политиката на Турција, вели Атила Јесилада од Global Source Partners.
Трка со времето за да се најдат преживеани од смртоносниот земјотрес во Турција и Сирија
1/15Месут Ханчер ја држи за рака својата почината 15-годишна ќерка Ирмак. Таа беше една од жртвите во земјотресот на 6 февруари во Кахраманмарас, Турција.
Речиси три милиони луѓе живеат во јужните турски градови Кахраманмарас и Газиантеп, епицентарот на земјотресот што опустоши цели населби и урна цели згради.
Спасувачите во Турција и Сирија работеа во текот на ноќта меѓу 7 и 8 февруари, надевајќи се дека ќе најдат повеќе преживеани меѓу урнатините по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, убивајќи илјадници луѓе.
2/15Жена плаче додека стои меѓу урнатините во Газиантеп.
Властите во Турција проценуваат дека 13,5 милиони луѓе биле погодени од земјотресот во област широка 450 километри што се протега од Адана на запад до Дијарбекир на исток.
Спасувачите во Турција и Сирија работеа во текот на ноќта меѓу 7 и 8 февруари, надевајќи се дека ќе најдат повеќе преживеани меѓу урнатините по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, убивајќи илјадници луѓе.
3/15Турската агенција за управување со катастрофи соопшти дека бројот на загинати во земјата надмина 11.000. Покрај оние кои се уште се заробени под урнатините, расте загриженоста дека многу луѓе ќе измрзнат до смрт.
Спасувачите во Турција и Сирија работеа во текот на ноќта меѓу 7 и 8 февруари, надевајќи се дека ќе најдат повеќе преживеани меѓу урнатините по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, убивајќи илјадници луѓе.
4/15Во соседна Сирија, еден маж е виден како седи покрај телата на своето семејство на 7 февруари во градот Џиндерис, провинцијата Алепо.
Сириското Министерство за здравство соопшти дека бројот на загинати во областите под контрола на владата се искачил над 1.200, додека најмалку 1.400 луѓе загинале во северозападниот дел под контрола на бунтовниците, според волонтерски први одговорни лица познати како Бели шлемови.
Спасувачите во Турција и Сирија работеа во текот на ноќта меѓу 7 и 8 февруари, надевајќи се дека ќе најдат повеќе преживеани меѓу урнатините по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, убивајќи илјадници луѓе.
5/15Во сирискиот град Африн, девојче кое се родило под урнатините на петкатна станбена зграда се лекува во детска болница. Локалните жители го откриле новороденчето откако го слушнале нејзиниот плач под урнатините.
Спасувачите во Турција и Сирија работеа во текот на ноќта меѓу 7 и 8 февруари, надевајќи се дека ќе најдат повеќе преживеани меѓу урнатините по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, убивајќи илјадници луѓе.
6/15Спасувачките тимови работеа во текот на ноќта во Идлиб, Сирија, извлекувајќи повеќе преживеани и тела од урнатините. Поради уништени многу патишта, лоши временски услови, недостаток на ресурси и тешка опрема, спасувачите се борат да стигнат до најтешко погодените области.
Спасувачите во Турција и Сирија работеа во текот на ноќта меѓу 7 и 8 февруари, надевајќи се дека ќе најдат повеќе преживеани меѓу урнатините по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, убивајќи илјадници луѓе.
7/15Во сирискиот град Џандаирис, спасувачи се греат во близина на пожар. Спасувачите предупредија дека бројот на жртвите ќе продолжи да расте бидејќи помошта допрва треба да пристигне во услови на ниски температури.
Спасувачите во Турција и Сирија работеа во текот на ноќта меѓу 7 и 8 февруари, надевајќи се дека ќе најдат повеќе преживеани меѓу урнатините по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, убивајќи илјадници луѓе.
8/15Членови на спасувачки тим пребаруваа и во текот на ноќта во Адана, Турција, барајќи преживеани сè уште заробени во урнатините.
Спасувачите во Турција и Сирија работеа во текот на ноќта меѓу 7 и 8 февруари, надевајќи се дека ќе најдат повеќе преживеани меѓу урнатините по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, убивајќи илјадници луѓе.
9/15Во раните утрински часови, холандските спасувачки тимови успеале да ја спасат оваа Турчинка во Хатај на 8 февруари.
Спасувачите во Турција и Сирија работеа во текот на ноќта меѓу 7 и 8 февруари, надевајќи се дека ќе најдат повеќе преживеани меѓу урнатините по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, убивајќи илјадници луѓе.
10/15Волонтерите беа емотивни додека учествуваа во потрагата и спасувањето во Хатај.
Спасувачите во Турција и Сирија работеа во текот на ноќта меѓу 7 и 8 февруари, надевајќи се дека ќе најдат повеќе преживеани меѓу урнатините по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, убивајќи илјадници луѓе.
11/15Оваа жена - сликана како прима кардиопулмонална реанимација откако беше извадена од урнатините - почина подоцна од повредите.
Спасувачите во Турција и Сирија работеа во текот на ноќта меѓу 7 и 8 февруари, надевајќи се дека ќе најдат повеќе преживеани меѓу урнатините по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, убивајќи илјадници луѓе.
12/15Со многу уништени домови, многу луѓе беа принудени да спијат на улиците како ова семејство во Дијарбекир.
Спасувачите во Турција и Сирија работеа во текот на ноќта меѓу 7 и 8 февруари, надевајќи се дека ќе најдат повеќе преживеани меѓу урнатините по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, убивајќи илјадници луѓе.
13/15Луѓето во спортска сала во Кахраманмарас ги идентификуваат жртвите кои загинаа од земјотресот.
Спасувачите во Турција и Сирија работеа во текот на ноќта меѓу 7 и 8 февруари, надевајќи се дека ќе најдат повеќе преживеани меѓу урнатините по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, убивајќи илјадници луѓе.
14/15Жена се расплака пред спортската сала.
Спасувачите во Турција и Сирија работеа во текот на ноќта меѓу 7 и 8 февруари, надевајќи се дека ќе најдат повеќе преживеани меѓу урнатините по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, убивајќи илјадници луѓе.
15/15Волонтери дистрибуираат помош во Антакија, јужна Турција.
Шефот на Светската здравствена организација рече дека спасувачките напори се во трка со времето, при што шансите за пронаоѓање преживеани се намалуваат од минута и во минута.
Спасувачите во Турција и Сирија работеа во текот на ноќта меѓу 7 и 8 февруари, надевајќи се дека ќе најдат повеќе преживеани меѓу урнатините по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, убивајќи илјадници луѓе.
Previous slide
Next slide
Опишувајќи го земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала како „црн лебед“, појава толку непредвидлива или неверојатна што може да има екстремни последици, тој рече дека сè уште не е јасно дали би можеле да се одржат избори дури и во најтешко погодените региони.
Политичките противници на Ердоган не побрзаа да направат политички капитал веднаш по земјотресот, бидејќи луѓето остануваат заробени под зградите, а бројот на жртвите се зголемува.
Шестпартиската опозиција соопшти само дека владата треба да работи „без дискриминација“ за справување со катастрофата што ги погоди регионите, вклучувајќи ги курдските заедници и сириските бегалци.
Но, Угур Појраз, генерален секретар на централно-десничарската националистичка партија ИЈИ, изјави дека ги обиколил сериозно погодените области и од вторникот наутро не видел спасувачки работници.
„Дефинитивно нема професионална координација за помош“, изјави тој за Ројтерс. Граѓаните и локалните екипи сами се приклучуваат на спасувачките операции за да ги спасат луѓето во урнатините.
Властите велат дека повеќе од 12.000 лица за пребарување и спасување и уште 9.000 војници се во акција.
„На тесни избори, одговорот на владата на вонредната состојба може да ги поколеба клучните гласачи, иако веројатно нема да ги поколеба посветените поддржувачи на која било страна“, вели Хаснаин Малик, експерт од Дубаи.
„Одговорот на владата на Ердоган на оваа природна катастрофа може да го обликува ставот на неопределениот гласач, но лојалноста на повеќето гласачи е веќе одредена“.
Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.