Достапни линкови

Потрес во сеизмолошката мрежа - ќе остане без опрема за мерење земјотреси

Илустрација
Илустрација

Сеизмолошката опсерваторија може да остане без 13 станици за мерење земјотреси бидејќи завршува меѓународен проект. Таа е единствена која е овластена да ја одржува сеизмолошката мрежа во Северна Македонија. Што значи овој проблем за државата и што треба да стори власта?

Овде секој ден ни е различен, не знаеме што нѐ чека кога ќе дојдеме на работа – дали ќе има земјотрес или не, дали ќе ни се смени тоа што сме планирале да го работиме дента или не. Мерењето земјотрес е рутинско, но ништо друго не е. Да одредиш од каде потекнува, што се случило, што се поместило, дали влијаело на градбите или не.

Вака младиот истражувач, Љупчо Јованов за Радио Слободна Европа (РСЕ) ја опишува својата работа во Сеизмолошката лабораторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје.

Кога во ковид-пандемијата со диплома по форензичка физика тој не можел да најде работа, ја искористил шансата и се преориентирал. Денес е магистер по физика и е еден од само тројцата млади истражувачи во Сеизмолошката опсерваторија. Покрај нив, таму работат уште тројца доктори на науки – сеизмолози.

Потребата од стручен кадар како овие млади научници и искусни сеизмолози, е предизвик со години, но сега во Сеизмолошката опсерваторија се вклучи уште еден аларм. На почетокот на 2026 година и овие што сега се вработени, можеби нема да може да мерат земјотреси затоа што без опрема ќе останат 13 сеизмолошки станици низ државата.

Оваа институција е единствената во Северна Македонија која е задолжена и овластена да ја одржува сеизмолошката мрежа, да ја набљудува и анализира сеизмичката активност, да ги проценува сеизмичките ризици, да ја ажурира картата на земјотресна реонизација, да врши меѓународна размена на податоците, потенцира нејзината раководителка, професорката Катерина Дрогрешка во разговор со РСЕ.

Покрај тоа, незавидна би била состојбата и од аспект на градбите и ризиците по безбедноста на граѓаните.

„Податоците од набљудуваната сеизмичка активност кои се добиваат од сеизмолошките станици и нивната обработка, понатаму се архивираат и проследуваат кон наредни институции со цел континуирано надградување на картите на хазард и ризик што се користат во градежништво итн.“, додава Дрогрешка.

Зошто државата може да остане без телеметриска мрежа?

На почетокот на 2026-та година во Северна Македонија завршува тригодишната меѓународна иницијатива за следење на движењето на Јадранската микроплоча – AdriaArray. Овој проект го спроведува организацијата ORFEUS (Observatories and Research Facilities for European Seismology), чија мисија е да ја промовира сеизмологијата во Европско-медитеранската област.

Во рамки на проектот, се опремени 13 сеизмолошки станици во Северна Македонија со кои се следат земјотресите односно сеизмичката активност во цела држава, во пограничните регион итн.

А, токму овие 13 станици во моментов ја сочинуваат телеметриската мрежа на Сеизмолошката опсерваторија, вели раководителката Дрогрешка.

Завршувањето на проектот, ќе значи и повлекување на опремата.

Опремување на 10 станици колку една година патни трошоци за пратениците

За да се надмине оваа ситуација, на Сеизмолошката лабораторија ќе и биде потребна нова опрема.

„Да се нарача и инсталира една комплетна сеизмолошка станица, чини околу 30.000 евра. За целосна покриеност на Државата потребни се 10 сеизмолошки станици. Поддршка од Природно-математичкиот факултет имаме, но факултетот не може да ги обезбеди овие станици“, вели раководителката Дрогрешка.

Ваквите пресметки би значеле дека за да се опремат 10 сеизмолошки станици потреби се околу 300.000 евра. Толку, на пример, пари од државниот буџет се одлеаја за патни трошоци на пратениците во македонското Собрание од мај 2024 до јуни 2025 година.

За повисока сума – над 400.000 евра, актуелната Влада потпиша договор за изработка на софтвер за оценка и контрола на медиумското влијание, а над 380.000 евра пак потроши минатата власт за еднодневен саем „Храна и вино“ во 2022-та.

Но, во Сеизмолошката опсерваторија немало сериозни инвестиции со години, посочуваат упатените.

„Проблемот е што ние од времето на СФРЈ не сме успеале да инвестираме сериозно во оваа работа“, вели за РСЕ деканот на Природно-математичкиот факултет во Скопје, професорот Даворин Трпески.

ПМФ нема доволно пари, Владата најавува помош

И пресметките на Трпески се дека за десетина станици потребни се 300-400.000 евра. Нивното опремување, според Трпески, би значело дека проблемот би се решил за наредните 10-15 години, кога повторно би требало да се размислува за нови или за осовременување на постоечките станици.

„ПМФ ги нема тие пари. Сеизмолошката опсерваторија е од стратешки државен интерес и од тие причини и државата треба да помогне. Факултетот плаќа за одржување на станиците, на Опсерваторијата, на софтверот, покрива некои помали инвестиции. Но, ние немаме 400.000 евра за да финансираме опремување на станици“, вели Трпески.

Тој посочува дека со проблемот се запознаени и Министерството за образование и наука и други надлежните институции и вели од таа страна наишле на „некое разбирање“ и се „даваат некои надежи“ за обезбедување финансии.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, претходно излезе со оптимистички очекувања дека Сеизмолошката опсерваторија ќе може да набави дел од опремата преку проект со кој аплицирала на повикот за научно-истражувачки проекти објавен од МОН, односно Владата.

„Според информациите кои ги добивам од комисијата, многу се големи изгледите тие [Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ] да го добијат овој проект, со што ќе се обезбедат дел од средствата за да се набават одреден број инструменти. Ако тоа биде така, малку од малку нешто ќе покриеме, а потоа продолжуваме да го решаваме проблемот за кој сметам дека е ургентен и многу значаен“, истакна Јаневска на 5 август.

Најсмртоносните земјотреси во светот од изминатите 25 години

Луѓето седат околу оган до местото на урната зграда како последица на земјотресот во Караманмарас, Турција, на 8 февруари 2023 година.

Земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што срамни илјадници згради во Турција и Сирија на 6 февруари беше еден од најсмртоносните во светот во повеќе од една деценија, со над 33.000 загинати.
1/16 Луѓето седат околу оган до местото на урната зграда како последица на земјотресот во Караманмарас, Турција, на 8 февруари 2023 година.

Земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што срамни илјадници згради во Турција и Сирија на 6 февруари беше еден од најсмртоносните во светот во повеќе од една деценија, со над 33.000 загинати.
Во земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари загинаа повеќе од 34.000 луѓе, а бројот на жртвите се очекува дополнително да се зголеми. Најсмртоносните земјотреси во последните 25 години.
Авганистанци во област погодена од земјотрес во провинцијата Хост, Авганистан, на 26 јуни 2022 година.

Во земјотресот со јачина од 6,1 степен на 22 јуни загинаа повеќе од 1.100 луѓе.

2/16 Авганистанци во област погодена од земјотрес во провинцијата Хост, Авганистан, на 26 јуни 2022 година.

Во земјотресот со јачина од 6,1 степен на 22 јуни загинаа повеќе од 1.100 луѓе.

Во земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари загинаа повеќе од 34.000 луѓе, а бројот на жртвите се очекува дополнително да се зголеми. Најсмртоносните земјотреси во последните 25 години.
Воздушен поглед на хотелот Ле Мангвие, уништен од земјотрес во Лес Каје, Хаити, на 14 август 2021 година.

Повеќе од 2.200 луѓе загинаа во земјотресот со јачина од 7,2 степени.
3/16 Воздушен поглед на хотелот Ле Мангвие, уништен од земјотрес во Лес Каје, Хаити, на 14 август 2021 година.

Повеќе од 2.200 луѓе загинаа во земјотресот со јачина од 7,2 степени.
Во земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари загинаа повеќе од 34.000 луѓе, а бројот на жртвите се очекува дополнително да се зголеми. Најсмртоносните земјотреси во последните 25 години.
Поглед на џамијата Бајтуррахман, која беше погодена од цунами по земјотресот во Западен Палу, Централен Сулавеси, Индонезија, на 30 септември 2018 година.

Земјотресот со јачина од 7,5 степени на 28 септември предизвика цунами во кое загинаа околу 4.300 луѓе.
4/16 Поглед на џамијата Бајтуррахман, која беше погодена од цунами по земјотресот во Западен Палу, Централен Сулавеси, Индонезија, на 30 септември 2018 година.

Земјотресот со јачина од 7,5 степени на 28 септември предизвика цунами во кое загинаа околу 4.300 луѓе.
Во земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари загинаа повеќе од 34.000 луѓе, а бројот на жртвите се очекува дополнително да се зголеми. Најсмртоносните земјотреси во последните 25 години.
Непалец плаче додека шета низ остатоците од земјотресот во Бактапур, во близина на Катманду, Непал, на 26 април 2015 година.

Земјотресот од 25 април со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала резултираше со смрт на повеќе од 8.800 луѓе.
5/16 Непалец плаче додека шета низ остатоците од земјотресот во Бактапур, во близина на Катманду, Непал, на 26 април 2015 година.

Земјотресот од 25 април со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала резултираше со смрт на повеќе од 8.800 луѓе.
Во земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари загинаа повеќе од 34.000 луѓе, а бројот на жртвите се очекува дополнително да се зголеми. Најсмртоносните земјотреси во последните 25 години.
Моментот кога цунами пробива насип и се влева во градот Мијако во префектурата Ивате на 11 март 2011 година, кратко време по земјотресот со јачина од 9 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот на северна Јапонија.

Повеќе од 18.400 луѓе загинаа по најсилниот земјотрес во историјата на Јапонија.
6/16 Моментот кога цунами пробива насип и се влева во градот Мијако во префектурата Ивате на 11 март 2011 година, кратко време по земјотресот со јачина од 9 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот на северна Јапонија.

Повеќе од 18.400 луѓе загинаа по најсилниот земјотрес во историјата на Јапонија.
Во земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари загинаа повеќе од 34.000 луѓе, а бројот на жртвите се очекува дополнително да се зголеми. Најсмртоносните земјотреси во последните 25 години.
Разурнатата претседателска палата по земјотресот во Порт-о-Пренс, Хаити, на 12 јануари 2010 година.

Владата на Хаити проценува дека земјотресот со јачина од 7 степени предизвикал смрт на неверојатни 316.000 луѓе.
7/16 Разурнатата претседателска палата по земјотресот во Порт-о-Пренс, Хаити, на 12 јануари 2010 година.

Владата на Хаити проценува дека земјотресот со јачина од 7 степени предизвикал смрт на неверојатни 316.000 луѓе.
Во земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари загинаа повеќе од 34.000 луѓе, а бројот на жртвите се очекува дополнително да се зголеми. Најсмртоносните земјотреси во последните 25 години.
Повредените од смртоносниот земјотрес што ја погоди провинцијата Сечуан еден ден претходно седат на урнатините и чекаат помош во Беичуан, Кина, на 13 мај 2008 година.

Земјотресот со јачина од 7,9 степени резултираше со над 87.500 смртни случаи.

8/16 Повредените од смртоносниот земјотрес што ја погоди провинцијата Сечуан еден ден претходно седат на урнатините и чекаат помош во Беичуан, Кина, на 13 мај 2008 година.

Земјотресот со јачина од 7,9 степени резултираше со над 87.500 смртни случаи.

Во земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари загинаа повеќе од 34.000 луѓе, а бројот на жртвите се очекува дополнително да се зголеми. Најсмртоносните земјотреси во последните 25 години.
Мажи од Индонезија шетаат во близина на урнатините на продавниците во областа Имогири во Бантул, во близина на Јогјакарта, 28 мај 2006 година.

Земјотресот со јачина од 6,3 степени на 27 мај резултираше со смрт на повеќе од 5.700 луѓе.
9/16 Мажи од Индонезија шетаат во близина на урнатините на продавниците во областа Имогири во Бантул, во близина на Јогјакарта, 28 мај 2006 година.

Земјотресот со јачина од 6,3 степени на 27 мај резултираше со смрт на повеќе од 5.700 луѓе.
Во земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари загинаа повеќе од 34.000 луѓе, а бројот на жртвите се очекува дополнително да се зголеми. Најсмртоносните земјотреси во последните 25 години.
Луѓето се собираат околу местото каде што се урна зграда во Исламабад на 8 октомври 2005 година.

Во земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтер загинаа над 80.000 луѓе во пакистанската област Кашмир.
10/16 Луѓето се собираат околу местото каде што се урна зграда во Исламабад на 8 октомври 2005 година.

Во земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтер загинаа над 80.000 луѓе во пакистанската област Кашмир.
Во земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари загинаа повеќе од 34.000 луѓе, а бројот на жртвите се очекува дополнително да се зголеми. Најсмртоносните земјотреси во последните 25 години.
Лени и Маси плачат за нивните мртви роднини во Гунунг Ситоли, Индонезија, на 31 март 2005 година.

Во земјотресот со јачина од 8,6 степени на 28 март загинаа околу 1.300 луѓе.
11/16 Лени и Маси плачат за нивните мртви роднини во Гунунг Ситоли, Индонезија, на 31 март 2005 година.

Во земјотресот со јачина од 8,6 степени на 28 март загинаа околу 1.300 луѓе.
Во земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари загинаа повеќе од 34.000 луѓе, а бројот на жртвите се очекува дополнително да се зголеми. Најсмртоносните земјотреси во последните 25 години.
Осамена џамија стои меѓу оштетувањата на крајбрежното село во близина на Ачех, Суматра, Индонезија, на 4 јануари 2005 година.

Земјотресот со јачина од 9,1 степени според Рихтеровата скала во Индонезија на 26 декември предизвика цунами во Индискиот Океан, при што загинаа околу 230.000 луѓе во десетина земји.
12/16 Осамена џамија стои меѓу оштетувањата на крајбрежното село во близина на Ачех, Суматра, Индонезија, на 4 јануари 2005 година.

Земјотресот со јачина од 9,1 степени според Рихтеровата скала во Индонезија на 26 декември предизвика цунами во Индискиот Океан, при што загинаа околу 230.000 луѓе во десетина земји.
Во земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари загинаа повеќе од 34.000 луѓе, а бројот на жртвите се очекува дополнително да се зголеми. Најсмртоносните земјотреси во последните 25 години.
Иранци укажуваат на различни локации на уништената 3.000-годишна цитадела Бам во Иран на 26 декември 2003 година.

Земјотресот со јачина од 6,6 степени резултираше со повеќе од 20.000 жртви.
13/16 Иранци укажуваат на различни локации на уништената 3.000-годишна цитадела Бам во Иран на 26 декември 2003 година.

Земјотресот со јачина од 6,6 степени резултираше со повеќе од 20.000 жртви.
Во земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари загинаа повеќе од 34.000 луѓе, а бројот на жртвите се очекува дополнително да се зголеми. Најсмртоносните земјотреси во последните 25 години.
Човек стои меѓу урнатините од неговата куќа, која се урна по земјотресот во алжирскиот град Бумердес, Алжир, на 23 мај 2003 година.

Во земјотресот со јачина од 6,8 степени на 21 мај загинаа повеќе од 2.200 луѓе.
14/16 Човек стои меѓу урнатините од неговата куќа, која се урна по земјотресот во алжирскиот град Бумердес, Алжир, на 23 мај 2003 година.

Во земјотресот со јачина од 6,8 степени на 21 мај загинаа повеќе од 2.200 луѓе.
Во земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари загинаа повеќе од 34.000 луѓе, а бројот на жртвите се очекува дополнително да се зголеми. Најсмртоносните земјотреси во последните 25 години.
Воздушен поглед го покажува уништувањето во градот Анџар, Индија, на 30 јануари 2001 година.

Во земјотресот со јачина од 7,6 степени на 26 јануари загинаа дури 20.000 луѓе.
15/16 Воздушен поглед го покажува уништувањето во градот Анџар, Индија, на 30 јануари 2001 година.

Во земјотресот со јачина од 7,6 степени на 26 јануари загинаа дури 20.000 луѓе.
Во земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари загинаа повеќе од 34.000 луѓе, а бројот на жртвите се очекува дополнително да се зголеми. Најсмртоносните земјотреси во последните 25 години.
Човек седи во близина на урнатините од неговата куќа во Голџук, на околу 150 километри источно од Истанбул, по земјотресот на 19 август 1999 година.

Во земјотресот со јачина од 7,6 степени на 17 август загинаа околу 18.000 луѓе.

16/16 Човек седи во близина на урнатините од неговата куќа во Голџук, на околу 150 километри источно од Истанбул, по земјотресот на 19 август 1999 година.

Во земјотресот со јачина од 7,6 степени на 17 август загинаа околу 18.000 луѓе.

Во земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари загинаа повеќе од 34.000 луѓе, а бројот на жртвите се очекува дополнително да се зголеми. Најсмртоносните земјотреси во последните 25 години.
Previous slide
Next slide

Од Владата за РСЕ, пак, посочуваат дека доколку проектот не биде прифатен, заедно со Министерството ќе бараат средства за со цел да помогнат да се подобри состојбата.

„Секако, бидејќи се дел од Универзитетот ’Кирил и Методиј‘, Универзитетот исто така може и треба да даде свој придонес“, додаваат од Владата.

Проблемот со млад кадар ќе остане

А, и кога би се надминал и овој „ургентен проблем“ со опремата – како што го нарече Јаневска, стариот проблем со недостаток на кадар ќе остане.

Од Владата обвинувајќи ја претходната владејачка гарнитура за „девастација на институциите“, велат дека постојано комуницираат со универзитетите и ќе се заложат за кадровско екипирање и во однос на сеизмологијата.

Кадрите за оваа област се образуваат на студиските програми за физика, конкретно на геофизика и метеорологија. Меѓутоа, физиката воопшто со години не е атрактивна за младите.

Младиот истражувач Љупчо Јорданов, гледа повеќе причини – од комплексноста на науката до ангажманот што го бараат студиите до атрактивноста на програмите.

„Но, и сите сме свесни дека во нашата држава и немаме некој посебен избор за работни места со физика. Мислам дека тоа е главната причина“, вели Јорданов.

Деканот на ПМФ, пак, посочува дека неатрактивноста на физиката „не е само кај нас“.

„Колегите од Физика кажуваат дека не е карактеристика само за Македонија и Балканот, туку општо нема голем интерес и низ Европа каде многу побогати земји издвојуваат и дополнители финансии за да ги стимулираат студентите“, вели Талески.

На сите пет студиски програми за физика, како што посочува, лани се запишале само 14 студенти. Но, уште поголем проблем е што и тие што ги има заминуваат во странство и тоа најчесто се најдобрите студенти во генерацијата.

„Само јас сум сведок дека последните години си заминаа пет-шест одлични студенти кои би требало ние да ги задржиме кај нас, како асистенти, а потоа и како професори, да придонесат за Универзитетот и факултетот. Не ни требаат кампањски решенија, да речат еве пет работни места за физика. Дајте ни едно-две сега, другите следните години, етапно за да може да ги задржиме најдобрите“, посочува Талески.

За академската година 2025/2026 на вкупно шест програми за физика на Природно математичкиот факултет во Скопје има место за 90 нови студенти од кои за геофизика и метеорологија се 20. Има три уписни рока. Првиот е на 19 и 20 август. Но, на ПМФ, велат, уште сега знаат дека нема да се пополнат.

• 16x9 Image

Александар Самарџиски

Александар Самарџиски ја започнал новинарската кариера во дневниот весник „Нова Македонија“ во 2014 година. Потоа работел како новинар во порталот „Плусинфо“ и во интернет-изданието на „360 степени“. Од септември 2023 година работи како новинар во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG