Достапни линкови

Од понуда за работа во Турција до жртва на трговија со луѓе


Дајана К. во разговор со новинарите на Курент тајм
Дајана К. во разговор со новинарите на Курент тајм

Дијана К. од Киргистан, обвини три жени дека ја намамиле во трговија со луѓе. Прво и понудиле работа во Турција, а кога стигнала таму сфатила дека била измамена. Нејзината наивност ја чинело развод и борба за старателство над децата.

Дијана К. мислела дека добила добра понуда за работа во Турција. Сепак подоцна, ќе се излезе дека тоа било само лага за да се намами 26-годишната домаќинка од јужен Киргистан во сексуално ропство.

Дијана, која не сакаше да го открие своето презиме, обвини три жени од Киргистан дека ја намамиле во трговија со луѓе, што се обидела да и го докаже на полицијата.

Прво и пришла една познаничка Шахзада, која ккао што раскажува вели Дијана и се обидела да ја убеди оваа мајка на две деца дека треба да најде работа за да си ја подобри тешката финансиска состојба.

„Таа ме праша: „Зошто остануваш дома без работа? Ајде да одиме во странство каде што можеш да заработиш пари за да купиш куќа“, изјави Дијана за Current Time.

„Потоа таа ми го даде телефонскиот број на нејзината пријателка Мавлуда, која подоцна ме контактираше и ми рече да дојдам во Истанбул, ветувајќи ми добро платена работа таму“.

Дијана, која живее во градот Ош, вели дека завршила средно училиште, но немала „соодветна работа“.

Семејството зависело од приходите на нејзиниот сопруг, кој работи како печалбар во Москва.

Таа решила да ја прифати понудата на Мавлуда да работи како негувателка на една постара Турчинка за околу 300 долари месечно.

Понудата не изгледала сомнителна. Турција е популарна дестинација за Киргистанките, од кои повеќето се вработени како негуватели, дадилки и домашни помошнички за турските семејства.

Дијана вели дека сфатила дека станала жртва на трговци со луѓе дури откако во февруари пристигнала во Истанбул. На аеродромот во Истанбул ја пречека трета жена, Умида, која ја однела Дијана во една куќа во градската населба Кумкапи.

„Кога се разбудив наутро, видов дека од чантата ми недостасува пасош. Умида рече дека ми ги земала документите. Додаде дека ме „купила“ од Мавлуда за многу пари и дека морам да ги вратам. Тогаш во собата влегоа двајца млади момчиња и почнаа да ме дават, се заканија дека ќе убијат ако не работам за да ги вратам парите. Рекоа дека никој никогаш нема да го најде моето тело“, раскажува младата Киргистанка.

Дијана била шокирана и исплашена. Таа немала документи и не познавала никого во Турција. Една недела подоцна успеала да побегне со „помош на странец“ и стапила во контакт со полицијата.

Таа не открива многу детали за нејзиното бегство, само рече дека Киргистанскиот конзулат во Истанбул и помогнал да се врати дома.

Дијана денеска е во родниот Ош, но вели дека не може да се врати на стариот живот. Нејзиниот сопруг поднел барање за развод и не одговара на нејзините телефонски повици. Тој бара старателство над нивните деца.

Дијана сега живее со своите родители. Нејзината сестра Алина вели дека шокантното искуство „целосно ја променило и уништило“ нејзината помлада сестра.

„Никогаш не сум ја видел во таква состојба“, вели сестрата Алина.

Недоволно докази за покренување истрага

Сакајќи да ги изведе своите трговци пред лицето на правдата, Дијана поднела пријава до полицијата во Ош.

Сепак, по првичната истрага, полицискиот оддел на провинцијата Ош одлучи да не преземе ништо поради недостиг на докази.

„На 20 февруари, тужителката полета од аеродромот во Ош на работа во Турција. Потоа беше депортирана во Киргистан. Таа тврдеше дека М., државјанка на Киргистан, ја продала за сексуално ропство“, рече портпаролката на полицијата Нурпери Абдулаева.

Портпаролка на полицијата во Ош, Нурпери Абдулајев
Портпаролка на полицијата во Ош, Нурпери Абдулајев

Дијана рече дека се обвинува себеси за грешката што ја чинеше брак и претходниот живот.

„Се срамам од себе. Нема да можам да гледам во очите на мојот сопруг, не можам да гледам во очите на моите деца. Се срамам што ми се случи ова и што не можев да се борам за себе", вели Дијана.

Жените кои заминуваат на работа во странство е актуелна тема во Киргистан во изминатата деценија, бидејќи бројот на мигранти е во пораст.

Минатиот месец, двајца конзервативни киргистански пратеници предложија владата да ги ограничи самохраните жени помлади од 23 години да патуваат сами во странство за работа.

Политичарите Надира Нарматова и Шаилобек Атазов тврдат дека младите жени често се соочуваат со експлоатација како печалбари.

Од МНР одговорија дека со воведувањето на вакви ограничувања за патување ќе се прекршат Уставот и правата на жените.

Слични повици на пратениците во минатото наидоа на осуда и протести од страна на активистите за правата на жените.

XS
SM
MD
LG