Достапни линкови

Вести

Во силен земјотрес на Филипините две лица загинаа, десетици се повредени

Најмалку две лица загинаа, а десетици се повредени денеска во силниот земјотрес на северот на Филипините, каде што земјотресот предизвика мали лизгања на земјиштето и оштети згради. Земјотресот со сила од седум степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Абра во планинската област, соопшти Институтот за вулканологија и сеизмологија. Едно лице почина во својата куќа во Абра, каде што најмалку 25 лица се повредени и се пренесени во болница. Градежен работник загина во урнатините во планинскиот град Ла Тринидад во провинцијата Бенге, каде што одроните на камења блокираа неколку патишта.

Силен земјотрес во Иран, петмина мртви и над 40 повредени

Земјотресот е предизвикан од движење во раседот на тектонски плочи на длабочина од 25 километри, соопшти институтот, додавајќи дека се очекуваат нови последователни потреси. Американскиот геолошки институт ја измери силата на земјотресот на 7 степени, а длабочината на 10 километри.

види ги сите денешни вести

Тајван спроведе воена вежба во услови на високи тензии со Пекинг

Воени вежби на Тајван

Тајван денеска спроведе воена вежба со боева муниција, еден ден откако соседна Кина ги заврши големите вежби во Тајванскиот теснец. Во вежбата на Тајван, која траеше околу еден час, беа вклучени стотици војници и артилериски оган во најјужниот регион на островот. Слична вежба беше одржана во истата област на 9 август. Тајванската војска соопшти дека двете вежби биле претходно закажани и не биле одржани како одговор на дејствијата на Пекинг.

Тајванскиот министер за надворешни работи се загрижи дека Кина може да започне војна

Тензиите во областа се разгореа во минатата недела кога претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, предводеше делегација на Конгресот во Тајван, станувајќи највисокиот американски функционер што го посетил островот во последните децении. Кина тврди дека Тајван е „одметничка провинција“ и одбива да се откаже од употребата на воена сила за да ја врати контролата врз островот. Односите се особено затегнати од 2016 година кога Цаи Инг-вен стана претседател на Тајван на платформа која не ги признава тврдењата на Пекинг.

Инфлацијата во Македонија 10,9 насто, главно поради цените на храната и енергијата

трошоците на живот во јули годинава во однос на јули лани се зголемени за 16 отсто

Просечна инфлација во периодот јануари – јули годинава изнесува 10,9 насто, за што најголем удел од три четвртини, имаат зголемените цени на храната и енергијата. Од Народната банка објаснуваат дека динамиката на инфлацијата и натаму главно е одраз на фактори на страната на понудата, односно на порастот на увозните цени на храната и енергијата, вклучително и на домашната цена на електрична енергија, која е под влијание на случувањата во глобалниот пазар на енергија. Со оглед на долготрајноста на овие трендови неопходно е водење претпазливи домашни политики.

Животот поскапе за 100 евра месечно во однос на лани

Сепак, месечната промена на потрошувачките цени покажува одредено забавување, а голем дел од месечниот раст се должи и на донесената одлука за промени во регулираната цена на електричната енергија. Воедно, годишната динамика на базичната инфлација остана стабилна. Исто така, најновите податоци и очекувања на светските пазари навестуваат постепено стивнување на ценовните притисоци, односно очекувањата за цените на храната се ревидирани надолу, додека кај цените на нафтата се очекува стабилизирање на крајот на 2022 година, а потоа и нивно намалување.

ССМ: Минималните животни трошоци во јули над 47 илјади денари

Ризиците на страната на понудата, особено во поглед на идните движења на цените на енергијата и храната и натаму се значително изразени поради воените случувања во Украина. Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на живот во јули годинава во однос на јули лани се зголемени за 16 отсто, а цените на мало бележат раст од 14 проценти. Во однос на јуни годинава, пак, трошоците на живот пораснале за 1,9, а цените на мало за 2,5 отсто.

Данска ќе обучува украински војници во Британија

украински војници

Данска ќе испрати воени инструктори во Британија за да ги обучуваат украинските војници, а исто така има за цел да ги обучи украинските офицери во Данска, изјави данскиот министер за одбрана пред денешната конференција во Копенхаген на која се очекува британските, данските и украинските министри за одбрана да разговараат за долгорочна поддршка за Украина, вклучително и воена обука, чистење мини и снабдување со оружје.

Русија ги додаде Хрватска, Данска, Грција, Словачка и Словенија на листата на „непријателски земји“

„За кратко време, Данска испраќа 130 воени инструктори на британски проект за обука“, изјави министерот за одбрана Мортен Бодсков, наведувајќи дека инструкторите ќе им обезбедат основна воена обука, вклучително и урбани борбени и тактички операции, на украинските војници со ограничено воено искуство. Данска, исто така, ќе обучува украински воен персонал на своја територија, додаде Бодсков, велејќи дека првиот чекор ќе биде едукација на воени офицери.

Состанок на Советот за безбедност на ОН за нуклеарката во Запорожје

Советот за безбедност на ОН

Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи итен состанок на кој ќе разговара за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје во Украина, додека Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за бомбардирање на таа локација. Извори блиски до актуелното кинеско претседателство со Советот за безбедност изјавија дека состанокот е закажан за 11 август во 15:00 часот по локално време. Други дипломатски извори наведоа дека средбата на претставниците на 15-те земји членки на Советот за безбедност ќе се одржи денеска попладне на барање на Русија.

Русија бара состанок на Советот за безбедност на ОН за украинската нуклеарна централа

Русија има право на вето, како и постојаните членки на Советот за безбедност на ОН, а тоа се Кина, САД, Франција и Британија. Најмалку 14 лица загинаа во неодамнешните воздушни напади во близина на нуклеарната централа Запорожје, која беше преземена од руските сили. Групата од седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7) вчера ја обвини Русија дека го загрозува регионот околу Запорожје и побара враќање на електраната на Украина. Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за воздушните напади.

Сателитските снимки покажуваат огромно уништување во руската воздухопловна база на Крим

Воздухопловната база Саки

Руската воздухопловна база на анектираниот украински полуостров Крим претрпе масовно уништување во неколку експлозии на 9 август, покажуваат сателитски снимки. Воздухопловната база Саки на руската морнарица во близина на селото Новофедоривка загубила најмалку девет воени авиони, вклучувајќи ловци СУ-30СМ и бомбардери СУ-24М, покажува анализата на РСЕ на снимките објавени од Планет Лабс. Уништени се и неколку згради на базата во кои можеби имало муниција. Русија ја користи воздухопловната база Саки, која се наоѓа на западната страна на Крим, за редовно да напаѓа на украинска територија откако започна инвазија на земјата на 24 февруари. Не се знае точната причина за експлозиите на 9 август.

Во експлозии на воен аеродром во Крим загина 1 лице, 5 се повредени

Неименувани украински официјални лица изјавија за американските медиуми дека нивните вооружени сили се одговорни за експлозиите, но не дадоа дополнителни детали. Руското Министерство за одбрана негираше дека базата била нападната, обвинувајќи ги за експлозиите „прекршување на правилата за заштита од пожари“. Сепак, сателитските снимки од 10 август покажуваат неколку големи кратери со слична големина што укажува дека бил погоден од повеќекратни удари. Воените аналитичари го нарекоа уништувањето огромен удар за Русија и психолошка победа за Украина. Според сателитските снимки на 9 август во базата имало дури 30 воени авиони.

Бугарите ја притискаат преодната влада за независност од рускиот гас

Од протестот со барање Бугарија да го продолжи патот кон независност од рускиот гас.

Стотици луѓе учествуваа на вториот протест со барање Бугарија да го продолжи патот кон независност од рускиот гас. Демонстрантите се собраа пред претседателската зграда во Софија и рекоа дека сакаат сегашната преодна влада на земјата да го отфрли рускиот гас и да ја задржи прозападната политика на поранешна влада. „Одбиваме да бидеме зависни од Гаспром и да ја финансираме срамната војна на Путин!“, гласеше еден од транспарентите на протестот, кој се однесува на војната во Украина. Атанас Шарков, еден од организаторите на протестот, инсистираше на тоа дека Гаспром мора да престане да биде единствениот снабдувач на гас на Бугарија.

Дали со привремената влада Бугарија ќе се врати во руската орбита?

„Крајно време е да ги следиме европските политики и да бидеме дел од Европа“, рече Шарков. Тој го повика и претседателот Румен Радев, кој ја именуваше преодната влада, да гарантира дека нема да се ревидираат претходните одлуки. Преодната влада на 2 август положи заклетва да ја води земјата-членка на ЕУ до предвремените избори закажани за 2 октомври. Претходната коалициска влада на прозападниот премиер Кирил Петков падна на крајот на јуни по нешто повеќе од половина година на власт. Таа беше соборена делумно поради нејзиниот цврст став против руската инвазија на Украина и откако Петков одби да му плати на Гаспром во рубљи, што ја натера Русија да го запре директниот извоз на гас во Бугарија.

Времето денеска: претпладне сончево, попладне нестабилно

Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Дневната температура ќе се движи од 21 до 34 степени. Во Скопје и околината слично време, со температура до 29 степени.

Тешка сообраќајка на патот Удово-Гевгелија, повредени 29 мигранти

Илустрација - Архивска фотографија од екипа на сообраќајната полиција на терен

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва на патот Удово-Гевгелија, во која, според првичните информации на МИА, се повредени триесетина мигранти.

„Добивме повик за повредени поголем број на мигранти, 29 лица. Наводно, биле сместени во камион, околу педесетина биле, такви ни се првичните информации, рекоа од Брза помош Кавадарци. Кавадаречката итна медицинска помош била повикана да интервенира и да прифати дел од повредените, исто како и неготинската“, објави МИА, повикувајќи се на потврда на информацијата од службите за брза помош од Кавадарци и од Неготино.

Кавадаречката служба испратила едно болничко возило. Цела екипа со санитетско возило биле испратени и од Брза помош Неготино, а службата била подготвена ако треба и дополнително да интервенира. Од МВР за МИА потврдиле дека вечерва околу 18 часот пријавено било дека товарно возило излетало од патот на клучка од селото Марвинци кон М1, на регионалниот пат Гевгелија – Демир Капија.
„Утврдено е дека се работи за товарно возило сканија со приколка со скопски таблици. Возачот се дал во бегство, а на лице место се пронајдени мигранти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ова е првично. Утре ќе има официјално“, изјавиле од МВР за МИА.

Комисијата препорача мерки за заштита од мајмунски сипаници, пациентот што се тестира не побегнал

Илустрација

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ја анализираше актуелната состојбата поврзана со појавата на суспектен случај на мајмунски сипаници во земјата и било констатирано дека сите надлежни институции се активно вклучени во процесот на епидемилошка анализа, лабораториска потврда и изолација на суспектниот случај, соопшти Министерството за здравство.

Комисијата за заразни болести притоа препорача воведување мерки изолација/карантин и тоа изолација во домашни или болнички услови на сомнителните случаи за мајмунски сипаници до нивно тестирање, изолација на потврдени случаи во домашни или болнички услови до завршување на болеста или зацелување на крастите, како и секојдневно епидемиолошко следење на контакти на потврдени случаи со мајмунски сипаници за време на траење на инкубацискиот период од 21 ден. Комисијата ја реафирмира препораката до Министерството за здравство да се преземат сите неопходни превентивни мерки.

Во меѓувреме Институтот за јавно здравје треба да го провери примерокот за тестирање на сомнителен случај на мајмунски сипаници. Пациентот е од Кичево, во добра здравствена состојба и нема потреба од хоспитализација, соопшти претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски.

„Пациентот е лоциран. Контактиран е од надлежниот епидемиолог во Битола и првичната епидемиолошка анкета е завршена. Имаме достапни тестови и во ИЈЗ треба да имаме одговор дали се работи за мајмунски сипаници“, изјави за Сител, Петличковски, а пренесе МИА.

Пациентот од Кичево пред неколку дена добил осип на телото, што е еден од симптомите на мајмунски сипаници. Денеска во дел од медиумите беше објавено дека пациентот побегнал од болницата што беше дематирано од директорот на кичевската болница.

МНР нема информации за учество на македонски државјани во војната во Украина

Министерство за надворешни работи на Република Северна Македонија

Министертво за надворешни работи вечерва соопшти дека нема информации за евентуално учество на македонски државјани во војната во Украина.

Соопштението доаѓа по објавени информации во медиумите, во кои се цитира руското Министерство за одбрана, дека меѓу странските платеници кои се борат на украинска страна имало и 72 граѓани на Северна Македонија.

Министерството за надворешни работи во соопштението наведува дека не располага со релевантни информации поврзани со евентуалното учество на македонски државјанини во војната во Украина, ниту пак дека имало загинати.

„Министерството за надворешни работи постојано и внимателно ја следи ситуацијата, преку амбасадата во Украина. Штом има нови информации јавноста ќе биде информирана“, велат од МНР, пренесува МИА.

Во медиумските извештаи беше наведено дека властите во Москва објавиле табела за, како што ги нарекуваат, странски платеници што се борат на страната на Украина и дека меѓу земјите од кои во Украина доаѓаат „платеници“ е и Северна Македонија, односно дека од почетокот на војната досега на украинска страна се бореле 79 македонски државјани од кои убиени се 26, вратени се 21, а активни на фронтот се уште 32 лица од земјава.

Исто така се вели дека меѓу земјите од има „плтеници“ во Украина се и Албанија, Хрватска, Полска, Италија, Романија, Финска, Летонија, Косово…

САД обвинија ирански оперативец за заговор за убиство на Џон Болтон

Pоранешниот советник за национална безбедност во Белата куќа, Џон Болтон.

Американското Министерство за правда подигна обвинение против член на елитната иранска Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) во врска со обид за убиство на поранешниот советник за национална безбедност во Белата куќа, Џон Болтон.

Одделот за правда ги објави обвиненијата против 45-годишниот Шахрам Пурсафи, познат и како Мехди Резаи од иранскиот главен град Техеран во соопштението објавено денеска.

Одделот соопшти дека Пурсафи „се обидел да им плати на поединци во САД 300.000 долари за да го извршат убиството“ или во Вашингтон или во соседната американска држава Мериленд.

Обвинителите рекоа дека заговорот најверојатно бил како одмазда за нападот со беспилотно летало во јануари 2020 година, во кој беше убиен Касем Сулејмани, кој беше шеф на елитните сили Кудс на ИРГЦ.

Болтон, кој служеше како советник за национална безбедност на тогашниот претседател Доналд Трамп, а исто така беше и амбасадор на САД во Обединетите нации, им се заблагодари на ФБИ и Министерството за правда за нивната работа во развојот на случајот.

Тој во изјавата рече дека иако многу не може да се каже јавно, „една точка е неспорна: владетелите на Иран се лажговци, терористи и непријатели на Соединетите држави“.

Со нов вирус заразени 35 луѓе во источна Кина

Илустративна фотографија

Научниците следат нов вирус од животинско потекло во источна Кина, кој заразил најмалку неколку десетици луѓе, јавува Би-Би-Си. Кај 35 пациенти во провинциите Шандонг и Хенан е пронајден нов хенипавирус Лангија (LayV). Многумина имале симптоми како треска, замор и кашлица. Се верува дека вирусот го добиле од животни.

Засега, нема докази дека (LayV) може да се пренесе меѓу луѓето, а истражувачите го откриле вирусот претежно кај животното ровчица. Откривањето беше истакнато во писмо напишано од истражувачи од Кина, Сингапур и Австралија и објавено во „New England Journal of Medicine“ овој месец.

Еден од истражувачите, Ванг Линфа од Медицинскиот факултет Дјук-НУС во Сингапур, за кинескиот државен Глобал Тајмс изјави дека случаите на LayV пронајдени досега не биле фатални или многу сериозни, така што „нема потреба од паника“.

Сепак, рече Ванг, сè уште има потреба од претпазливост бидејќи многу вируси кои постојат во природата имаат непредвидливи резултати кога ги инфицираат луѓето. Научниците рекоа дека LayV бил пронајден кај 27 отсто од тестираните ровчици, што укажува на тоа дека цицачите слични на крт би можеле да бидат „природни резервоари“ за вирусот.

Позитивни биле и околу 5 отсто од кучињата и 2 отсто од козите. Тајванскиот центар за контрола на болести во неделата соопшти дека посветува „големо внимание“ на развојот на LayV.

LayV е вид на хенипавирус, категорија на зоонозни вируси кои можат да се пренесат од животните на луѓето. Зоонотичните вируси се многу чести, но привлекоа поголемо внимание по почетокот на ковид пандемијата.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести објави дека научниците проценуваат дека три од секои четири нови или појавни заразни болести кај луѓето потекнуваат од животни. Обединетите нации претходно предупредија дека светот ќе гледа се повеќе вакви болести со зголемената експлоатација на диви животни и климатските промени.

Некои зоонозни вируси можат да бидат потенцијално фатални за луѓето. Тука спаѓаат вирусот Нипа, кој има периодични епидемии меѓу животните и луѓето во Азија, како и вирусот Хендра, кој првпат бил откриен кај коњите во Австралија. Други сродни хенипавируси, исто така, се пронајдени кај ровчиците, како и кај лилјаците и глодарите.

Нови 693 случаи на ковид, двајца починати

Илустративна фотографија

Во изминатото деноноќие се регистрирани 693 нови случаи на коронавирус, а двајца луѓе починале сите, соопшти Министерството за здравство.

Од новите случаи, 255 се во Скопје, во Битола – 49, Куманово – 44, Кавадарци – 42, Охрид – 32, Прилеп, Велес и Струмица – по 27, Тетово и Штип – по 24, Гевгелија и Радовиш – по 20...

Од вкупниот број на позитивни (693), регистрирани се 170 реинфекции. Направени се вкупно 1.480 тестирања.

Регистрирани сe 826 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во моментов е 4.243.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 333.360, бројката на оздравени пациенти е 319.717, на починати е 9.400.

Трамп одби да сведочи пред њујоршкото државно обвинителството

Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп

Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп денеска изјави дека се повикал на Петтиот амандман и дека нема да одговара на прашања пред државниот обвинител на Њујорк во истрагата за неговите зделки со недвижнини.

Утрото денеска Трамп дојде во канцеларијата на државната обвинителка Летиција Џејмс, но по еден час изјави дека одбива да одговори на прашањата во согласност со правата загарантирани на американските граѓани со Уставот на земјата.

Сведочењето на Трамп доаѓа само неколку дена откако агенти на ФБИ го пребараа неговиот имот во Мар-а-Лаго на Флорида, како дел од друга федерална истрага за тоа дали Трамп земал доверливи записи кога ја напуштил Белата куќа.

Граѓанската истрага во Њујорк, предводена од државниот обвинител Летиција Џејмс, вклучува наводи дека компанијата на Трамп, „Организација Трамп“, погрешно ја претставила вредноста на имотите, како на пример терените за голф и облакодерите, доведувајќи ги во заблуда кредиторите и даночните власти.

Обвинителството во мај објави дека истрагата е при крај и дека истражителите собрале значајни докази кои можат да доведат до судски спор.

Изјавата на Трамп е една од ретките преостанати парчиња што недостасуваат, соопшти обвинителството.

Џејмс во судските поднесоци рече дека нејзината канцеларија открила „значителни“ докази дека компанијата на Трамп „користела лажни или погрешни проценки на имотот за да добие различни економски придобивки, вклучувајќи заеми, осигурување и даночни олеснувања“.

Џејмс тврди дека Организацијата Трамп ја преувеличила вредноста на своите имоти за да ги импресионира заемодавачите или погрешно ја претставила вредноста на земјиштето за да го намали нејзиниот даночен товар.

Компанијата, според Џејмс, дури ја преувеличила големината на пентхаусот на Трамп на Менхетен, наведувајќи дека е речиси три пати поголем од реалната големина, а разликата во вредноста е околу 200 милиони долари.

Трамп ги отфрли обвинувањата, објаснувајќи дека барањето за најдобри проценки е вообичаена практика во индустријата за недвижнини.

Тој рече дека истрагата за јавниот обвинител Џејмс е дел од политички мотивиран „лов на вештерки“ и дека нејзината канцеларија „прави се за да го искористи своето корумпирано дискреционо право за да се меша во моите деловни зделки и политичкиот процес“.

Додека Џејмс го истражуваше овој случај против Трамп и неговата компанија, канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен долго време спроведуваше паралелна кривична истрага.

Истрагата беше отворена во 2019 година и се занимава со аферите на Трамп пред да влезе во Белата куќа.

Американското Министерство за правда, исто така, ја истражува наводната вмешаност на поранешниот претседател Доналд Трамп во напорите за поништување на изборните резултати кога бунтовниците упаднаа во американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година во обид да ја поништат изборната загуба на Трамп.

Иранската морална полиција ги предупредува производителите на облека да избегнуваат „светли“ бои

Продавница за женска облека во Иран

Иранските власти ги предупредија производителите и продавачите на женска облека дека ќе ги затворат своите бизниси доколку продолжат да користат „светли“ бои во нивните производи.

Во изјава за веб-страницата „Roydad24“, Маџид Емами, кој ја предводи Организацијата за мода и облека во Иран, го цитираше Министерството за индустрија и трговија дека производителите на женска облека би можеле да го изгубат правото да произведуваат наметки со отворена должина до колена - најчестото парче женска облека, која обично се носи преку кошула и со долги панталони или фармерки - ако не се држат до боите кои не се сметаат за „светли“, пренесува англискиот сервис на РСЕ.

„Во однос на бојата, Министерството нагласи дека производителите не треба да користат светли бои“, рече Емами.

Сепак, како што додаде, „нема наредба или пропис со кој би се разјаснило кои бои се сметаат за нелегални“.

Емами додаде дека „општеството нема проблем со ваквата облека (отворени наметки до колена во светли бои)“.

„Доколку надлежните институции сакаат да создадат ограничувања за видот на производството, прво треба да го сменат вкусот на општеството“, додаде Емами.

Оваа вест доаѓа во време на неодамнешните извештаи дека властите во Иран сè повеќе реагираат на жените за кои се верува дека ја прекршуваат својата обврска да носат хиџаб, кој е задолжителен на јавни места во Иран.

Во последниве недели, на жените за кои се смета дека не ги исполнуваат условите, им беше забранет пристапот во владините канцеларии, банките и јавниот превоз. Злогласните патроли или морална полиција стануваат поактивни и насилни. На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како полицајци приведуваат жени, ги тераат во комбиња и ги одведуваат.

Хиџабот стана задолжителен во јавноста за иранските жени и девојчиња постари од девет години по Исламската револуција во 1979 година. Многу Иранки го прекршија правилото со текот на годините и ги поместуваа границите на она што официјалните лица велат дека е прифатлива облека.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG