Достапни линкови

Вести

До МВР пристигнале 91 пријава, најмногу за агитирање

Локални избори 2021

Изборниот ден мина во мирна и демократска атмосфера, оцени министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по завршување на гласањето на локалните избори 2021.

„МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на изборниот процес. До 19 часот се бележи вкупно намалување за 40 проценти на пријавени настани во споредба со изборите во јуни 2020. Така годинава се пријавени 91 настан, а 151 настан имало лани“, рече Спасовски на прес-конференција пред седиштето на МВР.

Тој рече дека имало 42 случаи на агитирање, од кои 7 се отфрлени како неосновани, но и тука има намалување во споредба од лани кои имало 75 пријавени случаи. Има 13 пријави за изборен поткуп, од кои 5 се отфрлени, потоа 7 пријави за закани и вознемирување гласачи, 6 за сликање на гласачко ливче, 3 за излепен пропаганден материјал, по два настани за нарушување на јавен ред и мир, за снимање на просторија на гласачките места, за фотографирање на гласачи, 2 за уништување на гласачки материјал и по еден за фрлени гласачки ливчиња. Потоа имало и пријава дека гласало позитивни лице на ковид, попречување на гласање и една кривична пријава за кршење на изборен молк.

Спасовски вели дека најголем број на пријавени настани имало во СВР Скопје- 22, па Штип - 19, понатаму Куманово со 16, по што следуваат пријави во Битола, Тетово, Велес...

Пријавени се седум случаи во кои се инволвирани полициски службеници, а се однесува на агитирање при вршење службена должност, рече министерот за внатрешни работи. Од тие пријави шест се проверени, а од нив две се основани, рече Спасовски.

види ги сите денешни вести

Путин ќе ја посети Индија за да склучи договори за оружје

Рускиот претседател Владимир Путин и индискиот премиер Нарендра Моди по разговорите во Њу Делхи, 5 октомври 2018 година

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе отпатува за Индија на разговори на кои се очекува да доминираат продажбата на енергија и оружје. Посетата на средба со премиерот Нарендра Моди ќе биде само негово второ патување надвор од Русија по пандемијата на коронавирус, по јунскиот самит во Женева со американскиот претседател Џо Бајден. Патувањето доаѓа откако Индија го доби напредниот руски ракетен систем за противвоздушна одбрана С-400 во рамките на договор од 5,4 милијарди долари, што потенцијално ќе го стави Њу Делхи на крстосницата на санкциите на САД.

Ердоган сигнализира подготвеност да купи повеќе руски ракетни системи

Слично купување од страна на НАТО сојузникот Турција доведе до санкции на САД и отстранување на Анкара од програмата за борбени авиони Ф-35. Индија е членка на групата Quad со Соединетите Американски Држави, Јапонија и Австралија, која се појавува како блок за да го задржи кинеското влијание во индо-пацифичкиот регион, што го прави Њу Делхи клучен партнер за Вашингтон.

САД и Индија ќе ги зајакнуваат билатералните односи


Индија ја гледа Кина како една од нејзините најголеми безбедносни закани и двете сили со нуклеарно оружје се судрија долж нивната спорна граница на Хималаите во 2020 година, што доведе до десетици жртви од двете страни во услови на тековен ќор-сокак. Индија планира да постави С-400 во северозападниот дел на земјата, во близина на спорните граници со Кина и ривалската нуклеарна сила Пакистан. С-400 ќе бидат оперативни на почетокот на следната година. Русија е најголемиот снабдувач на оружје во Индија.

Ескобар во Скопје

Заменик помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар

Заменик помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска доаѓа во Македонија на средби со претседателот Стево Пендаровски и други функционери, соопшти Американската амбасада во Скопје. „За време на посетата, Ескобар ќе се сретне со претседателот Пендаровски и со други клучни функционери да разговараат за повеќе теми и за заедничките приоритети за регионот, наведуваат од Амбасадата на САД во објавата на фејсбук. Се очекува на средбите во Скопје да стане збор за актуелните политички случувања во земјава и во регионот, како и за евроинтеграцијата и бугарската блокадата на Северна Македонија.

Ескобар-Северна Македонија и Албанија да почнат преговори со ЕУ, во БиХ нема да има војна

Ескобар неодамна во обраќањето пред Комитетот на Претставничкиот дом за надворешна политика на САД се заложи Северна Македонија и Албанија да ги започнат преговорите со ЕУ пред крајот на годинава. „Најсилната порака што ЕУ сега може да ја испрати е да започне преговори за членство во ЕУ на Северна Македонија и Албанија пред крајот на оваа календарска година. Со тоа ќе се отфрли разочараноста на населението во регионот од европските политики и ќе се запре злонамерното влијание на Русија и Кина кои работат против проширувањето на ЕУ во Западен Балкан“, рече Ескобар. Во неодамнешното интервју за радио Слободна Европа, Ескобар изјави дека Северна Македонија и Албанија се подготвени за преговори со Европската Унија.

Аунг Сан Су Ќи осудена на четири години затвор

Аунг Сан Су Ќи

Судот под контрола на воената хунта во Мјанмар денеска ја осуди поранешната лидерка Аунг Сан Су Ќи на четири години затвор за поттикнување немири и кршење на епидемиолошките мерки наметнати поради пандемијата на коронавирусот.

По воениот удар во Мјанмар убиени најмалку 43 деца

76-годишната Аунг Сан Су Чи, која беше уапсена од армијата по државниот удар на 1 февруари, е во домашен притвор. Таа тогаш беше обвинета за корупција, бунт и изборна измама.

Почина поранешниот американски сенатор Боб Дол

Поранешниот американски сенатор и републикански претседателски кандидат Боб Дол

Поранешниот американски сенатор и републикански претседателски кандидат Боб Дол почина на 98-годишна возраст, се вели во соопштението на фондацијата на неговата сопруга на 5 декември. „Со тешко срце објавуваме дека сенаторот Роберт Џозеф Дол почина рано утрово во сон. До неговата смрт, на 98-годишна возраст, тој верно им служеше на Соединетите Американски Држави 79 години“, се вели во соопштението на Фондацијата Елизабет Дол на Твитер. Дол беше републикански кандидат на претседателските избори во 1996 година, кои ги загуби од Бил Клинтон.

Клинтон: Косово заслужува да е во ЕУ и НАТО

Тој поднесе оставка од Сенатот за да се кандидира за претседател, откако повеќе од 35 години ја претставуваше државата Канзас во Конгресот на САД. Дол беше потпретседателски кандидат на Републиканската партија во 1976 година во претседателската трка заедно со Џералд Форд, но тие загубија од демократот Џими Картер и неговиот потпретседател, Волтер Мондејл. Дол беше тешко ранет во борба за време на Втората светска војна.

Фаучи: Првите извештаи за омикрон покажуваат дека е помалку опасен од делта вирусот

Д-р Ентони Фаучи

Д-р Ентони Фаучи, инфектолог и главен советник на американскиот претседател за пандемијата, изјави дека иако сојот омикрон на коронавирусот брзо се шири низ земјата, првите индикации се дека тој е помалку опасен од видот делта. Тој за Си-Ен-Ен изјави дека на научниците им требаат повеќе информации пред да донесат заклучок за сериозноста на сојот омикрон. Извештаите од Јужна Африка, каде што се појави и станува доминантен вид, покажуваат дека стапката на хоспитализација не е алармантно зголемена.

СЗО: Се уште нема пријавени смртни случаи од омикрон

„Засега, се чини дека нема висок степен на сериозност, но навистина треба да бидеме внимателни пред да заклучиме дека омикрон е помалку сериозен и не предизвикува тешка клиничка слика, во споредба со делта сојот“, рече Фаучи.
Тој изјави дека администрацијата на Бајден размислува за укинување на ограничувањата за патување за патниците од неколку африкански земји. До денес, сојот Омикрон е откриен во третина од американските држави, вклучувајќи го североисточниот, јужниот и западниот брег. Висконсин и Мисури се меѓу последните држави каде што се потврдени нови инфекции со соеви.

Нови правила за влез во САД за патниците што пристигнуваат со авион

Американските власти продолжуваат да ги повикуваат луѓето да се вакцинираат и да добијат засилена доза, како и да носат маски во затворени простории бидејќи сето тоа придонесува за заштита од делта соеви, но и од други видови на коронавирус. Во изминатите две години, од почетокот на пандемијата, 780.000 Американци починаа од ковид-19.

Времето денеска: променливо облачно

Облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе има попладне и во ноќните часови. На повеќе места ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог. Преку денот ќе дува слаб до умерен, а особено во источните делови повремено засилен југоисточен ветер, кој во текот на ноќта ќе се промени во северен. Дневната температура ќе биде од 3 до 14 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 10 степени.

Ако има потреба ќе се прошири листата на производи со „замрзнати“ цени

илустрација

Можно е да се прошири листата на производи чии цени ќе се замрзнат, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Бектеши вели дека со донесувањето на одлуката основните прехранбени продукти, лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата да се продаваат по цените што ги имале на 1 декември, не значи дека нема да се прошири одлуката и со другите производи.

„Одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени продукти ја донесовме со цел да нема поголемо влијание во делот на трошоците што граѓаните ги имаат, особено во време на енергетска криза, имајќи предвид дека цените на електричната енергија можат да влијаат директно и индиректно во зголемување на цените и на производството и на трговијата, било тоа да е трговија на мало или на големо“, изјави Бектеши.

Бектеши порача дека во време на пандемија и енергетска криза, потребна е солидарност и намалување на маржите во производство и трговија и оти државата, согласно капацитетите ќе излезе во пресрет на сите чинители во економијата.

Владата на Република Северна Македонија на 4 декември 2021 година донесе одлука да се замрзнат цените на основните прехранбени производи до 31 јануари 2022 година. Од Владата најавија дека ако има потреба таа одлука ќе биде продолжена.

Ескобар во посета на Скопје

Габриел Ескобар

Заменик помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар доаѓа во Северна Македонија на средби со претседателот Стево Пендаровски и други функционери, соопшти Американската амбасада во Скопје.

„Го поздравуваме пристигнувањето на специјалниот претставник за Западниот Балкан, Габриел Ескобар, во Скопје. За време на посетата, г.Ескобар ќе се сретне со претседателот Пендаровски и со други клучни функционери на МК да разговараат за повеќе теми и заеднички приоритети за регионот“, пишува во објавата на Американската амбасада во Скопје на фејсбук.

Во неодамнешното интервју за радио Слободна Европа, Ескобар изјави дека Северна Македонија и Албанија се подготвени за преговори со Европската Унија. Тој истакна дека се надева дека двете земји ќе стартуваат со преговорите за членство во ЕУ во оваа година.

Бенет побара цврст став против Иран во преговорите за нуклеарната програма

Израелскиот премиер Нафтали Бенет

Израелскиот премиер Нафтали Бенет ги повика светските сили да заземат цврст став против Иран во разговорите за ограничување на нуклеарната програма на Техеран. Израел со загриженост го следи продолжувањето на преговорите за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година.

„Ја повикувам секоја земја што преговара со Иран во Виена да заземе цврст став и јасно да му стави до знаење на Иран дека не може да збогатува ураниум и да преговара во исто време. Иран мора да ја плати цената за прекршувањето (на договорот)“, рече Бенет на седница на израелската влада.

Самиот Иран зазеде цврст став минатата недела кога продолжија преговорите во Виена, сугерирајќи дека за сè што беше дискутирано претходно може повторно да се преговара.

Земјата, исто така, не го забавува напредокот во својата нуклеарна програма додека се водат преговори, кои се клучни за намалување на тензиите на Блискиот Исток.

Целта на разговорите, кои продолжија по петмесечна пауза, е повторно да се воведат ограничувања на иранската нуклеарна програма.

Израел долго време се противеше на договорот со Иран од 2015 година, тврдејќи дека тој не може доволно да ја запре иранската нуклеарна програма и дека не се справува со военото мешање на Техеран во соседните земји на Израел.

Израел не преговара во Виена, туку комуницира со европските и американските сојузници за преговорите кои ќе продолжат следната недела.

Атанасова: ГЕРБ нема да поддржи влада предложена од „Продолжуваме со промената“

претседателка на пратеничката група на ГЕРБ-УДФ Десислава Атанасова

ГЕРБ нема да ја поддржи коалициска влада на Бугарија предложена од Продолжуваме со промената, изјави за БНР претседателка на пратеничката група на ГЕРБ-УДФ Десислава Атанасова.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Атанасова истакна дека во моментов нејзината партија не знае ништо за идниот состав на владата, која ќе го предложи победникот на парламентарните избори во Бугарија, „Продолжуваме со промената“.

Нејзината изјава следува откако вчера пратеникот од ГЕРБ, Радомир Чолаков изјави дека партијата би можела да ја поддржи кандидатурата на Кирил Петков од „Продолжуваме со промената“ за нов премиер на Бугарија.

Според Атанасова, тоа е коалиција на лево либерални партии, а ГЕРБ е десничарска партија, која со години се држи до својата идеолошка ориентација.

Нови 276 заразени од ковид 19, десет лица починале

илустрација, ковид пациент

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.720 тестирања, а регистрирани 276 нови случаи на ковид 19.

Најголем број од новозаразените се во Скопје – 130, а потоа следуваат Битола – 35, Прилеп – 17, Охрид – 14, Куманово – 13, Штип – 10, Кавадарци – 9, Струмица – 7, Крива Паланка – 6, Тетово – 5, Кочани, Свети Николе и Пробиштип – по 4, Велес и Ресен – по 3, Гевгелија, Неготино и Богданци – по 2, Гостивар, Кичево, Струга,Радовиш, Делчево и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 249 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 5 починати лица со датум на смрт од 21.11.2021 до 28.11.2021 година.

Досега во земјата се направени вкупно 1.484.645 тестирањана Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.301,бројот на оздравени пациенти е 203.574, на починати е 7.641, а бројот на активни случаи изнесува 6.086.

Невреме во Далмација, Сплит под вода

илустрација

Големо невреме со обилни врнежи од дожд во Хрватска предизвика голема поплава на улиците во Сплит, пренесуваат хрватските медиуми. Поплавени се многу улици во центарот на градот како и градските патишта.

Автоматската метеоролошка станица Сплит-Спинут од полноќ бележи дури 47 литри врнежи, од кои 36 литри од 8:30 до 9:30 часот, јавува „Далмација денес“.

Хрватскиот автоклуб ХАК ги предупредува возачите дека патиштата низ Далмација се полни со вода, а на некои места патиштата се затворени поради непроодност.

„Тротоарите се влажни и лизгави во поголемиот дел од земјата. Поради повремени и обилни врнежи од дожд, особено во Далмација можна е поголема количина на вода на коловозот. На места има магла, а можна е и појава на одрони, особено на Јадранската магистрала (DC8) и патиштата во планините. Ги предупредуваме возачите да не тргнуваат на пат без пропишаната зимска опрема“ соопштија од ХАК.

Папата Франциск ја обвини Европа за игнорирање на мигрантското прашање

Папата Франциск во посета на кампот на мигранти на грчкиот остров Лезбос

Во своето обраќање кон барателите на азил кои живеат на грчкиот остров Лезбос, папата Франциск го опиша запоставувањето на мигрантите од страна на Европа како „потонување на цивилизацијата“. Римокатоличкиот понтиф, за време на неговата посета на мигрантскиот камп Мавровуни рече дека некои во Европа „продолжуваат да го третираат проблемот како прашање што не ги засега нив“.

Ваквиот став, рече Фрaнциск, „ги осудува на смрт оние кои се на работ“.

Кампот, во кој се сместени околу 2.300 баратели на азил од Авганистан, Сирија, Ирак и други земји е срцето на бранот мигранти кои се обидуваат да влезат во Европа во последните години. Франциск последен пат го посети Лезбос во 2016 година, кога островот беше главната точка за влез во Европа за повеќе од 1 милион луѓе кои бегаа од војната во Сирија и Ирак во тоа време.

Тој рече дека „малку се променило во однос на прашањето за миграцијата“ од тогаш. Посетата на папата Франциск беше дел од петдневното патување на Кипар и Грција, во кое доминираше мигрантското прашање, со фокус на илјадниците мигранти заглавени долж границата на Белорусија.

САД и ЕУ загрижени за убиствата на авганистански безбедносни сили

Дете продава талибански знамиња, илустративна фотографија

Соединетите Држави и нивните западни сојузници велат дека се „длабоко загрижени“ од извештаите за убиства и насилни исчезнувања на поранешни членови на авганистанските безбедносни сили.

„Хјуман рајтс воч“ оваа недела соопшти дека Талибанците „егзекутирале или предизвикале насилно да исчезнат“ повеќе од 100 поранешни припадници на безбедносните сили во само четири од 34 авганистански провинции откако ја презедоа земјата во средината на август.

„Ние подвлекуваме дека наводните дејствија претставуваат сериозни прекршувања на човековите права и се во спротивност со најавената амнестија на Талибанците. Ги повикуваме Талибанците ефективно да ја спроведат амнестијата за поранешните членови на авганистанските безбедносни сили и поранешните владини функционери и да се погрижат таа да се спроведе низ целата земја и во нивните редови“, соопштија Соединетите Држави, Европската Унија и 20 други земји во заедничко соопштение.

Во извештајот објавен на 30 ноември, набљудувачката организација за човекови права со седиште во Њујорк го документирала убиството или исчезнувањето на 47 поранешни членови на авганистанските безбедносни сили кои им се предале на Талибанците или биле уапсени на 15 август и 31 октомври.

Талибанците ветија амнестија за сите кои се поврзани со соборената, меѓународно поддржана влада во Кабул и поранешните безбедносни сили, но наодите на групата за човекови права и други извештаи сугерираат дека барем некои локални команданти не го исполнуваат ветувањето.

Медведев останува лидер на Единствена Русија

Дмитриј Медведев

Дмитриј Медведев, поранешниот претседател и долгогодишен помошник на Владимир Путин, освои нов петгодишен мандат како претседател на владејачката партија Единствена Русија. Медведев во моментов е заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, самостоен дел од претседателската администрација со формално и неформално влијание врз политиките поврзани со безбедноста. Тој го одржува раководството на партијата по изборите во септември, кои ја истакнаа опаѓачката поддршка за Единствена Русија.

Критичарите велат ќе биде потребно систематско елиминирање на предизвиците како што се затворањето на опозицискиот лидер Алексеј Навални, измамите и административни ресурси за да се одржи Единствена Русија, поддржана од Кремљ под строга контрола на владата, во услови на пад на животниот стандард за повеќето Руси.

„Ќе се обидеме да му помогнеме на секој човек без оглед на неговите политички убедувања“, им рече Медведев пред делегатите по неговиот реизбор.

Борис Гризлов беше реизбран за претседател на врховниот партиски совет на Единствена Русија, функција што ја извршува од 2002 година. Кон крајот на ноември, според државната агенција за анкети, Комунистичката партија беше втора со околу 18 отсто освоени гласови.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG