Достапни линкови

Туристи доаѓаат во Преспа повеќе за сончање и шетање отколку за пливање


Преспанско Езеро

Преспа ги дочека првите туристи и покрај тоа што водата во езерото е доста повлечена. Тие повеќе доаѓаат да се сончаат, отколку да пливаат. Од Секторот за животна средина велат дека ќе се уредуваат плажите за да може гостите да имаат приод до водата и на места каде езерото е многу повлечено.

Туристи доаѓаат во Преспа повеќе за сончање и шетање отколку за пливање
И покрај повлеченото езеро, Преспа ги привлече првите туристи за годинава. Тоа се претежно домашни викенд гости кои крајот повеќе го искористуваат за сончање и прошетки на чист воздух отколку за пливање. Песочните плажи и еколошката животна средина привлекуваат семејства со мали деца. Иако поради намалениот водостој на одредани плажи е отежнато или оневозможено влегувањето во вода, гостите уживаат во прошетки крај езерото, искачување по планини, посетувајќи манастири и други занимации.

„Многу нè влече овој крај, Преспанскиот регион. Овие убавини со надморска височина ретко ги има на други места во светот. Убавината ја препознаа и странските туристи, доаѓаа најмногу од Холандија, но со пандемијата се редуцираа туристите. Од први јуни во скандинавските земји само што ќе видат сонце и температура 20 степени излегуваат крај базените, а ние чекаме 30 степени, учени сме на потопло. Само дома и на Шеталиште, децата сакаат малку и во вода. Езерото е повлечено не е за капење, меѓутоа за рекреација е добро. Малечката да поигра, два-три часа и ќе се вратиме во Битола“, велат туристите.

Водостојот на Преспанското Езеро е околу пет метри под нултата кота во Наколец. Нивото на водата според водомерната летва во Наколец е на кота 842,65 метри, а тоа покажува разлика од 4,95 метри во однос на нулата кота во Наколец поставена пред повеќе децении.

Преспанско Езеро се повлекува, сушата зема данок, но одговорни се и земјоделците
please wait

No media source currently available

0:00 0:08:01 0:00

Раководителот на Секторот за животна средина од Општина Ресен, Ајман ал Малла, од вели дека ќе се уредуваат плажите со цел да им се овозможи на гостите да имаат приод до водата и на места каде езерото е многу повлечено.

„Да направам една паралела дека полоша состојба со водостојот имавме во февруари 2020 година, сега состојбата е подобрена. Целта ни е да овозможиме пристап до почита вода и почисти плажи за сите наши гости“, рече Ал Маала.

Пред самиот почеток на туристичката сезона Општина Ресен започна со акција за чистење на дивите депонии в долж Преспанското Езеро. Градоначалникот Живко Гошаревски вели дека ќе се исчистат и најголемите депонии, а се очекува да се собере смет од 600 тони.

„Долж брегот на Преспанското Езеро лоцирани се 17 депонии, некои поголеми, некои помали. Освен ЈП Пролетер што ќе земе учество во чистењето, ангажиравме преку јавна набавка и посебна фирма што ќе се вклучи во чистењето на најголемите депонии“, рече Гошаревки.

Во иднина ќе следуваат и казни за оние кои одлагаат смет на недозволени места.

„Понатаму дивите депонии комплетно ќе ги затвориме, ќе биде забранет влезот за поединци и групи да не можат пак да депонираат, а нашите инспекциски служби и редари ќе бидат уште на повисоко ниво. Крајното решение е интензивирање на казнената политика“, рече Ал Маала.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG