Достапни линкови

Вести

Филипче - За построги ковид- мерки ќе се знае следната недела

Министерот за здравство Венко Филипче
Министерот за здравство Венко Филипче

Засега нема потреба од воведување на полициски час во ниту еден град со цел спречување на ковид, рече министерот за здравство Венко Филипче. Засега во ниту еден град не се исполнети условите за ограничување на движењето, но ако се одлучи дека тоа може да има ефект, во предвид доаѓаат и такви мерки, рече министерот. По зголемениот број на случаи на новозаразени со ковид-19 во изминатите денови Неготино и Гевгелија побараа да се воведе полициски час во нивните општини. За тоа дали ќе следат построги мерки ќе се знае следната недела.

„Ситуацијата се следи, моментно болничките капацитети не се загрозени и секаде има слободни кревети. Досега се одржани повеќе состаноци со Комисијата за заразни болести, анализата за трендот на ковид-бројките ќе заврши следната недела кога ќе биде соопштен и ставот по ова прашање“, рече министерот за здравство.

Министерот за здравство денеска беше во посета на Општина Сарај, каде се гради нова поликлиника.

Министерот информира дека според анализите, голем број од новите случаи се должат на т.н. британскиот вирус, над 70 проценти, посебно во Скопје, Кавадарци, Неготино, Прилеп и Охрид.

Вакцините-толку блиску, а сепак далеку

Здравствените власти уверуваат дека со почитување на мерките за заштита и со вакцинација ќе се сузбие пандемијата со ковид-19. Вакцинацијата во земјава почна на 17 февруари годинава и досега се вакцинирани околу 3.500 здравствени работници со вакцината на „Фајзер“.

Ресорниот министер Венко Филипче уверува дека сме подготвени за масовна вакцинација на населението. Вакциналните пунтови насекаде низ земјава се подготвени, има едуцирани доктори и сестри за работа со вакцините и смета дека процесот треба добро да се одвива. Информира дека досега околу 120.000 граѓани се пријавени за вакцинација и најави дека се планира кампања за таа цел.

Како што најави премиерот Зоран Заев, в недела во земјава треба по ДХЛ да стигнат првите количини од руската вакцина Спутник V, кои се наменети за три илјади граѓани.
Тоа го потврди и министерот за здравство Венко Филипче кој рече дека првите количини од руската вакцина Спутник ќе стигнат в недела со специјален транспорт, преку компанијата „ДХЛ“, во соодветно пакување, ладен ланец, со запазување на температурите. Вакцинацијата со тие вакцини многу веројатно треба за започне во среда, рече Филипче.

види ги сите денешни вести

Поддршка за санкционираните лица во БиХ повлекува потенцијални последици, објави американската амбасада

Американскиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Мајкл Марфи, 24 април 2024 година.
Американскиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Мајкл Марфи, 24 април 2024 година.

Потенцијални последици во Босна и Херцеговина за оние кои сакаат да воведат исплата на плати во готово на санкционираните лица, објави американската амбасада во Сараево на социјалната мрежа Х на 22 мај, реагирајќи на најавата за измени на законот за исплата на платите во готово на вработените во институциите во БиХ.

Реакцијата на амбасадата дојде откако Хрватската демократска заедница на БиХ на 21 мај на седницата на Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ предложи измени во Законот за финансирање на институциите.

Промените им овозможуваат на државните службеници под американски санкции да бидат платени во готово.

На листата на санкции се над 40 лица и фирми од Босна и Херцеговина, меѓу кои е и заменик-претседателот на Претставничкиот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина, Маринко Чавара.

Повеќе од половина од санкционираните беа на тој список откако американскиот претседател Џо Бајден потпиша извршна наредба во јуни 2021 година, која предвидува дополнителни санкции за поединци и организации од земјите од Западен Балкан.

На санкционираните лица им беше спречено да им се исплаќаат платите преку банкарски сметки по неодамнешното усвојување на измените на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам.

До 17 часот излезеноста е 45,88 отсто, соопшти ДИК

Архивска фотографија
Архивска фотографија

До 17 чaсот, од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места каде се врши прегласување за парламентарните избори, гласале 2071 гласач, односно 45,88 отсто, информира Државната изборна комисија (ДИК).

Како што посочуваат од ДИК, во избирачкото место 2101 во Желино гласале 503 гласачи односно 50,65 отсто, во избирачкото место 1194 во Крушево гласале 270 гласачи односно 57,57 отсто, потоа во избирачкото место 1202 во Крушево гласале 85 гласачи односно 28,52 отсто.

Во избирачкото место 1272 во Охрид гласале 306 гласачи односно 43,04 отсто, во избирачкото место 1470 во Долнени гласале 281 гласачи односно 42,71 отсто, во избирачкото место 1470/1 во Долнени гласале 234 гласачи односно 37,03 отсто и во избирачкото место 1844 во Струга гласале 392 гласачи односно 52,06 отсто.

„Во споредба со гласањето на 8 мај до 17 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 0,14 отсто на овие избирачки места“, велат од ДИК.

Денеска се прегласува во петтата изборна единица во пет избирачки места, додека во шестата изборна единица на едно избирачкото место во Желино.

Граѓаните ќе може да избираат меѓу 6 кандидатски листи во петката, додека во шестката ќе може да избираат свој претставник во Собранието од 4 кандидатски листи. Тие се предложени од четири коалиции и две партии кои самостојно настапуваат на изборите.

По прегласувањето во петката и шестката ДИК со посебен заклучок ќе ги објави конечните остварени резултати по кандидатски листи за Изборна единица број 5 и број 6, вкупниот број на доделени мандати по кандидатски листи и кандидатите кои дополнително ќе се стекнат со мандат за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

Ковачевски се повлекува од претседателската функција на СДСМ

Димитар Ковачевски
Димитар Ковачевски

Во пресрет на закажаниот Извршен одбор на СДСМ вечерва, претседателот на партијата Димитар Ковачевски официјално го потврди повлекувањето од функцијата, а побара тоа да го стори и досегашното раководство - од централните партиски органи се до општинските органи на раководење на партијата.

„И јас и партиското раководство имаме одговорност, исто како што имаат одговорност и сите именувани и избрани функционери, вклучително и сите партиски функционери на локално и централно ниво. Никој реално не е без одговорност. Овој резултат и креираното јавно мислење беше очигледно уште на локалните избори во 2021 година кога СДСМ доживеа пораз, по што партијата не направи анализа на изборните резултати како што налага Статутот и не ги лоцираше причините за поразот за да се извлечат соодветни поуки“, пишува Ковачевски во дописот до Извршниот одбор и претседавачот на Централниот одбор, Славјанка Петровска.

Според Ковачевски, процесот на обнова на СДСМ мора да биде на сите нивоа во партијата, но, да не биде брзоплет. Наведува дека „длабоката внатрешна промена и консолидација може да го направат оние кои немаат багаж од каков било вид.

Во дописот, Ковачевски бара свикување на Конгрес на СДСМ, а причината е анализа на изборните резултати. На дневен ред на Конгресот смета дека треба да биде избор на работно претседателство и претседавач со Конгресот, негово реферирање како и на раководството за периодот од декември 2021 до мај 2024 година, извештај од централните изборни штабоди за двојните избори, како и изјаснување за довербата на органите на СДСМ избрани од Конгресот.

„Првиот чекор во консолидацијата на СДСМ мора да биде обновување на идеолошката и вредносна матрица која ќе ги собере сите прогресивни сили на левиот центар во државата. Вториот чекор, треба да биде длабока кадровска промена и создавање на силен кадровски потенцијал, со вистински и докажани социјалдемократи, со вредности и знаење, со чесност и енергија, со мотив и со искреност кон партијата. И трето, да се реформира организациската поставеност на партијата која ќе овозможи целосно консолидирање на СДСМ и враќање на победничките патеки“, пишува Ковачевски.

Претседателот во заминување, Димитар Ковачевски смета дека граѓаните со право се незадоволно и не веруваат во ништо, дека многуте кризи придонеле граѓаните да се чувствуваат несигурни, да се иселуваат и да немаат верба во државата.

„Корупцијата на секое ниво, личните интереси, долгата европска интеграција и изневерените очекувања на граѓаните, нискиот просечен раст на економијата во изминатите три декади, непотизмот, бизнис интересите, етничкиот професионализам, се само дел од крупните дефекти на системот, кој ја јаде и разорува државата и кој мора конечно да се промени. Таа промена треба да започне од СДСМ, која ќе може најпрвин да ја препознаат членовите и симпатизерите на партијата, за да може да ја препознаат и граѓаните“, пишува Ковачевски.

Вечерва ќе се одржи Извршен одбор на СДСМ на кој Ковачевски ќе го потврди повлекувањето од функцијата претседател на СДСМ, ќе побара свикување конгрес и организирање внатрепартиски избори.

„Ве информираме дека на денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, претседателот Димитар Ковачевски го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ којашто ја најави на 8-ми мај, како високо морален чин, и согласно Статутот на партија иницираше свикување Конгрес на СДСМ заради анализа на изборните резултати и изјаснување за довербата на органите на СДСМ, избрани од Конгресот, со оглед на изборните резултати“, наведуваат од партијата.

По исходот од изборите, оставки од партиските функции во СДСМ поднесоа тројца потрептседатели Фатмир Битиќи, Јованка Тренчовска и Перо Костадинов.

На неодамнешните парламентарни избори, Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освои 436.036 гласови, речиси тројно повеќе од коалицијата на СДСМ, кој ја предводеше Владата на Северна Македонија по последните седум години.

На претседателските избори, пак, универзитетската професорка Гордана Сиљановска - Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, освои повеќе од двојно гласови од досегашниот претседател Стево Пендаровски, со што стана и првата жена претседателка на Северна Македонија.

Истражување - Американците дневно пушат марихуана повеќе отколку што пијат алкохол

Илустрација
Илустрација

Во Соединетите Американски Држави, дневната и речиси секојдневна употреба на марихуана е позастапена од сличните нивоа на консумирање алкохол, покажува анализата на националните податоци собрани во текот на четири децении.

Авторот на студијата, Џонатан Колкинс од Универзитетот Карнеги Мелон, вели дека консумацијата на алкохол е сè уште почеста, но дека во 2022 година, интензивното ниво на употреба на марихуана за прв пат го надминало честото консумирање алкохолни пијалоци, пишува Асошиетед Прес, а пренесува Гласот на Америка.

„Добри 40 проценти од оние кои користат канабис го прават тоа секојдневно или речиси секојдневно, тренд кој е повеќе поврзан со употребата на тутун отколку со редовното консумирање алкохол“, вели Колкинс.

Истражувањето, засновано на податоците од Националното истражување за употребата на дроги и здравјето, беше објавено во средата во списанието „Зависности“. Истражувањето е високо ценет извор на проценки за употребата на тутун, алкохол и дрога во САД.

Според студијата, пред две години, околу 17,7 милиони луѓе користеле марихуана дневно или речиси секојдневно, во споредба со 14,7 милиони кои пиеле алкохол со иста стапка.

Стапката на дневна или речиси секојдневна употреба на марихуана по глава на жител се зголемила за 15 пати од 1992 до 2022 година.

Тој тренд одразува промена во политиката кон марихуаната.

Повеќето американски држави сега дозволуваат употреба на марихуана за медицински или рекреативни цели, иако таа сè уште е нелегална на федерално ниво.

Пред две години, околу 17,7 милиони луѓе користеле марихуана дневно или речиси секојдневно, во споредба со 14,7 милиони кои пиеле алкохол со иста стапка, според студијата.

Стапката на дневна или речиси секојдневна употреба на марихуана по глава на жител се зголемила за 15 пати од 1992 до 2022 година.

Тој тренд одразува промена во политиката кон марихуаната.

Во ноември, гласачите на Флорида ќе одлучат за амандман на уставот на државата што ќе дозволи рекреативна употреба на марихуана, додека федералната влада планира да ја назначи како помалку опасна дрога.

Истражувањата покажуваат и дека честите корисници имаат поголема веројатност да станат зависни од марихуана, вели доктор Дејвид Горелик, професор по психијатрија на Медицинскиот оддел на Универзитетот во Мериленд.

Горелик, кој не бил вклучен во новата студија, вели дека бројот на дневни корисници сугерира дека постои ризик повеќе луѓе да развијат проблематична употреба на канабис или да станат зависни.

„Честата употреба исто така го зголемува ризикот од развој на психоза поврзана со употребата на канабис, што е сериозна состојба кога лицето губи допир со реалноста“, предупреди тој.

Балтикот со критика за рускиот предлог за менување на поморските граници

Илустрација руската ексклава Калининград (архивска фотографија)
Илустрација руската ексклава Калининград (архивска фотографија)

Русија го повлече нацртот на Министерството за одбрана со кој се предлага ревидирање на поморската граница на Москва во источниот дел на Балтичкото Море и проширување на нејзините територијални води, што го зголеми гневот на приморските членки на НАТО, Финска, Шведска, Литванија и Естонија.

Нацртот, датиран на 21 мај, првично беше објавен на официјален руски портал за правни правни акти. Според првично објавениот па повлечен предлог, превидено е проширување на територијалните води на Русија во Финскиот залив и околу ексклавата Калининград во близина на поморските граници со Финска, Естонија и Литванија.

Откако Русија ја започна својата целосна инвазија на Украина во 2022 година, Финска и Шведска се приклучија на НАТО, оставајќи го Калининград целосно опкружен со членовите на алијансата.

Според нацртот, проширувањето на границата покрај брегот на Калининград помеѓу Балтијск и Зеленоградск и во источниот дел на Финскиот залив би овозможило соодветните поморски области да се користат како внатрешни морски води на Русија.

Предложени биле промени во близина на брегот на Литванија во областа на Куронскиот плун, песочната дина во облик на полумесечина што ја дели Куронската лагуна од Балтичкото Море.


По објавувањето на нацртот, Министерството за надворешни работи на Литванија соопшти дека „повикува претставник на Руската Федерација за целосно објаснување“. Москва нема амбасадор во Вилнус од април 2022 година.

Литванија го протера пратеникот на Москва и ги намали дипломатските односи со Русија по злосторствата што наводно ги извршиле руските сили во украинскиот град Буча.

„Во тек е уште една руска хибридна операција, овој пат во обид да се шири страв, неизвесност и сомнеж за нивните намери во Балтичкото Море“, напиша литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис на социјалната платформа X, поранешен Твитер.

Финскиот премиер Петери Орпо рече дека Хелсинки ќе ги следи потезите на Русија.

„Финска делува како и секогаш: смирено и заснована на факти“, напиша финскиот претседател Александар Стуб на социјалната платформа X.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон ја потсети Москва дека е потписник на конвенцијата на ОН за регулирање на промените на поморските граници.

„И ние и Финска претпоставуваме дека Русија, која е потписничка на таа конвенција, ја исполнува таа одговорност“, изјави Кристерсон.

Нацртот беше повлечен без никакво објаснување само неколку часа по бранот критики, при што неименуван руски дипломатски извор за Интерфакс изјави дека Москва нема намера да ги ревидира своите поморски граници, додека портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков им рече на новинарите дека „нема ништо политичко“ во нацртот. .

„Гледате како ескалираат тензиите и нивото на конфронтација, особено во балтичкиот регион. За тоа се потребни соодветни чекори од нашите релевантни тела за да се обезбеди нашата безбедност“, рече Песков.

Република Српска со „формален протест“ за резолуцијата на ОН за Сребреница

Илустрација, Спомен гробишта во Сребреница,
Илустрација, Спомен гробишта во Сребреница,

Ден пред разгледувањето на резолуцијата за геноцидот во Сребреница во Генералното собрание на ОН, Собранието на Република Српска на 22 мај, усвои протестна нота со која се бара повлекување на резолуцијата.

Во протестната нота, која ќе биде испратена до членките на ОН, се тврди дека не биле почитувани актите на Босна и Херцеговина, а при предлагањето на резолуцијата биле прекршени и меѓународните правни акти.

Генералното собрание на Обединетите нации се очекува во мај да гласа за резолуцијата со која се бара 11 јули да биде прогласен за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

Властите на Република Српска не го признаваат геноцидот во Сребреница, утврден од меѓународните судови, Станува збор за убиство на над 8 илјади бошњачки мажи и момчиња во јули 1995 година кога силите на босанските Срби влегоа во влегоа во тогашната заштитена зона на ОН.

Резолуцијата за Сребреница, која ја иницираа Германија и Руанда, укажува на фактите утврдени со пресудите на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) и Меѓународниот суд на правдата, како и домашните судови.

Во документот, кој беше усвоен од Собранието на Република Српска во средата, се наведува дека „формалниот протест“ првенствено се однесува на Хрватска, Германија, Франција, Велика Британија и САД, како и други земји кои учествуваа во спонзорирањето или коспонзорирањето на ОН. Резолуција за геноцидот во Сребреница.

Во Желино до 15 часот правото на глас го искористиле 43 проценти

Илустрација
Илустрација

Државната изборна комисија соопшти дека излезноста на седумте избирачки места во кои денеска се прегласува за парламентарните избори до 15 часот е 34,87 проценти. Од вкупно запишаните 4.514 гласачи гласале 1.574 гласачи.

Во споредба со гласањето на 8 мај, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 1,21 проценти на овие избирачки места.

Најголема излезност има на избирачкото место во Желино каде гласале 428 гласачи односно 43,10 проценти, а веднаш по него е Струга и изборното место 1844 каде што до 15 часот правото на глас го искористиле 299 гласачи, односно 39 процети. Најмала е излезноста во Крушево на избирачкото место 1202 каде до 15 часот гласале 67 гласачи односно 22,48 проценти.


Денеска се прегласува во петтата изборна единица во пет избирачки места, додека во шестата изборна единица на едно избирачкото место во Желино.

Граѓаните ќе може да избираат меѓу 6 кандидатски листи во петката, додека во шестката ќе може да избираат свој претставник во Собранието од 4 кандидатски листи. Тие се предложени од четири коалиции и две партии кои самостојно настапуваат на изборите.

По прегласувањето во петката и шестката ДИК со посебен заклучок ќе ги објави конечните остварени резултати по кандидатски листи за Изборна единица број 5 и број 6, вкупниот број на доделени мандати по кандидатски листи и кандидатите кои дополнително ќе се стекнат со мандат за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

Албанското Специјално обвинителство заплени имот тежок 41 милион евра

илустрација
илустрација

Со запленет имот во вредност од 41 милион евра, стекнат со криминал, се пофали Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК) во Албанија. Првиот човек на обвинителството Алтин Думани изјави дека во изминатава година имале многу работа и дека испратиле до судот 53 барања за пресуда, од кои 38 барања се за корупција.

„Запленет е имот вреден 41 милион евра. Ние сме обвинители, но во никој случај не сме инквизитори. Наша работа е да истражуваме, да собираме докази и да гониме. Предвид треба да се има фактот дека многу од нашите субјекти се функционери кои ја претставуваат албанската држава“ изјави Думани.

Тој додаде дека неговиот тим од 18 обвинители завршил сериозна работа и покрај институционалните пречки.

„Тврдоглави се бројките, бидејќи живееме со организиран криминал', вели Думани, алудирајќи на малиот број на приведени осомничени.

Според податоците кои ги сподели со јавноста само 8,5 проценти од барања за приведување на осомничени се одобрени од судот, односно 237 приведени, додека мерката притвор е доделена во 49 отсто од барањата.

Минатата година СПАК објави дека по две и пол годишна истрага е приведен заменик министер и бизнисмен за оштетување на државниот буџет за 100 милиони евра. Ова обвинителство започна со работа во 2019 година и содржи 18 обвинители со свои тимови.

Повторно спорни договорите за вработување на 18 луѓе на Токсикологија

Илустрација
Илустрација

Договорите за вработување на 18-те лица во Универзитетската клиника за Токсикологија кои ги потпиша организациската директорка Бесија Илјази, по отпуштањето на медицинскиот директор Данил Петровски, се сметаат за непотпишани, изјави директорката на државниот санитарен и здравствен испекторат, Рената Младеновска.

Таа по денешната спроведена контрола во Клиниката за токсикологија, изјави дека инспекторите утврдиле дека договорите за работа се потпишани само од еден директор што е спротивно на законот каде што е децидно наведено дека сите правни акти мора да бидат потпишани од медицинскиот и организацискиот директор. Двајцата имаат заедничка надлежност врз потпишувањето на договорите за вработување, отказни решенија и јавни набавки итн.

„Доколку овие акти се потпишани само од еден директор, согласно закон за здравствена заштита се сметаат за непотпишани,“, изјави Младеновска.

Таа додаде дека за овој прекршок во законот нема предвидена казна и најави дека министерот за здравство Илир Демири ќе треба да одлучува што понатаму со овие 18 луѓе и валидноста на нивните договори за работа.

Во однос на тие 18 лица, инспекторите донесоа решенија дека не треба да се во просториите на Клиниката бидејќи договорите им се истечени на 31 јануари 2023 година. Според нивниот увид, тие бесправно работеле со пациенти и давале здравствени услуги, иако немале договори за ангажман. До овој вонреден надзор од ДЗСИ дојде откако на 22 април лекари од прес-конференција алармираа дека на клиниката владее хаос. По ваквите изјави, Д-р Данил Петровски беше разрешен од позицијата медицински директор, затоа што, како што вели министерот Демири, не работел совесно и не ги потпишал иако имал имал согласности за продолжување на договорите за работа на 18 лица.

Демири не ја разреши организациската директорка Илјази за која мнозинството лекарски колегиум во минатиот период обвинуваше дека не знае македонски јазик, комуницира само на албански јазик и форсира да се вработат 18 лица на позиции кои не се потребни на клиниката, а не дозволува вработување на двајца биолози и еден болничар, како и дека не склучила договор за осигурување на болницата.

Демири: Изборите завршија, да се вратиме во реалноста
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:58 0:00

Превирањата на Клиниката започнаа минатиот месец откога вработени на Клиниката реагираа дека организациската директорка Иљази инсистира да се вработат 18 лица на кои им се истечени договорите за дело. Вработените се пожалија и дека не можат да комуницираат со Иљази бидејќи таа не го говори македонскиот јазик.

ДИК: Излезноста до 13 часот е 25,48 отсто

Архивска фотографија
Архивска фотографија

Државната изборна комисија соопшти дека излезноста на седумте избирачки места во кои денеска се прегласува за парламентарните избори до 13 часот изнесува 25,48 проценти.

Од вкупно запишаните 4.514 гласачи досега гласале 1.150 гласачи. Во споредба со гласањето на 8 мај, на прегласувањето се забележува зголемена излезеност за 3,71 проценти на овие избирачки места.

Според ДИК, најголема излезност има на избирачкото место во Желино каде гласале 325 гласачи, а најмала е излезноста во Крушево на избирачкото место 1194 каде до 13 часот гласале 47 гласачи односно 15,77 проценти.

„Во избирачкото место 2101 во Желино гласале 325 гласачи односно 32,73 отсто. Во избирачкото место 1194 во Крушево, гласале 151 гласачи, односно 32,20 отсто. Во избирачкото место 1202 во Крушево гласале 47 гласачи односно 15,77 отсто. Во избирачкото место 1272 во Охрид гласале 185 гласачи, односно 26.02 отсто. Во избирачкото место 1470 во Долнени гласале 117 гласачи, односно 17,78 насто. Во изборачкото место 1470/1 во Долнени гласале 100 гласачи, односно 15,82 насто. Во избирачкото место 1844 во Струга гласале 225 гласачи, односно 29,88 насто, се наведува во соопштението на ДИК.

Денеска се прегласува во петтата изборна единица во пет избирачки места, додека во шестата изборна единица на едно избирачкото место во Желино.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG