Достапни линкови

Вести

Бајден: тешко е да се постигне имунитет на стадо до крајот на летото

Американскиот претседател Џо Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе биде „многу тешко“ за Соединетите држави да достигнат имунитет на стадо до септември. „Идејата дека ова може да се направи и можеме да добиеме статус имунитет многу пред крајот на ова лето е многу тешка“, изјави Бајден за Си-Би-Ес. Имунитет на стадо значи дека голем дел од популацијата станува отпорен на болеста или преку заразување или со вакцинација. Тоа го намалува пренесувањето на вирусот, дури и кај оние од популацијата кои немаат развиено имунитет. Научниците велат дека имунитетот на стадо бара најмалку 75 проценти од населението да развијат заштита, иако во случај на високоинфективни болести како што се сипаниците оваа бројка скокнува на скоро 95 проценти.

Војници ќе помагаат во ковид вакцинацијата во САД

Белата куќа вети дека ќе искористи најмалку 100 милиони дози на вакцините против ковид-19 во првите 100 дена од новата администрација. Тоа е еквивалентно на вакцинирање на 50 милиони луѓе со две дози во земјата со 330 милиони жители. Заклучно со 7 февруари, употребени се околу 41,2 милиони дози вакцини, а 9,1 милиони луѓе го примиле целосниот режим на две дози на вакцините на Фајзер и Модерна одобрени за употреба во САД.

види ги сите денешни вести

Излетало возило во реката Вардар кај Тетово, се трага по луѓе

Илистрација - Полиција, полициска СТОП лента.

Тетовската полиција информира дека патничко возило „фолксваген голф 4“, со кумановски регистарски ознаки излетало од коловозот на мостот во тетовско Желино и паднало во водите на реката Вардар. Според тетовската полиција, во возилото кое се извлекува од реката, засега не се пронајдени лица.

„На самото место се јавен обвинител, увидна екипа од СВР Тетово и други полициски службеници, кои ги пребаруваат водите на реката, а повикани ќе бидат и нуркачки екипи од МВР со цел да се пронајде возачот на возилото и евентуално други сопатници. Се расчистува и документира случајот“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Центарот за управување со кризи- ЦУК информираше дека возилото со помош и поддршка од градежни машини е извлечено надвор од длабоките води на речното корито.

„Во моментот не може да се одреди дали во возилото имало луѓе и каква е состојбата со нив“, велат од ЦУК.

Од центарот посочуваат дека оствариле комуникација со надлежните институции кои работат на случајот.

Алијанса за Албанците бара оставка од Груби и Рустеми за тендерот за коридорите 8 и 10

Илустрација. Архивска фотографија.

Од Алијанса за Албанците денеска соопштија дека вицепремиерот Артан Груби ги потврдил пишувањата во медиумите дека Јавното претпријатие за државни патишта го доделило тендерот за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10 на компанија со руски капитал.

Конзорциумот избран за овој тендер, како што наведуваат од опозициската партија, бил предводен од Институтот ИГХ со седиште во Загреб, а е во сопственост на руски олигарси блиски до владата на Владимир Путин и руската ФСБ.

Според партијата, Груби како политички одговорен и директорот за државни патишта, Ејуп Рустеми како административен одговорен, ја загрозиле, без преседан, националната безбедност со тоа што склучија договор со Институтот ИГХ.

Да не биле финансиските санкции на сојузниците кон Русија, од Алијанса за Албанците додаваат, дека денес Путин и ФСБ ќе седеле со скрстени нозе на најстратешкиот проект за Албанците и нивните сојузници во Северна Македонија и Западен Балкан.

Оттаму посочуваат дека за среќа, договорот пропаднал бидејќи Институтот ИГХ не ја депонирал навреме банкарската гаранција предвидена во договорот.

„Но, ова не го поништува овој скандал од невидени размери во околностите во кои се наоѓаат Европа и светот. Цел систем не успеа да го открие овој злонамерен обид за инфилтрација на Кремљ и ФСБ.Алијанса за Албанците бара итна оставка од гореспоменатите функционери и го повикува Јавното обвинителство да го истражи неуспехот на институциите за национална безбедност да ја откријат заканата од Институтот ИГХ и да ги идентификува одговорните за ова безбедносно фијаско со коруптивни карактеристики“, посочуваат од партијата.

Османи ги претстави приоритетите на претседавањето со ОБСЕ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи при претставување на приоритетите на претседавањето на Република Северна Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во 2023 година изјави дека мали држави ретко добиваат ваква шанса да се покажат на голема сцена.

„Ова е голема шанса за Република Северна Македонија во период кога регионот на ОБСЕ се соочува со една од најголемите безбедносни закани“, рече Османи

Тој истакна дека проектот е од државно значење и претставува признание на реформските напори дома и на проактивната надворешна политика, како веродостоен и одговорен чинител во регионот и пошироко.

„Тоа беше потврдено на Министерскиот совет во Тирана во 2020, кога консензуално, со поддршка на сите земји учеснички ни беше доверен мандатот да бидеме на чело на Организацијата во 2023“, рече Османи.

Според него, целта на претседавањето е да иницира процеси кои ќе бидат фокусирани врз луѓето, граѓаните на земјите учеснички, особено оние на кои им треба помош и поддршка.

Шефот на Делегацијата на Собранието во ПС на ОБСЕ, пратеникот Игор Јанушев, рече дека претседавањето е многу сериозен ангажман, чие успешно спроведување претставува заеднички интерес.

„Постои плодна соработка меѓу нашиот парламент и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со цел зајакнување на парламентарната независност, надзорната функција и демократската улога, како и промовирањњто на родовата активност“, рече Јанушев.

Северна Македонија од 1 јануари влегува во тројката на претседавачи на ОБСЕ, заедно со овогодишниот претседавач Шведска и претседавачот во 2022 година Полска.

Данска и Русија не исклучуваат саботажа на гасоводите Северен тек еден и два

Полскиот претседател Анджеј Дуда, полскиот премиер Матеуш Моравјецки и данската премиерка Мете Фредериксен присуствуваа на отворањето на нов гасовод меѓу Норвешка, Данска и Полска, 27.09.2022.

Данската премиерка Мете Фредриксен денеска изјави дека не може да ја исклучи саботажата по забележаните случаи на истекување на нафтоводите Северен тек еден и два што треба да транспортираат руски гас под Балтичкото Море кон Европа. Таа ова го кажа откако вчера и денеска се забележани симултани проблеми на двата гасовода. Претходно денеска Кремљ изрази загриженост за истекување на тие гасоводи, додавајќи дека не треба да се отфрли никаква можност, вклучително и саботажа. „Ние сме крајно загрижени за веста“, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков. На новинарското прашање дали е можно да се работи за саботажа, тој одговори дека не може да се исклучи ниту една опција.

Шведска издаде предупредување за две истекувања на гас на гасоводот Северен тек 1

Шведските власти денеска објавија дека се издадени предупредувања поради два случаја на истекување на гасоводот „Северен тек 1“ во шведските и данските води, ден откако беше пријавено истекување на гасоводот „Северен тек 2“. И двата гасоводи моментално не работат, но во цевките има гас. Данска веднаш ја стави во состојба на готовност својата енергетска инфраструктура, со оценка дека се уште е рано да се каже кои се причините за тие симултани инциденти. Властите се обидуваат да ја утврдат причината за мистериозните истекувања и падот на притисокот во гасоводите. Данскиот премиер зборуваше на отворањето на новиот гасовод што ја поврзува Норвешка со Полска.

Регистрирани 81 случај на Ковид-19, нема починати лица

Илустрација

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 787 тестови, а регистрирани се 81 случај на Ковид-19, од кои 25 се реинфекции. Оздравени се 77 пациенти, а нема починати лица. Во моментов активни се вкупно 378 случаи.

Досега во земјата се направени вкупно 2.167.428 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.696, бројот на оздравени пациенти е 332.787, а на починати е 9.531.

ЕУ планира да воведе санкции врз организаторите на „незаконските“ референдуми во Украина

Петер Стано

Европската унија планира да го следи примерот на Британија и да воведе санкции за организаторите на „нелегалните, нелегитимни референдуми“ што властите наметнати од Русија ги спроведуваат во четири региони на Украина кои се барем делумно контролирани од Москва. „Би имало последици за сите луѓе кои учествуваат на нелегалните, нелегитимни референдуми“, изјави денеска Петер Стано, портпарол на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Џозеп Борел.

Последен ден од гласањето наметнато од Русија за анексија во делови на Украина

Денеска е петтиот и последен ден од гласањето на референдумите, на кои многумина западните влади ги нарекоа „лажни“ референдуми. Гласањето во регионите Луганск, Доњецк, Керсон и Запорожје се одржува во екот на најголемиот конфликт во Европа од крајот на Втората светска војна.

Британија со нови 92 санкции за руски фунционери

Вчера Британија објави нови санкции како одговор на референдумите, нарекувајќи ги „јасно кршење на меѓународното право, вклучително и повелбата на ОН“. Новите санкции погодија многу високи руски функционери вклучени во спроведувањето на гласањето.

Русија протера јапонски дипломат поради обвинение за шпионажа

илустрација

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека привела и наредила протерување на јапонски дипломат во источниот град Владивосток поради сомневање за шпионажа, откако конзулот, наводно, побарал „ограничени“ информации. Се наведува дека дипломатот бил фатен како прима информации за економските ефекти од западните санкции, во замена за „парична награда“. „Јапонски дипломат беше приведен на дело додека добиваше, во замена за финансиска награда, ограничени информации за соработката на Русија со друга земја во азиско-пацифичкиот регион“, се вели во соопштението на ФСБ. Дипломатот беше именуван од руски официјални лица како Мотоки Тацунори конзул со седиште во Владивосток.

Британија со нови 92 санкции за руски фунционери

Министерството за надворешни работи соопшти дека Тацунори бил прогласен за персона нон грата и добил 48 часа да ја напушти Русија. Токио упати протест во врска со протерувањето на јапонскиот дипломат. Обвинението и протерувањето доаѓаат откако јапонскиот премиер Фумио Кишида се приклучи на меѓународните санкции, вклучително и замрзнувањето на имотот на Русија поради нејзината неиспровоцирана инвазија врз Украина, која започна кон крајот на февруари.

Ковачевски вели дека Владата има јасен план за справување со енергетската криза

премиерот Димитар Ковачевски

Владата има многу јасен план за справување со енергетската криза, а тоа е ставање во функција на сите енергетски капацитети – оспособување на Блок 3 во РЕК Битола, ставање во функција на ТЕЦ Осломеј, а од утрово во функција е ставен првиот котел на ТЕЦ Неготино, изјави денеска во Скопје премиерот Димитар Ковачевски. Првиот котел на ТЕЦ Неготино, Ковачевски посочи дека веќе произведува електрична енергија со моќност од 60 мегавати, а до крајот на денот треба да се искачи до 85 мегавати, додека тимови на експерти, веќе работат на пуштање и на вториот котел. Ковачевски, исто така, рече дека се работи постојано и се разговара со сите земји за најсоодветно снабдување со енергија, меѓу кои Србија, Бугарија и Турција.

Скапата струја ризик за затворање на училиштата - владата анализира, родителите во паника

За финансирањето на сето ова, тој рече дека веќе е обезбедена финансиска конструкција со билатерални кредитори, а во скоро време очекува да завршат и преговорите со Меѓународниот монетарен фонд – ММФ, но оти се разговара и со некои финансиски побогати држави од Блискиот Исток. „Во оваа работа нема политика и дневно политички поени и апелирам до пратениците од опозицијата, што побрзо и без никакви уцени, да се одобри кредитот од ЕБОР за ликвидни финансиски средства за ЕСМ“, рече Ковачевски.

Битиќи: Граѓаните да бидат спокојни, топлинска енергија ќе има

Во однос на Скопје, премиерот рече дека има два дела – затоплување на градот од нов оператор, за што ЕСМ веќе има добиено лиценци и второ, обезбедување гас за работа на ТЕ-ТО. „Тоа се разговара на повеќе нивоа и со повеќе држави, со оглед на енормно високите цени на природниот гас, заради војната во Украина. Штом ќе бидат договорени и изнајдени најсоодветните извори на снабдување на гас, ќе бидат информирани и граѓаните“, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по настанот за презентација на Проектот за поврзување на локалните патишта. За доверителските односи меѓу ЕСМ, БЕГ или друг провајдер на услуги, Ковачевски изрази уверување дека ќе бидат решени согласно со Законот за трговски друштва и облигациски односи.

Бегалците од Украина придонесуваат за рекорден пораст на германското население

Бегалците кои пристигнуваат од Украина помогнаа да се доведе германското население на највисоко ниво, соопшти Федералниот завод за статистика, со повеќе од 84 милиони луѓе кои сега живеат во најнаселената земја во Европската унија. Германија има една од најниските стапки на фертилитет во светот и најстаро население, но нејзиното богатство, побарувачката за работна сила и релативно отворената политика за имиграција ја направија атрактивна цел за мигрантите дури и пред ЕУ да ги отвори вратите за Украинците кои бегаат од својата земја по неиспровоцираната руска инвазија во февруари.

Тројно зголемена имиграцијата во Израел од Русија и Украина

Во извештајот објавен денеска Сојузниот завод за статистика рече дека населението пораснало за 1%, или 843.000 луѓе, во првата половина на 2022 година. Населението пораснало само 0,1% во текот на целата 2021 година. Германија забележа нето имиграција од 750.000 луѓе од Украина во истиот период. Раст во споредливи размери е забележан само три пати од обединувањето на Германија во 1990 година, и секој пат беше поврзан со бран бегалци. Во 1992 година, бегалците од војната во поранешна Југославија помогнаа да се зголеми населението за 700.000. Во 2015 година, Германија пушти речиси милион бегалци од војната на Блискиот Исток.

Битиќи: Граѓаните да бидат спокојни, топлинска енергија ќе има

вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи

Граѓаните да бидат спокојни, топлинска енергија ќе има, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. „ЕСМ и „Адора“ влегуваат во преговори кои мора да се согласно сите законски прописи и процедури. Се што е возможно ќе се направи. Ние велиме дека топлинска енергија за граѓаните секако ќе има и тие треба да бидат спокојни. Обезбеден е и гас. Кој е изворот е најмалку важно, важно е да има гас, рече Битиќи. Според него, Одлуката на РКЕ, која е независно тело, може да се побара, а членот три е јасен и дециден.

Владата уверува парно ќе има, но не кажува кој ќе ги грее скопјани

„Дојдено е време да читаат и да толкуваат треба тие што тоа го знаат. Граѓаните само треба малку повеќе да веруваат. Како што во јануари обезбедивме топлинска енергија кога бевме оставени на цедило, така и сега топлинска енергија за граѓаните на Скопје ќе има. Независно дали е ЕСМ или БЕГ, граѓаните ќе добијат топлинска енергија. Бидејќи од однесување на прватниот партнер не сум задоволен, би сакал тоа ЕСМ да го направи, истакна вицепремиерот и уште еднаш порача дека од закон никој не може да се огради.

Претседателот на Казахстан вети дека ќе ги заштити Русите кои бегаат од мобилизацијата

Казахстанскиот претседател Касим-Жормарт Токаев

Казахстанскиот претседател Касим-Жормарт Токаев денеска изјави дека неговата земја ќе ги заштити Русите кои бегаат во Казахстан за да избегаат од сегашната мобилизација во Русија. „Последниве денови многу луѓе доаѓаат кај нас од Русија. Повеќето од нив се принудени да си заминат поради безизлезната ситуација“, рече Токаев, додавајќи: „Треба да се грижиме за нив и да се погрижиме да бидат безбедни“. Токаев е сојузник на Москва, но се огради од Кремљ од почетокот на руската офанзива во Украина.

Русија не ги затвора границите за да спречи бегство од воена мобилизација

Казахстанскиот претседател, исто така, повторно го осуди конфликтот во Украина и повика на почитување на територијалниот интегритет во време кога Русија организира референдуми во четири украински региони за приклучување кон Москва. „Територијалниот интегритет на државата треба да биде неотуѓив, тоа е клучен принцип“, рече тој. Поранешната советска република во Централна Азија, Казахстан, е сојузник на Русија и членка на економската и царинската унија со Русија, но исто така има добри односи со Западот и со Кина. Руската офанзива во Украина го зголеми стравот кај Казахстанците дека и тие би можеле да станат цел на руските амбиции, особено поради долгата граница со Русија и големото руско малцинство.

Шведска издаде предупредување за две истекувања на гас на гасоводот Северен тек 1

Шведската поморска управа денеска соопшти дека издала предупредување за две истекувања на гасоводот Северен тек 1 во сопственост на Русија во шведските и данските води, набргу откако беше откриено истекување на блискиот проект Северен тек 2. „Има две истекувања на Северен тек 1 - едно во шведската економска зона и едно во данската економска зона. Тие се многу блиску еден до друг“, изјави за Ројтерс портпаролот на Шведската поморска управа. Протекувањето било лоцирано североисточно од данскиот остров Борнхолм, рече портпаролот. Не е веднаш јасно што го предизвикало протекувањето.

Газпром: нема да има гас од „Северен тек“ додека германскиот партнер не ја поправи опремата

Вчера данските власти побараа од бродовите да се оддалечат од радиус од пет наутички милји југоисточно од Борнхолм, по истекување на гас од непостоечкиот гасовод Северен тек 2 што се излеа во Балтичкото Море. Подоцна истиот ден, операторот на гасоводот Северен тек 1, кој работеше со намален капацитет од средината на јуни пред целосно да се исклучи во август, исто така откри пад на притисокот на двете линии на гасоводот Северен тек 1.

Во Украина се водат тешки борби

Украински војници во регионот Харкив, 24.09.2022.

Тешки борби меѓу украинските и руските сили се во тек денеска во делови од источна Украина и североисточниот регион Харкив. Претседателот Володимир Зеленски рече дека источниот регион Доњецк останува главен стратешки приоритет на Украина со борби во неколку градови додека руските трупи се обидуваат да напредуваат кон југ и запад. Зеленски во своето ноќно видео обраќање рече дека воената ситуација во Доњецк е „особено тешка“. „Правиме сè за да ја задржиме непријателската активност. Ова е нашата цел број 1 во моментов, бидејќи Донбас сè уште е цел бр. 1 за окупаторите“, рече Зеленски. Регионалните власти во меѓувреме соопштија дека Русија извршила најмалку пет напади врз цели во регионот на Одеса, користејќи ирански беспилотни летала.

Зеленски: интензивните борби покажуваат „позитивни резултати“

Руски проектили го нападнаа аеродромот во Кривиј Рих во централна Украина, уништувајќи ја инфраструктурата и го направија аеродромот неупотреблив, изјави на Телеграм Валентин Резниченко, гувернер на регионот Дњепропетровск. Јужната команда на Вооружените сили на Украина на 27 септември денеска соопшти дека нејзината контраофанзива во југоисточниот регион Керсон резултирала со непријателски загуби на 77 војници, шест тенкови, пет хаубици, три противвоздушни инсталации и 14 оклопни возила. Тврдењето не можеше да се потврди независно. Борби се водеа и во регионот Харкив на североисток, кој беше цел на украинска контраофанзива овој месец. Украинските сили во меѓувреме продолжија со кампањата да ги оневозможат четирите моста и другите речни премини за да ги нарушат линиите за снабдување на руските сили на југ.

Последен ден од гласањето наметнато од Русија за анексија во делови на Украина

Гласање на таканаречените референдуми за приклучување на делови на Украина кон Руската Федерација

Последниот од петте дена на таканаречените референдуми за приклучување кон Руската Федерација се одржува денеска во четири украински региони делумно окупирани од Москва, гласање кое Украина, Западот и Обединетите нации ги отфрлија како лажно, бидејќи е незаконско според меѓународното право. Гласањето во областите под контрола на Русија во регионите Луганск, Доњецк, Керсон и Запорожје, кои се одржуваат во екот на најголемиот конфликт во Европа од крајот на Втората светска војна, се одржува со наводи на некои локални власти дека гласачите биле загрозени и заплашувани.

Османи- Македонија нема да ги признае референдумите во Украина поддржани од Русија

Киев и неговите сојузници ги осудија референдумите како лажни и рекоа дека Западот никогаш нема да ги признае резултатите. Украина повика на состанок на Советот за безбедност на 27 септември за референдумите. Американскиот претседател Џо Бајден рече дека изборите се „измама“ и ништо друго освен „лажен изговор за обид за анексија на делови од Украина со сила“. Водачите инсталирани од Москва во регионите каде што се одржува таканаречениот референдум изјавија дека привремените резултати може да се очекуваат вечер или во следните денови. Руските пратеници потоа ќе гласаат за формално припојување на четирите територии, за што ќе биде потребен потпис на Путин за да стапи во сила. Изборните службеници носеа гласачки кутии од куќа до куќа во многу случаи придружувани од вооружените руски сили. Британското Министерство за одбрана денеска соопшти дека Путин најверојатно ќе го објави пристапувањето на окупираните региони на Украина кон Руската Федерација за време на обраќањето пред парламентот на 30 септември.

САД и други земји предлагаат дебата на Советот за права на ОН за третманот на Кина со Ујгурите

Кина, стражари во камп за Ујгури

Соединетите држави и неколку западни партнери предложија Советот на ОН за човекови права да свика специјална дебата за наводното кинеско малтретирање на Ујгурите и другите муслимански малцинства во регионот Ксинџијанг. Дипломатите рекоа дека барањето во „нацрт-одлуката“ на САД, Канада, Британија, Данска, Финска, Исланд, Норвешка и Шведска бара дискусија на следната седница на Советот за права на ОН, закажана за почетокот на следната година.

Можни „злосторства против човештвото“ на Кина во провинцијата Ксинџијанг

„Не можеме да ги игнорираме таквите тешки и систематски прекршувања на човековите права“, изјави британскиот амбасадор Сајмон Менли во Цоветот за безбедност на ОН. „Овој совет не смее, не може, да молчи. Соединетите држави ги обвинија кинеските власти за геноцид по долгогодишното сведочење на жртвите и други докази дека тие собрале повеќе од 1 милион Ујгури во кампови и извршиле други масовни злоставувања.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG