Достапни линкови

Студентски софтверски решенија за туризам и земјоделство


Хакатон #ReFRESH: Agriculture & Tourism организиран од Студентскиот парламент на ФИНКИ
Хакатон #ReFRESH: Agriculture & Tourism организиран од Студентскиот парламент на ФИНКИ

Студенти на два викенд хакатони создадоа софтверски иновативни решенија за туризам и земјоделство. Победниците во рок од два месеци ќе ги усовршат идеите за потоа да ги презентираат пред компании од двата сектора.

Студентскиот парламент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ во изминатите два викенда организираше два хакатона (#ReFRESH: Agriculture & Tourism) виртуелни колаборативни настани на кои студентите од различни факултети тимски работеа за во рок од 48 часа да кодираат и создадат софтверски решенија применливи во секторите туризам и земјоделство.

Хакатон #ReFRESH: Agriculture & Tourism организиран од Студентскиот парламент на ФИНКИ
Хакатон #ReFRESH: Agriculture & Tourism организиран од Студентскиот парламент на ФИНКИ

Како што соопшти Студентскиот парламент на ФИНКИ, на хакатонот за туризам победи тим студенти кои предложија решение корисно за туроператорите. Со нивното решение, туроператорите ќе заштедат време и напор за известување и менаџирање на целиот синџир во турите кои ги организираат – превозници, сместувачки капацитети, ресторани, туристички водичи итн. Конкретно, со самото резервирање на турата, автоматски ќе се испраќа мејл со агенда и сите вклучени во турата ќе знаат детали за својот ангажман.

Двата победнички тима имаат уште четири месеци да ги доразвијат софтверските решенија, кои потоа ќе бидат понудени како готови продукти пред компании од двата сектора. И останатите тимови кои беа дел од овој настан ќе можат да ги презентираат своите решенија и доколку некоја од компаниите има потреба од такво решение, ќе може да го финансира до негова имплементација.

„Хакатоните беа одлична можност за студентите, преку соработка со колеги и професори, да го применат своето знаење работејќи на реални проблеми од секторите. Од друга страна, на фирмите од двата сектора им се понудија решенија за дигитализација и осовременување на нивната работа“, соопшти Студентскиот парламент на ФИНКИ.

Хакатоните ги организираа со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка, преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ.

На хакатоните учествуваа 30 студенти од ФИНКИ, Факултетот за информатика и Факултетот за туризам при УТМС и Факултетот за земјоделски науки и храна кои поделени во тимови од три учесници и под менторство на професори развиваа идеи кои беа детектирани од претходни средби со компаниите од туризам и земјоделство.

XS
SM
MD
LG