Достапни линкови

Вести

Филипче ги посети просториите за вакцините против Ковид-19

Министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска посети дел од економските оператори каде ќе се чува вакцината против Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Вакцините во земјава се очекува да пристигнат во следните месеци, како што најавија официјалните владини претставници, во услови кога Велика Британија и САД веќе ја одобрија употребата на вакцините против коронавирусот, а се очекува овој месец тоа да го направи и Европа.

Министерот Филипче најави дека вакцинацијата во Македонија ќе се врши во постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи во државата.

Тој исто така рече дека сите вакцини за Ковид-19 се безбедни и дека ќе бидат бесплатни за граѓаните.

Почетоктот на кампањата за вакцинација во земјите доаѓа во услови на пораст на ширењето на вирусот. Во земјава вкупниот број на заразени надмина 70.000 луѓе од почетокот на епидемијата, со моментално над 21.000 активни слчаи и над 2.000 смртни случаи.

Висок е бројот на заболени во скоро во сите земји од регионот, но и во земјите од Западна Европа и во САД.

Во односн на економските оператори каде ќе се чува вакцината, Филипче рече дека станува збор за дистрибутери кои веќе работат на ова поле и се вклучени во системот на вакцинација, во делот на складирање и дистрибуција.

„Операторите во своите постоечки капацитети имаат комори и ладни соби од 0 до 8 степени целзиусови, како и фрижидери до минус 20 степени целзиусови и возила со ладилници како би го запазиле „ладниот синџир“ при дистрбуција на вакцините“, се вели во соопштението.

Исто така е наведено дека дополнително Министерството за здравство операторите ќе ги снабди со фрижидери до минус 70 степени целзиусови, кои во земјава ќе пристигнат кон средината на јануари.

види ги сите денешни вести

Починати 31 пациент од ковид-19 и нови 824 случаи на заразени

Инфективна клиника, ковид 19 амбуланта

Во изминативе 24 часа се регистритрани 31 починати пациенти од последици од ковид-19, од кои најмладиот е на 38-годишна возраст. Министерството за здравство евидентира и нови 824 случаи на ковид-19 во последните 24 часа од направени 3.988 тестирања. Од новозаболените најголем број се жители на Скопје- 313, потоа во Куманови – 75 и Битола 59.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 146.733. Бројката на оздравени пациенти е 122.121, на починати 4.419, а бројот на активни случаи изнесува 20.193.

ССМ бара пратениците утре да покажат разумност

Сојуз на синдикати на Македонија ССМ

Сојузот на синдикати на Македонија денеска побара од сите пратеници да покажат разумност и утре да го изгласаат петтиот пакет антикризни мерки со кој меѓу другото е предвидена финансиска поддршка за плати за февруари и март. Петтиот пакет на мерки е блокиран веќе три месеци во Собранието. Од ССМ се вчудоневидени од односот на пратениците кон егзистенцијалните прашања на работниците и неизгласувањето на петтиот пакет мерки кој е неопходен за зачувување на работните места.

„За прв пат работодавачи побараа помош и поддршка од ССМ, а кои повеќе не можат да го издржат притисокот поврзан со обезбедување на нивна егзистенција и егзистенција на нивните семејства. Не дозволувајте како пратеници, подадената рака од работникот денес, да стане стисната тупаница утре,“ наведува ССМ.

Пленарната седница на која на дневен ред се ставени економските мерки е закажана за утре во 14 часот. Во соопштението од кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери е наведено дека прво е закажана 32-та пленарна седница, а веднаш по неа ќе се продолжи со 36 -тата седница на која на дневен ред се економските мерки за справување со последиците врз бизнисот предвизвикани од здравствената криза поради пандемијата.

За прв пат во македонската здравствена историја пресадени коски од починат донор

Докторите и се поклонуваат на младата девојка чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи.

На Клиниката за ортопедски болести утрово првпат во историјата на македонското здравство беше направена операција со која се пресадени коски и коскени ткива од починат донор, соопшти денеска Министерството за здравство.

Станува збор за случајот со починатата 21-годишна девојка чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи.

„Откако заврши експлантацијата на срцето и бубрезите, тимот лекари од клиниката експлантираше повеќе делови од коски и меки ткива кои сега веќе се презервирани во Отсекот за експлантација, презервација, складирање и трансплантација на меки и коскени ткива при ЈЗУ ЗА ТОАРИЛУЦ, Универзитетска Клиника за ортопедски болести“ се наведува во соопштението.

Веќе наредната недела е планирана пресадување на еден сегмент од коска кај пациент со метастаза од карцином на бубрег, отстранет пред 12 години.

Листата на приматели на коски и меки ткива се пациенти коишто страдаат последици од тумор, траума, претходен оперативен зафат, вродени аномалии.

Бубрезите и коските од донорот на срцето ќе се трансплантираат кај други пациенти

Во изминативе 24 часа од почнатата донаторка на органи, 21 годишна девојка се пресадени нејзиното срце и еден бубрег. Втор пат во македонската здравствена историја денеска беше успешно пресадено човечко срце од починат пациент, со што му се овозможи втора шанса на 22 годишно момче за живот.

Успешна втора трансплатација на донирано срце

Од Министерството за здравство велат дека ткивата од еден донатор може да го подобрат животот на над 70 други личности, а на некои од нив и да го спасат.

Осуден на 10 години затвор лидерот на хакерската група ФИН7

Илустрација

Украинскиот државјанин Федир Хладир е осуден на 10 години казна затвор од американски суд, откако на судско рочиште ја призна вината за учество во хакерската група позната во јавноста како ФИН7. 35 годишниот Хладир денеска беше осуден во западно американскиот град Сиетл. Тој беше приведен во Дрезден, Германија во 2018 година и екстрадиран во САД. Тој во септември во 2019 година ја призна вината односно призна дека работел како управител и админстратор на системите на ФИН7.

Но, во своето признание тој посочи дека е виновен само да една точка од вкупно 26 точки во обвинението. Тој плати 2,6 милиони долари штета. Во затворската казна ќе бидат пресметани и трите години кои тој ги помина во притвор.

Американскиот одделот за правда проценува дека хакерската група ФИН7 „предизвикала загуба на американските граѓани од над милијарда долари“. Обвинителите на сослушувањето истакнаа дека тоа е само „конзервативна проценка“ и дека реалната загуба изнесува помеѓу 3 и 6 милијарди долари. Хакерската група во изминативе години се занимавала со незаконски активности во 50 држави во САД и украла над 20 милиони електронски записи и податоци за кредитни картички.

Вкупно 1699 пациенти со ковид-19 се лекуваат во македонските болници

Инфективна клиника, ковид 19 амбуланта

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 1699 и има околу 335 празни болнички кревети во ковид центрите, соопштија од Министерството за здравство.

Од нив вкупно 702 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, додека во другите градови во земјава се лекуваат вкупно 998 пациенти. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, се вели во соопштенијата.

Жителите на Ново Маало со петиција бараат изградба на проектот спроти Холидеј ин

Презентација на идејното решение на инвеститорите за парцелата 1.1 спроти хотелот Холидеј ин во центарот на Скопје

Жителите од Ново Маало собираат потписи за петиција со која бараат да се дозволи изградбата на висококатниците спроти Холидеј ин во центарот на Скопје. Тие најавија дека нивната петиција ќе ја достават в понеделник до сите надлежни институции. Тие во соопштението до медиумите посочија дека се разочарани од соседите и сограѓаните кои живеат во Градски Ѕид и кои ја поднеле иницијативата за стопирање на градбата спроти Холидеј Ин. Според нив со таа иницијатива нивните сограѓани сакат да ги спречат да си го решат имотноправниот долгогодишен проблем.

„Сакаме да ги потсетиме дека кога нивните кули се градеа пред 50 години, тие доаѓаа кај нас да им помагаме, земаа вода и добиваа поддршка на секој начин. Овој нивни гест на себичност е за секоја осуда. Нивното право на ниеден начин не се нарушува, но нашето да. Тие на ниеден начин нема да бидат оштетени, но ние да“, посочуваат во соопштението.

Бетонско чудовиште или урбан „зелен објект“ ќе никне спроти „Холидеј Ин“

Додаваат дека оваа битка ќе ја продолжат до крај со сите можни средства.
Рокот од две недели за издавање на дозвола за градба почна да тече, откако инвеститорот МГ Фешн уплати комуналии во општините Скопје и Центар во вредност од 2,4 милиони евра на 10 април.

Законски опции за спречување на градбата на парцелата кај Холидеј Ин

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ се уште не го испратил до министерството за транспорт и врски елаборатот за суспенизија на спорниот Детален урбанистички план, кој е изработен уште во декември минатата година. Тој на советот на општина Центар предупреди на можни финансиски последици кон општината доколку ја почне постапката за суспензија, затоа што, како што вели, откако ќе почне суспензијата тече рокот за изготвување на нов ДУП а немало соодветни тарифници од надлежната комора.

Опозицијата со макета од мотор на протест пред Министерството за здравство

Со макети од спортски мотори членови на опозицијата протестираа денеска пред зградата на министерството за здравство

Со макети од спортски мотори членови на опозицијата протестираа денеска пред зградата на министерството за здравство барајќи оставка од министерот Венко Филипче. Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јадранка Поцкова на денешниот протест пред Министерството за здравство, порача дека министерот за здравство не покажал никаква грижа за граѓаните, па по тоа нема веќе ни образ да излегува пред граѓаните, затоа што власта во трката по провизии има грижа само за сопствените џебови.

„Нема доволно болнички возила и болниците ни се преполни со болни. Ве прашувам во вакви услови на КОВИД пандемија како имате образ да излегувате пред граѓаните кога афери го тресат Министерството за здравство, да знаете дека провизиите по кои трчавте ќе бидат долго време тема по оваа криза, дали имате барем една светла точка во вашиот мандат? “, изјави Поцкова.

Пратеничката порача дека најголем виновник за црната статистика е министерот Венко Филипче кој не направи ништо за да се подобри состојбата со заразените и единствено што направи е да ги исполни желбите на власта.

„Имаме 20.082 активни причини со кои што го повикуваме да се засрами и тој и неговиот премиер кои што се возат едниот напред, другиот позади на овие БМВ ексклузивни мотори по 30.000 евра, додека народот не знае од што повеќе е погоден, дали од епидемијата или од немаштијата, а тие си тераат забава“, изјави Љупчо Пренџов, пратеник од ГРОМ.

Демонстрантите со балони со вода и овој пат фрлаа кон зградата, за како што велат, да го измијат срамот.

Бубрезите и коските од донорот на срцето ќе се трансплантираат кај други пациенти

Докторите и се поклонуваат на младата девојка чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи.

Од починатата девојка во сообраќајна несреќа, чие семејство дозволи донарање на нејзините органи, во текот на наредните денови ќе се трансплантираат и бубрезите како и коски за пациенти со тешки фрактури кои немале можност да стават протези и карциноми кои им ги оштетиле коските, соопштија од министерството за здравство. Претходно, 22 годишното момче кое синоќа го доби нејзиното срце боледувало од сериозно заболување кое го оштетува срцето.

„Два бубрега од донорот денеска ќе бидат трансплантирани кај пациенти кои со години се на дијализа. В понеделник наутро коската со метастази на пациент кој се лекува на Клиниката за ортопедија ќе биде заменета со здрава коска од починатата девојка. Уште десетина пациенти кои боледуваат од карцином кој им ги оштетил коските и пациенти со тешки фрактури кај кои нема можност да се стават протези ќе добијат заменски коски од починатиот донор. Ова е прва ваква експлантација направена во земјава, се наведува во соопштието од Министерството.

Претходно министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил напиша дека трансплантацијата на срце поминала успешно и дека пациентот постепено се буди.

„Утрово бевме во визита на пациентот кој е во стабилна состојба. Да држиме среќа неговото тело да го прифати срцето. Силно верувам дека ќе ја имаме втората успешна трансплатација на срце, а младиот пациент ќе добие шанса во животот. Заради ваквите подвизи и хуманата природа на докторската работа вредат сите непроспиени ноќи во салите за операција“, напиша Филипче.

Тие упатуваат голема благодарност до семејството на починатата пациентка кое се согласи да ги донира органите на својата ќерка. Огромна е жалоста за загубата на младата пациентка, но голема е утехата дека нејзиниот живот ќе продолжи преку неколку други.

Тимот кој учествуваше во оваа комплексна операција е од некоку кардиохируршки центри. Во процесот на трансплантација учествуваа доктори од клиниките за КАРИЛ, Урологија, Кардиохирургија, Ортопедија, Нефрологија, Радиологија, Кардиологија, Рентген институот, Клиниката Жан Митрев и Аџибадем Систина.

Осомничен за инцидентот во иранскиот нуклеарен инцидент во бегство

Сателитска фотографија од комплексот Натанз

Откриен е идентитетот на осомничениот за инцидентот кој нуклеарниот комплекс Натанз на 11 април годинава, при кој е оштетена центрифуга која се користи за збогатување со ураниум. Иранската државна телевизија објави дека станува збор за Реза Карими, 43 годишен жител на Иран роден во Кашан. Во телевизискиот извештај не е наведено како Карими имал пристап до Натанз, една од најобезбедуваните локации во земјата. Според телевизискиот извештај, Карими го напуштил Техеран и полицијата трага по него.

Иран го обвини Израел за нуклеарниот инцидент

Претходно Техеран го обвини Израел за инцидентот и вети „одмазда “. Тогаш шефот на Иранската организација за атомска енергија Али Акбар Салехи изјави денеска дека чинот на „нуклеарен тероризам “ предизвикал прекин на електричната енергија на постројката во Натанз на само еден ден по откривањето на нова опрема за збогатување со ураниум јужно од Техеран.

Иран од денеска збогатува ураниум до 60 проценти

Нуклеарниот комплекс во Натанз е клучен во иранската нуклеарна програма и него го следат инспектори од МААЕ – Меѓународна агенција за атомска енергија и претставник на ОН, кои што потврдија дека се запознаени со инцидентот но немаат коментар.

Османи испраќа економски советници во четири амбасади

Бујар Османи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на прес конференција ги претстави првите четири економски советници кои заминуваат во диплматски претставништва. Економскиот советник Илија Псалтиров ќе биде испратен во Варшава, Абдилџемил Саити во Минхен, Сузана Тунева во Анкара и Бекри Ајдини во Абу Даби. Тие се првите четири економски советници, кои ќе бидат упатени во амбасадите во овие четири дестинации за да ги спроведуваат кономските политики, кои се подготвуваат за секоја земја и регион посебно.

„Економската дипломатија е важен елемент на севкупната надворешна политика, но и приоритет број четири од мојата мандатна мисија, што го најавив уште на самиот старт од моето влегување во куќава. Во еден да речам суштински дел, тоа значи и испраќање економските советници за зајакнување на нашата дипломатска мрежа со оваа економска компонента, и тоа како што веќе најавив, оваа година како пилот проект во неколку дестинации“ изјави Османи.

Приведен украински дипломат во Русија

Илустрација, руската федерална служба за безбедност при претрест на дом на осомничен

Руската федерална служба за безбедност соопшти дека привела украински дипломат во Санкт Петербург под сомнение дека се обидувал да добие класифицирана информација. Во соопштението е наведено дека дипломатот Олександар Сосониук се обидувал да извлече информации од руските датабази за време на состанок со руски државјанин. Претседателот на комитетот за надворешни работи во државата Дума, Дмитриј Новиков изјави дека украинскиот дипломат наверојатно ќе биде протеран од Русија.

Руски воени конвои на Крим
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:05 0:00

Ваквата информација во јавноста доаѓа во период кога се зголемени тензиите меѓу двете земји, при тоа што Москва собира воена сила во близина на заедничката граница и близина на Крим.

Собраниската седница за економските мерки закажана за в недела

Талат Џафери

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа за в недела пленарната седница на која треба да се изгласааат петтиот сет економски мерки. Во соопштението од кабинетот на Џафери е наведено дека прво е закажана 32-та пленарна седница, а веднаш по неа ќе се продолжи со 36 -тата седница на која на дневен ред се економските мерки за справување со последиците врз бизнисот предвизвикани од здравствената криза поради пандемијата.

Претходно пратениците од опозицијата неколку дена по ред се противеа на одлуката да се гласа одложи гласањето на сетот економски мерки по оддржувањето на 32 седница.

Камчев со кривични пријави против судиите што му го одредија притворот

Јордан Камчев пред Кривичниот Суд во Скопје

Одбраната на осомничениот бизнисмен Јоран Камчев, Тони Менкиноски обвинува за злоупотреба на тајните служби за местенки на граѓани. Менкиноски поднел кривични пријави против Судијата на претходна постапка и Кривичниот совет кои одлучија за продолжувањето на мерката притвор, пред пет дена.

Менкиноски во писмото до медиумите наведува дека притворот е одреден врз основа на усмен исказ на доушник и дека до сега на одбраната не и е презентирана белешката составена од тајната служба односно од АНБ, што е прекршување на правата на неговиот клиент. Како што се наведува во писмото до медиумите од одбраната на Камчев, во решението на Кривичниот суд е посочено дека Камчев во февруари годинава се сретнал со разузнавач од Бугарија, припадник на служба за безбедност со која и претходно соработувал и се претпоставува дека ќе има поддршка за бегство во соседна Бугарија.

„Ваквата интерпретација на судот е срамна и навредлива за г-дин Јордан Камчев. Г-динот Јордан Камчев е македонски бизнисмен кој целокупониот свој капитал го има во РС Македонија.“ се вели во писмото на Менкиноски и додава дека Камчев никогаш ниту бил, нити имал намера да биде соработник на каква било странска служба.

Тој наведнува дека неколку пати до сега било побарано и иземање, но и кривични пријави против обвинителката Лиле Стефанова која 36 месеци како ја води истрагата за „ Империја “ во која Камчев е осомничен за перење пари и злосторничко здружение.

„Уште еден доказ за пристрасно, незаконско, скандалозно и тендециозно судење е и тоа што во предлогот на Обвинителката за продолжување на притворот навела десетици фирми во странство и оф-шор компании тврдејќи дека се во сопственост на г-дин Јордан Камчев што е ноторна лага и за истото до судот се доставени докази. Истовремено, обвинителката тврдела и дека г-дин Јордан Камчев поседува и стан во Бугарија што исто така е ноторна лага и истото е опфатено во жалбата која ја доставува одбраната на г-дин Камчев, “ вели Менкиноски.

Одбраната на Камчев обвинува за киднапирање, тортура и незаконити докази

АНБ и Заев за случајот Камчев, одбиена жалбата за притворот

Камчев е приведен на 14 март годинава како осомничен за предметот „Плацеви на Водно “ односно за помагање во незаконското купување на плацевите на поранешниот премиер Никола Груевски.

Камчев е еден од осомничените и во случајот „Империја“. Овој случај кој го отвори поранешното СЈО , станува збор за финансиски криминал односно перење пари преку фирми во земјава и офшор-компании, а се истражуваат неколку кривични дела, како злосторничко здружување, оштетување или повластување доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари. Покрај Камчев, во овој предмет осомничени сè уште 12 лица, меѓу кои и Сашо Мијалков, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ.

Успешна втора трансплатација на донирано срце

Втора трансплатација на срце во Македонија


Неколку часа по полноќ 22 годишно момче доби нови срце. На Клиниката за кардиохирургија беше успешно извршена втората трансплатација во историја на земјава на донирано срце. Операцијата ја извршиле доцна во ноќта лекари од јавното и приватното здравство. Оваа информација ја соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Момчето го доби срцето од девојка која загина во сообраќајна несреќа, а нејзиното семејство дало согласност за донирање на нејзините органи.

„Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот. Нејзиниот млад живот трагично згасна, но нејзиното срце спаси друг млад живот. Нема зборови со кои може да се искаже благодарноста кон семејство. Нема зборови со кои може да се опише алтруизмот и големината на чинот на органодарителство. Во моменти на длабока тага да се донесе одлука за донирање на органите на блиските е дефиниција за хуманост“, напиша пред малку министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук профил.

Успешна првата трансплатација на срце од починат донор

Во мај минатата година беше извршена првата успешна трансплантација на срце. Срцето на починатата Емилија Динева продолжи да чука во 53 годишниот Иван Огненовски, кој долго време чекаше донор.

Вархерји:ЕУ разгледува опции за кинеските долгови на Црна Гора

ЕУ разговара со црногорската влада околу можни решенија за инвестициски проекти и одржливост на јавниот долг во таа земја, напиша денеска на социјалната мрежа Твитер европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји. Тој посочи дека се разгледуваат опции за инвестициски проекти во таа земја, со цел да се обезбеди одржливост на нивниот јавен долг и да се елиминираат ризиците од минатите договори, истовремено почитувајќи ја политиката на ЕУ и владеењето на правото.

Претходно, Европската комисија соопшти дека ЕУ нема да ги „отплати долговите на Црна Гора“ настанати од земањето заем од Кина во износ од милијарда долари, чија цел беше изградба на патна инфраструктура во Црна Гора. ЕК ја предупреди Црна Гора за ризикот од макроекономска нерамнотежа и должничките односи на Црна Гора со Кина.

Намален бројот на приеми на пациенти со ковид-19 во болниците

Ковид-19 амбуланта во Скопје

Состојбата во болниците е стабилна, нема неконтролиран наплив на пациенти во сите здравствени установи на територија на државата, соопшти министерството за здравство. На инфективните оддели во државава се лекуваат вкупно 1708 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот од кои 704 во Скопје. Има околу 338 празни болнички кревети во ковид – центрите, се наведува во соопштението. Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека после притисокот во понеделникот, состојбата е подобрена и дека очекува во наредниот период бројот на хоспитализации да почне да се намалува.

До вчера околу 35 000 граѓани се вакцинирани, од кои околу 13 000 ја примиле вакцината на „Астра Зенека“, од која има уште 10 000 на располагање, нешто помалку од 3000 има од руската „Спутник“ и 1000 од кинеските вакцини. Во овој период во спортската сала „Борис Трајковски“ се вакцинираат граѓани на 73 и 74 години со поредуцирани термини од претходните денови, бидејќи често доаѓаат со придружба. Во понеделник на 19 и на 26 април се очекува да пристигнат првите 10 илјади вакцини Фајзер.

„ Дози од вакцините се распределуваат низ пунтовите низ државата, а системот ќе се дополни и со вакцините на „Фајзер“, кои во понеделник со авион ќе стигнат во Софија, а попладнето со специјален транспорт ќе дојдат во Скопје“, изјави вчера Филипче.

Дополнително се очекува до 28 април ќе дојдат и 200 000 кинески вакцини, а вакцинирањето ќе продолжи по истиот систем како и досега односно по возрасни групи.

Студен и дожлив викенд

Денеска не очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, пообилни во северните делови. На планините на северозапад ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Утре и в понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер (локално над 15л/м2 за 24 часа). На планините врнежите повремено ќе бидат од снег, особено утре и во понеделник. Од вторник времето постепено ќе се стабилизира и температурите ќе бидат во пораст.

Во Бугарија регистрирана мутација на британскиот сој на корона

ilustracija

Кај две жени од северна Бугарија, инфицирани со британската верзија на коронавирусот, забележана е мутација во спајкот на протеинот на вирусот, од кој се замени аминокиселини, соопштија бугарските здравствени власти на брифинг.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарските здравствени власти веднаш се обратиле до Институтот за молекуларна биологија при Бугарската академија на науките за нивно натамашно секвенционирање.

Бугарија ги ублажува мерките против ковид-19

Според Тодор Кантарџиев, директорот на Националниот центар за инфективни и паразитски болести во Бугарија, станува збор за мутација на вирусот што во моментов се разгледува и набљудува, но коментира дека не очекува таа да доведе до тоа што во моментов го загрижува светот – потребата за вакцина или ново лекување.

Рашковски оди во куќен притвор

Драги Рашковски

Судија на претходна постапка му одреди куќен притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски за случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци. Обвинителството пак бараше ефективен притвор.

Покрај Рашковски, во куќен притвор оди и Даниел Станчески, сопственик и управител на фирмата „Инвока гроуп“ којашто го доби тендерот за софтверот. Преку соопштение до јавноста Судот ја правда својата одлука за куќен притвор со тоа што Обвинителот не приложил докази за поткрепа на основите за сомнение поради кои се бара притвор.

„По произнесување на јавниот обвинител во однос на предлогот со кој бара определување мерка притвор заради постоење на основите од член 165 ст.1.т.1 и 2 односно (т.1) опасност од бегство со оглед да осомничените се имотни и (т.2)влијание на сведоци и попречување на истрагата, како што е наведено во предлогот, како и произнесување на осомничените воприсуство на нивните бранители, судија на претходна постапка донесе решенија со кои на осомничените им определи мерка куќен притвор како и мерка Забрана за комуникација со другите осомничени и Забрана за користење на средства за комуникација. Имено во предлогот обвинителот не приложил докази во поткрепа на основите на сомнение заради кои се бара притвор, односно не приложил доказ дека осомничените се имотни и доказ како осомничените влијаеле или ќе влијаат на истражната постапка.Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет“, соопштија од Кривичниот суд.

Другите две лица за кои се бараа мерки за претпазливост дополнително ќе бидат повикани на распит во Кривичен суд да се произнесат по што ќе се одлучува.

Обвинителството најави дека ќе се жали на одлуката на Кривичниот суд да му биде одреден куќен притвор, а не ефективен притвор на Рашковски. Обвинителката Ивана Трајчева вели дека тие поднеле доволно докази за околностите за одредување на притвор.

„Обвинителството приложи доволно докази за да ги докаже околностите поради кои бара да биде одреден притвор. Со мерката куќен притвор сметаме дека и понатаму ќе постои опасност од влијание на сведоците и останатите материјални докази кои треба да бидат прибавувани“, изјави Трајчева.

Обвинителство: Постои ризик за бегство за Рашковски и Станчев

Претходно денеска полицијата ги приведе поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски и сопственикот на фирмата „Инвока Груп“ Даниел Станчев по наредба на Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал за случајот со набавката на софтвер кој што МВР со месеци не го користело.

„Законот важи еднаво за сите и нема недопирливи, иако Драги Рашковски беше секретар во мојот кабинет“, изјави премиерот Зоран Заев за приведувањето на поранешниот генерален секретар.

Сепак, додаде премиерот, треба да се почитува презумција на невиност и дека судот треба да го каже последниот збор, а во врска со набавката на софтверот за МВР од страна на Рашковски, за кој случај тој е приведен, Заев рече дека „таа јавна набавка била спроведена согласно со законите и деловникот за работа на Владата“.

В понеделник консултации за новата бугарска Влада

Румен Радев, претседател на Бугарија

Бугарскиот претседател Румен Радев во понеделник ги почнува консултациите за формирање на новата бугарска Влада и за таа цел во претседателството ги покани парламентарните партии кои влегоа во новиот состав на Националното собрание, наведува прес-службата на шефот на државата.

Според дописникот на МИА од Софија, тема на консултациите ќе биде доверувањето на мандатот за формирање на новата бугарска Влада. Политичките консултации ќе почнат во 9 часот утрото, а прва на разговор ќе биде победничката партија на парламентарните избори ГЕРБ-УДФ, по која ќе следи „Има таков народ“ на Слави Трифонов, трета БСП на Корнелија Нинова и потоа Движењето за права и Слободи.

Борисов: Јас сум најподготвен, ама нема да бидам премиер

ГЕРБ ќе предложи Влада, премиерската позиција се уште е енигма

Во втората половина на денот претседателот Радев ќе ги прими претставниците на партиите „Демократска Бугарија“ и „Стани! Излези!“

Меркел ја прими вакцината на АстраЗенека

Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел ја прими првата доза на вакцина против корона вирус од британско-шведскиот производител АстраЗенека, соопшти нејзиниот портпарол на Твитер, а пренесе Ројтерс.

„Среќна сум што ја добив првата доза на АстраЗенека. Вакцината е клучот за надминување на пандемијата“, изјавила Меркел по вакцинирањето.

Германскиот регулатор за вакцини препорача ограничување на употребата на вакцината кај лица помлади од 60 години, поради случаи на ретки случаи на крвни згрутчувања.

Заклучно со 2 април, во Германија имало 43 случаи на тромбоза по вакцинирањето со АстраЗенека. Во 35 случаи, се работело за жени на возраст од 20 до 63 години, а осум лица починале. Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер исто така ја прими првата доза на оваа вакцина на почетокот на овој месец.

ЕК: Нема причина воопшто да не се користи вакцината на АстраЗенека

До денес, околу 15,3 милиони луѓе во Германија примиле барем една доза од вакцина против Ковид 19.

Османи: Не може да има дијалог со Србија додека во Косово умираат луѓе

Вјоса Османи, претседателка на Косово

Претседателката на Косово, Вјоса Османи вели дека дијалогот со Србија не може да биде приоритет во ситуација кога луѓето во нејзината држава „умираат во недостиг на вакцини“ против Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната средба со амбасадорот на Белгија во Приштина, Жан-Луј Серве, Османи изјавила дека главна преокупација на косовските власти во актуелната ситуција е обезбедувањето вакцини.

„Не можеме да говориме за дијалог со Србија додека луѓето ни умираат во недостиг на вакцини. Вакцините се приоритет и ќе го направиме и невозможното, во соработка со нашите партнери, истите да ги обезбедиме“, порача Османи.

Вјоса Османи и официјално стана претседателка на Косово

Амбасадорот Серве, според соопштението од претседателскиот кабинет ѝ ги пренел на Османи честитките од белгискиот крал за неодамнешниот избор на чело на косовската држава и нагласил дека неговата земја „ќе продолжи да го поддржува Косово на неговиот европски пат, како и во јакнењето на меѓународниот субјективитет“.

Нови 908 случаи на ковид 19, починало 31 лице

илустрација

Во последните 24 часа се направени 3.616 тестирања, а регистрирани се 908 нови случаи на КОВИД-19. Најмногу случаи има во Скопје – 367, а потоа следуваат Битола – 71, Куманово – 64, Прилеп – 49, Штип – 40, Велес и Охрид – по 39, Тетово – 38, Струмица – 24, Гостивар – 21, Кичево – 19, Кочани – 18, Кавадарци – 16, Гевгелија – 14, Свети Николе и Виница – по 11, Крива Паланка и Дебар – по 10, Неготино – 9, Струга – 8, Берово, Пробиштип, Валандово и Богданци – по 4, Ресен и Делчево – по 3, Радовиш, Крушево и Кратово – по 2, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1 .

Регистрирани се 732 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно 31 починати лица. Од починатите 30 пациенти, се починати во болнички, а само еден пациент е починат во домашни услови.

ЕУ наскоро ќе испрати 650.000 вакцини за Западен Балкан

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 145.909, бројката на оздравени пациенти е 121.439, на починати е 4.388, а бројот на активни случаи изнесува 20.082.

Заев за приведувањето на Рашковски: Нема недопирливи, но последниот збор е на Судот

Архивска фотографија - Драги Рашковски и Зоран Заев

Законот важи еднаво за сите и нема недопирливи, иако Драги Рашковски беше секретар во мојот кабинет, изјави денеска премиерот Зоран Заев за приведувањето на поранешниот генерален секретар и барањето за негов притвор од 30 дена.

Сепак, додаде премиерот, треба да се почитува презумција на невиност и дека судот треба да го каже последниот збор, а во врска со набавката на софтверот за МВР од страна на Рашковски, за кој случај тој е приведен, Заев рече дека „таа јавна набавка била спроведена согласно со законите и деловникот за работа на Владата“.

„Тоа е она што јас го видов, може да се докаже дека истражните органи имале поинакво гледање, но на крај ќе пресече судот, негов е конечниот став. Не може да го осудиме човекот пред судот“, рече Заев.

Премиерот нагласи дека е важна пораката дека „никој не е недопирлив, но и никој не е виновен додека не му се докаже вината“.

Заев негира дека ја држи страната на Рашковски, и повтори дека иако можеби е пристрасен, конечниот збор ќе ги кажат институциите.

Полицијата денеска ги привела поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски и сопственикот на фирмата „Инвока Груп“ Даниел Станчев по наредба на Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал за случајот со набавката на софтвер кој што МВР со месеци не го користело.

„Во временскиот период од месец јануари 2019 година до месец јули 2020 година, првоосомничениот како службено лице, помогнат од останатите осомничени лица, со умисла извршил три временски поврзани дејствија, што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Пред спроведување на постапката за јавна набавка на софтвер, првоосомничениот ја договорил набавката на софтверот со третоосомничениот доставувајќи сопствен патент за кој дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка. Четвртоосомничениот како надворешен соработник пренесувал информации за текот на постапката на осомничените – учесници во јавната набавка,“ се вели во соопштението на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал.

Во продолжение е наведено дека летото во 2019 година првосомничениот донел одлуки за јавна набавка за потреите на софтвер иако во тоа време не бил склучен договор за таков софтвер. Обвинителот побарал притвор за Рашковски и Станчев, затоа што како што се вели во соопштението, постојат околности што укажуваат дека постои опасност од бегство, криење и влијание врз сведоци додека за останатите осомничени даде предлог на судот да им определи мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето.

Села, Гаши и Заев се договориле за законот за државјанство

Зоран Заев, Зијадин Села и Африм Гаши

Премиерот Зоран Заев, по средбата со лидерите на албанските опозициски партии Алијанса за Албанците и Алтернатива - Зијадин Села и Африм Гаши, изјави дека постигнале договор за законот за државјанство.

„Законот веднаш ќе се работи. Од аспект на внимателност не кажуваме за деталите. Договоривме да споделиме со вас дека веруваме дека има договор. Конечно ќе ја утврдиме кога ќе ја видиме ставена на хартија преку сите правни аспекти“, рече Заев.

Ова беше трета средба на Заев со претставници на албанската опизиција за законот за државјанство и решавање на проблемот со немањето државјанство на одреден број граѓани, а што е поврзано со обидите за деблокирање на работата на Собранието.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG