Достапни линкови

Трамп помилува екс советник кој се изјасни виновен во истрагата за руското мешање во изборите


Мајкл Флин

Американскиот претседател Доналд Трамп го помилува поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, со што се стави крај на гонењето што започна во 2017 година, кога Флин се изјасни за виновен за лажење на ФБИ во врска со неговите контакти со Русите.

Трамп го објави помилувањето преку твит на 25 ноември, еден ден откако медиумите објавија дека тој им рекол на соработниците дека планира да го вклучи Флин во серијата помилувања што ќе ги издаде во последните денови од неговото претседателствување.

„Ми претставува огромна чест да објавам дека на генералот Мајкл Флин му е доделено целосно помилување. Честитки за Флин и за неговото прекрасно семејство, знам дека сега ќе имате навистина фантастичен Ден на благодарноста!“ , напиша Трамп.

Русите не се заинтересирани за изборите во САД

Помилувањето предизвика критики од страна на демократските пратеници, вклучувајќи го и спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, која го нарече „чин на тешка корупција и дрска злоупотреба на власта“.


Претседателот на Комитетот за правосудство на Претставничкиот дом, Џери Надлер оцени дека помилувањето е „незаслужено, непринципиелно и уште една дамка врз претседатлството на Трамп“.

Тајните разговори на Флин со рускиот амбасадор во Соединетите Држави за време на транзицијата на претседателството на Трамп беа камен-темелник во истрагата дали имало некаква координација помеѓу кампањата на Трамп и руската влада на изборите.

Трамп го отпушти Флин во февруари 2017 година, но претседателот тврди дека истрагата била политички „лов на вештерки“ и дека Флин бил „добар човек“.

Флин беше еден од неколкуте поранешни соработници на Трамп кој се изјасни за виновен во истрагата, која исто така го разгледуваше и евентуалното руско мешање во изборите во 2016 година.

Путин: Русија ќе соработува со секој победник на изборите во САД

Русија негираше какво и да е мешање. Обвинителството на САД соопшти дека Флин и Сергеј Кислијак, тогашен руски амбасадор во САД, во декември 2016 година разговарале за санкциите што администрацијата на претседателот Барак Обама и ги воведе на Москва за наводно мешање во изборите.

Флин, генерал-потполковник во пензија и поранешен шеф на Агенцијата за разузнавање, двапати се изјасни за виновен за лажење на ФБИ за неговите интеракции со Кислијак.

Флин првично рече дека ќе помогне во соработката со владата во замена за полесна затворска казна, но подоцна ја смени тактиката и се обиде да ги повлече молбите, тврдејќи дека обвинителите ги прекршиле неговите права и го измамиле во спогодбата за признавање на вина.

Во ненадеен потег во мај, Министерството за правда го повлече случајот против Флин, велејќи дека наводните лаги кон ФБИ не биле значајни. Но, федералниот судија кој претседаваше со случајот на Флин, побара дополнително судско разгледување на прашањето.

Помилувањето на Трамп го поштедува Флин од каква било затворска казна, која судијата можеше да му ја изрече доколку на крајот реши да го одбие барањето за разрешување на Министерството за правда.

Белата куќа во соопштението наведе дека Флин никогаш не требало да биде гонет.

„Всушност, Министерството за правда цврсто заклучи дека обвиненијата против генералот Флин треба да бидат отфрлени. Ова целосно помилување ја постигнува таа цел, конечно ставајќи крај на немилосрдното, партиско гонење на невин човек“. се вели во соопштението на Белата куќа.

Судот се откажа од гонење на поранешниот советник на Трамп

Извештајот на специјалниот советник Роберт Мулер за истрагата детално се опишани повеќе интеракции помеѓу кампањата на Трамп во 2016 година и Русија и обемните руски хакерски и пропагандни напори, но утврди дека нема доволно докази за да постои криминален заговор меѓу кампањата и Кремљ за изборите.

Помилувањето на Флин е последниот потег на Трамп да ги поштеди поранешните соработници од затворска казна.

На 10 јули ја смени казната за Роџер Стоун, поранешен советник на Трамп, кој се соочи со казна од три години и четири месеци за лажење на Конгресот и попречување на истрагата на Претставничкиот дом за тоа дали кампањата на Трамп соработувала со Русија за победа на изборите во 2016 година.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG