Достапни линкови

Неработна недела - кој губи, а кој добива?


Продавници, каси во Скопје.

Синдикатите оценуваат дека недела треба да биде неработен ден во многу дејности, особено за моловите, трговијата и градежништвото. Според работодавачите тоа може да му наштети на бизнисот кој сега е ранлив и поради пандемијата.

Во Македонија наскоро недела треба да стане неработен ден во согласност со новото законско решение кое Министерството за труд и социјална политика треба да го изработи за 15 денови.

Воведување на неработна недела во јануари годинава побара Кристина Ампева од невладината организација Гласен текстилец, а ова решение го предлага и ССМ во изминатите две години.

Поддршка од владеачката партија СДСМ, Ампева и Синдикатите добија деновиве, соопштувајќи дека Владата ја прифаќа иницијативата и дека цел на промената е да се унапредат правата и положбата на работниците.

Добра вест за вработените во трговските молови?

Кој дејности ќе бидат исклучоци, а кои ќе бидат опфатени со законското решение треба да биде појасно кога министерството за труд и социјална политика ќе го изработи решението .

Но, може да се види дека во трговските центри, вработените, реализацијата на оваа иницијатива ја дочекаа како добра вест.

Вработена во трговски центар во Скопје, која не ни го кажа своето име, ни рече дека воведување на неработна недела значајно го менува квалитетот на живот за илјадници вработени во трговијата кои често се на своите работни места во деновите од викендите. Таа оценува дека во изминиот период со прогласените мерки и полицискиот час кој траеше за време на викендите било видливо дека општество може да фукционира и доколку недела е прогласен за неработен ден.

"Секако дека е позитивно зашто досега не бевме слободни во недела и тој ден многу ни значи за да се собереш со семејството. Кога почна пандемијата предизвикана од корона вирусот се затворија моловите, но пак ги отворија. Во време на карантините по три дена беа затворани, а потоа потрошувачите доаѓаа во други денови" вели нашата соговорничка.

Таа смета дека здравствена криза предизвикана од корона вирусот покажа дека повеќе од потребно е недела да биде неработен ден за работниците и во моловите.

"Откако е пандемијата нема голема фреквенција и нема разлика меѓу обичен ден и недела. Порано доаѓаа и од други градови, но намалена е фреквенцијата и поради пандемијата а и опадната е платежната моќ на граѓаните"вели таа .

Она што добро звучи за правата не е добро за платите и економијата, велат работодавачите

Но, сепак претседтелот на конфедерацијата на работодавачи Миле Бошков предупредува дека воведувањето на неработна недела ќе ги погоди работодавачите од кои многумина пазарат токму во викендите. Тој вели дека тоа е добро решение само поради здравствените ризици кои ги носи пандемијата, но за бизнисот тоа е лош потег.

"Навиките кои ги имаме се фактор кој може да влијаат врз намалување на економските активности и најважно е што ние не сме доволно економски развиени и имаме ниски плати кои на некој начин с е заработуваат или се дополнуваат во недела . Шопинг центрите во недела се најпосетени од потрошувачи од земји од опкружувањето. Во недели работат и казина, ресторани, забари и други дејности и тогаш во земјава доаѓаат клиенти и потрошувачи од други земји. Несакам да бидам негативен, но со намалување на економијата и приходите не сакам да претскажам дека ќе има намалување на плати или отпуштања од работа " вели Бошков.

Работници изложени на ризици, без да добијат дел од колачот на работодавачите.

Но, Кристина Ампева од невладината организација Гласен текстилец, вели дека поголем дел од бизнисмените остваруваат профит како во неделите така и во услови на пандемија, изнесувајќи забелешки дека од таа заработувачка често не издвојуваат за повисоки дневници за работниците, иако тоа е регулирано за работа во недела.

“Работодавачите постојано велат, имаме проблем, нема доволно работа, но ако немаа доволно работа тогаш нема да работеа во полициски час и во време на каранатин. Претходниот градоначалникот на Штип, на пример мораше со акт од владата да побара да не се работи тој продолжен викенд во Штип и да се затворат сите конфекции. Значи тоа е, проблемот е дека не се почитува слободното време и одморот кој треба да го имаат со закон вработените”, вели Ампева

Синдикатот на градежни работници на Македонија смета дека обврските можат да се завршат во текот на неделата, а истовремено да не трпи ниту бизнисот, ниту работниците и граѓаните. Заменик претсеадтелот на Синдикатот на градежни арботници Иван Пешевски воедно потсетува дека придржувањето на препораките за заштита од корона вирусот се сериозен предизвик на градилиштата и во други дејности. Во врска со новото законско решение тој вели дека во недела може да не се работи, а притоа да не се предизвикаат загуби, укажувајќи дека работниците си го исполниле фондот на 40 часови работејќи цела недела до петок и сабота.

“Работодавачите треба да се освестат. Работникот има 40 работни часа во неделата. Стабилна е и економијата зашто гледаме дека работници и во време на пандемија одеа на работа и гледавме на какви опасности и ризици се изложуваа и во градежништво и трговија каде се работеше во време на пандемија, нема да падне профитот на работадавачите кои притоа ако го имаа доволно не видовме да го поделија дел од колачот со работниците” вели Пешевски.

Како дојде до промените

Воведувањето на неработна недела од невладината организација Гласен Текстилец го побараа потикнати од истражувања и согледувањето дека има многу поплаки за прекувремена работа или неплатен труд на вработените . Такви оговори добиле особено од вработени во текстилната индустрија, моловите, и градежништвото

“Ќе видите дека во Скопје се е отворено во недела особено моловите, каде вработените секоја втора недела се не рабата, градежниците се на скелињата. Поднесовме инцијатива зашто работниците се жалеа дека преку глава им е од неплатена прекувремена работа од таму и идејата. Ретки се фирми каде се почитува времето на работничките и одморот кои треба да го имаат за да бидат попродуктивни”вели Ампева.

Да не работат, трговијата, градежништво конфекциите, бараат синдикатите

Деновиве вицепремерот за економски прашања Фатмир Битиќи кажа дека воведувањето на неработна недела не значи дека цела економија ќе биде затворена, и дека би работеле здравството, полицијата и други гранки кои се неопходни за животните потреби на граѓаните, но дека нема да се случува како досега да не се почитува законското право на слободен ден во недела за најголем дел од работниците.

Од синдикатите на градежни работници бараат забрана за работа во недела затоа што положбата на работниците е лоша и работата во недела, иако е реглулирана со закон, е одредба која се злоупотребува од работодавачите.

“Kога почнавме со нашето барање пред две години идеата ни беше недела да биде неработен ден да биде за сите, и тогаш имаше отпор зaшто се мислеше дека одредени граѓани не може да затворат, но ова е изгубено право, ако се сеќавате во поранешниот систем и во сабота и во недела не се работеше па економијата и се беше како што треба, а последниве години имаше многу злуоупотреба, особено на тие на кои требаше да им се плати, како во добар дел од молови, конфекции и куп претпријатија и дејности кои не затвораа во недела, не ги плаќаа дневниците како за празник” вели Иван Пешевски заменик претседател на Синдикатот за градежништво.

Синдикатот бара недела да биде неработен ден за сите освен за армијата, војска или фабрики кои не може да го прекинат производството. Во дејнсотите за кои дејноста налага работа од 24 часа Пешесвки вели дека е во ред да има дежурни, но тие вработени да добијат многу повисока дневница

“Многу дејности може да не работат, особено трговија, градежништво, конфекции тие луѓе бараме воопшто да не работат, а да се остави простор за тој кој сака да работи, но дневница да биде платена 2, 30. Тоа значи ако илјада денари на еден работник треба да му се исплати дневница, тогаш ако дојде во недела на работа таа да биде 2500 денари”, вели Пешаевски

Од владата која вети дека може да го реализира барањето недела да биде неработен засега нема објаснувања кога може да почне примената на законот кој минситерството за труд и социјална политика треба да го изработи до крајот на идната недела. Оваа решение потоа треба да доставено до владата, а потоа и до собранието.

Од невладините очекуваат да бидат косултирани за промените кои се планираат со цел вистинско унапредување на положбата и правата на работниците во државава.

Како неделата е решена во светот?

Иако и во земјите од регионот постојат иницијативи да се забрани работата во недела тоа досега го направи само Црна Гора. Во оваа држава лани на сила стапија законски измени со кои се регулира ова прашање.

Многу држави во Европа ја имаат ограничено работата во недела но имаат правила кој може, а кој не може да работи во недела и под кои услови.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG