Достапни линкови

Трамп за три дена одржа митинзи во четири држави


Архива- Претседателот на САД Доналд Трамп на митинг на меѓународниот аеродром Де Моин во градот Де Моин во државата Ајова. 14.10.2020. година.

Претседателот Доналд Трамп оди „all in“, изјави неговиот портпарол на 17 октомври додека изборите во САД се заоструваат во последните две ипол недели, а претседателот одржа митинзи во четири држави во три последователни дена.

Трамп вчера зборуваше на митинзи во Мичиген и Висконзин. Неговиот следен настан го планира за денеска во Невада и уште два на 19 октомври во Аризона.

Меѓу четрите држави се вклучени некои каде тој победи во 2016 година, но тие сега го поддруваат демократскиот ривал Џо Бајден, според повеќе анкети на гласачи.

Неговиот бурен распоред има за цел да ги натера неговите тврдокорни поддржувачи да излезат во огромен број на изборите на 3 ноември.

Во Мичиген, Трамп се фокусираше на темите за културните војни и стравувањата од, како што рече, што ќе донесе управувањето на Белата куќа од страна на Демократите.

Тој рече дека тие сакаат „да ја избришат американската историја, да ги прочистат американските вредности и да го уништат американскиот начин на живот.“

Трамп полета кон Висконзин, држава каде има зголемен број на случаи на коронавирус.

Повеќето во толпата не одржуваа социјална дистанца и не носеа маски.

Бајден на17 октомври се одмори од предизборната кампања, но треба да одржи настан на 18 октомври во Северна Каролина.

XS
SM
MD
LG