Достапни линкови

Ракетен напад врз азербејџанска станбена област, 13 загинати


Ракетен напад во азербејџанскиот град Гања, жителите и итните служби се обидуваат да ги извлечат преживеаните од урнатините. 17.10.2020.

Во ракетен напад во раните утрински часови на 17 октомври погодена е станбена област во Гања кој е вториот по големина град во Азербејџан, при што загинаа 13 луѓе и повредени се повеќе од 50, соопшти Министерството за вонредни состојби на земјата.

Службите за итни случаи им се преидружија на жителите на местото на настанот обидувајќи се да ги извлечат преживеаните од урнатините, јави азербејџанскиот сервис на РСЕ. Од нападот зафатени се најмалку 20 семејства.

Во друг ракетен напад истовремено беше погоден градот Мингацевир, каде што се наоѓа голема брана. Нема информации дека таму е направена штета.

Нападите доаѓаат часови откако беа пријавени нови судири азербејџанските и ерменските сили во и околу Нагорно-Карабах, правејќи нова ескалација на конфликтот околу сепаратистичкиот регион.

Секоја страна ја обвинува другата дека извршила нови напади и покрај договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на Русија, кој главно не успеваше да се одржи.

Баку и Ереван тврдат придобивки на територијата и околу неа. Постојат стравувања дека повеќедеценискиот конфликт може да предизвика пожар во регионот и во него да се вклучат Турција и Русија кои се најголемите сојузници на Азербејџан, а ја гарантираат безбедноста на Ерменија во рамки на Организацијата на договорот за колективна безбедност (ЦСТО).

XS
SM
MD
LG