Достапни линкови

Во Србија сите ќе мора да носат заштитни маски и на отворено


Илустрација

Српскиот Кризен штаб за борба против новиот коронавирус денеска одлучи да воведе обврска сите граѓани да носат маски на отворен простор и забрани специјални собири на повеќе од 30 лица. Во изјава за медиумите, по седницата на Кризниот штаб, д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, нагласи дека сегашната епидемиолошка состојба во државата е таква што расте бројот на пациенти со корона.

„Заштитните маски треба да ги носат сите. Постојано и во секоја можност и на отворен простор. И тоа е мерка што стапува во сила веднаш“, изјави Кисиќ Тепавчевиќ.

Докторката додаде дека маските се покажале како исклучително ефикасни насекаде во светот. Според неа, и до сега било забрането да се собираат повеќе од 30 лица, но дека има примери во сите градови да се одржуваат разни прослави, манифестации и собири.

XS
SM
MD
LG