Достапни линкови

Заев - Во арпил 2021 ќе има попис


Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев изјави дека април 2021 е месецот во кој Заводот за статистика ќе го спроведе пописот на населението. Заев запрашан дали по резултатите треба да се отвори Уставот, рече дека пописот на населението и резултатите од него никако не влијаат на Уставот, на Рамковниот договор или слично.

„Да се растовариме од оваа работа“, изјави денеска премиерот на настан во ТИРЗ Скопје 2 во Бунарџик, каде што изврши увид на изведувањето на градежни активности.

Заев вели дека пописот треба да се спроведе токму поради рамномерниот развој, економските параметри и статистиките кои што и се потребни на државата. Премиерот ги повика граѓаните да ги пополнат анкетните листови, за кои вели дека сега ќе бидат помали во обем, заради тоа што електронски веќе голем дел од податоците се собрани во Заводот за статистика.

XS
SM
MD
LG