Достапни линкови

ММФ прогнизира пад на македонската еконимија од 5,4 отсто


Илустрација

Економијата на Северна Македонија, во текот на оваа година, ќе забележи пад од 5,4 отсто како резултат на последиците од пандемијата од Ковид-19, по што во текот на 2021 година ќе следи раст на БДП од 5,5 проценти, се наведува во октомвриската прогноза на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), пренесе МИА.

Со новото предвидување се ревидира прогнозата од април годинава, кога Фондот предвидуваше пад на македонскиот БДП за 2020 од четири отсто.
Според ММФ, тенденцијата на раст на економијата во земјава ќе продолжи и во следните години и во 2025 година ќе изнесува 3,5 проценти. Во најновиот извештај, ММФ предвидува стапката на инфлација во земјава во 2020
година да изнесува 0,9 отсто, а догодина да достигне 1,3 проценти.

Во прегонозата На Фондот се проценува дека буџетскиот дефицит оваа година ќе достигне ниво од 4,7 отсто од БДП, а следната година од 3,8 проценти. Лани нивото на буџетски дефицит изнесуваше 2,8 отсто од БДП, пренесе МИА

Од земјите во регионот ММФ за годинава во најновиот извештај предвидува најголем пад на економијата на Црна Гора од 12 проценти, по што следуваат Грција со пад од 9,5 отсто, Хрватска девет проценти, Албанија и Косово по 7,5 отсто, Босна и Херцеговина 6,5, Турција пет, Романија 4,8, Бугарија четири и Србија со пад од 2,5 проценти.

XS
SM
MD
LG