Достапни линкови

Одбиена тужбата на Русковска за спотовите на ВМРО-ДПМНЕ


Архивска фотографија - Обвинителката Вилма Русковска во Суд за случајот „Рекет“

Граѓанскиот суд во Скопје денеска ја одби тужбата на обвинителката Вилма Русковска против Игор Јанушев и Христијан Мицкоски, односно против ВМРО-ДПМНЕ. Судијата Андреј Димовски, при соопштување на пресудата, рече дека тужбеното барање не е усвоено, односно во рок од осум дена на странките ќе им биде доставена писмената пресудата каде истата и ќе биде образложена.

Полномошникот на обвинителката Русковска, адвокат Панче Ефтимов, по објавување на пресудата рече дека ќе чекаат да го добијат образложението на изработената пресуда и соодветно на истото ќе се жалат.

Тужба за клевета од Вилма Русковска за ВМРО-ДПМНЕ е поради нејзино прикажување во негативен контекст во предизборната кампања на коалицијата „За обнова на Македонија”, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, односно за употреба на незиниот лик во два рекламни спота - „Криминална приказна” и „Штаб на лагите”.

Висината на штета што ја бараше обвинителката Русковска во овој случај изнесуваше 615000 денари.

XS
SM
MD
LG