Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ бара оставка од Димова, таа вели нема ништо незаконско


Директорката на националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова

Опозициската ВМРО ДПМН денеска побара оставка од Директорката на националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова по информациите дека биле доделени 270.000 евра, европски пари за образование на фризерница, а таа ,пак, за утре најави пресс конференција

"Обвинителството да не молчи туку да го испита скандалот со злоупотреба на пари во Нациналната агенција за европски образовни програми и мобилност. Лидија Димова да си даде оставка веднаш", изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ

По ова со реакција се јави директорката на националната агенција, која денеска преку фејсбук образложи дека нема ништо незаконско во доделувањето на грантови од 270 илјади евра за образовни проекти.Димова наведува дека проектите од „Еразмус+“ се финансираат според строги процедури пропишани од Брисел, а не од директорката или партијата или министерството или од кое било друго лице или тело.

Во меѓувреме вицепремиерот за борба со корупцијата, Љупчо Николовски побара надлежните органи во најкус можен рок да го испитаат случајот со доделувањето на европски пари на фризерница.

"Од директорката Лидија Димова, се очекува пред јавноста да ги презентира сите информации за случајот, со што ќе се даде шанса да се расчистат сомнежите за злоупотреба. Отворено, со присуство на медиумите, се разбира", изјави Николовски.
XS
SM
MD
LG