Достапни линкови

Новите судири го оптоваруваат договорот за примирје во Нагорно-Карабах


Илустрација. Нагорно Карабах.

Денеска избувнаа нови судири меѓу ерменските и азербејџанските сили околу отцепениот регион Нагорно Карабах, а двете страни меѓусебно се обвинуваат за кршење на договорот за примирје постигнат во Москва, со посредство на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Азербејџанското Министерство за одбрана ја обвини ерменската страна дека не го почитува хуманитарниот договор за прекин на огнот, наведувајќи дека тие „повеќепати се обидувале да ги нападнат позициите на азербејџанската армија“. Азербејџан „ по ова интензивно го гранатираше јужниот фронт“, изјави портпаролот на ерменското министерство за одбрана Шушан Степанијан.

ЕУ изрази загриженост за кршењето на примирјето во Нагорно Карабах

Хуманитарниот прекин на огнот, договорен на 10 октомври, предвидува враќање на телата на убиените околу Нагорно Карабах по избувнувањето на најжестоките борби на 27 септември Оттогаш стотици војници и цивили се убиени.

Вчера , Азербејџан соопшти дека извршил воздушни напади против етничките ерменски сили, нанесувајќи големи загуби До ова според тврдењата на Азарбејџан дошло по ерменски ракетен напад врз цивилна станбена зграда во Ганка, вториот по големина град во Азербејџан. Ерменската страна ги демантираше азербејџанските тврдења.

Ерменскиот министер за надворешни работи Зохраб Мнацаканиан денеска беше во Москва на разговори со копретседавачите на групата Минск - Франција, Русија и Соединетите држави - кои се обидуваат да посредуваат во ситуацијата.

„Како што можеме да видиме, овој договор не се почитува целосно и непријателствата продолжуваат“, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во воведното обраќање на состанокот со неговиот ерменски колега. „Се надевам дека нашите контакти со вас и со нашите колеги од Азербејџан, вклучително и оние од министерствата за одбрана, ќе помогнат да се постигне целосна имплементација на договорите постигнати во трилатерален формат“, додаде тој.

Според договорот за прекин на огнот постигнат во Москва, започнатите мировни разговори треба да се остваруваар со посредство на Минск групата, формирана во 90-тите години на минатиот век под покровителство на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

XS
SM
MD
LG