Достапни линкови

Ким Кардашијан донирала милион долари за Нагорно Карабах


Ким Кардашијан

Конфликтот околу Нагорно Карабах предизвика бран на поддршка за овој сепаратистичкиот регион во Азербејџан населен од етнички Ерменци од ерменската заедница во Лос Анџелес, една од најголемите во светот. Телевизиската ѕвезда Ким Кардашијан на 10 октомври објави дека донирала милион долари во Фондот за Ерменија, кој се обидува да обезбеди хуманитарна помош како храна, засолниште и медицинска нега за погодените од конфликтот. „Моите мисли и молитви се со храбрите мажи, жени и деца. Сакам сите да запомнат дека и покрај растојанието што нè дели, ние не сме одделени со граници и заедно сме една глобална ерменска нација “, изјави Кардашијан во видео пораката до своите следбеници на Инстаграм.

Кој најмногу заработува од објави на Инстаграм

Нејзините славни сестри, Клои и Кортни Кардашијан, исто така се огласија на Инстаграм за да повикаат за донирање средства. Следниот ден 20.000 луѓе протестираа во Лос Анџелес за поддршка на Ерменците пред Турскиот конзулат во Беверли Хилс. Јужна Калифорнија е дом на најголемото ерменска заедница во Соединетите Држави, а еден кварт во Источен Холивуд беше назначен за Мала Ерменија во 2000 година.

XS
SM
MD
LG