Достапни линкови

Турскиот брод „Оруч Рејс“ се враќа во Источен Медитеран


илустрација

Турција издаде нова навигациска информација за сеизмички истражувања на бродот „Оруч Рејс“ во Источниот Медитеран од денеска до 22 октомври. Новата турска информација, според грчките медиуми опфаќа дел од грчкиот континентален гребен, јужно од островите Родос и Кастеоризо, односно речиси во истиот дел како и навигациските информации издадени во август за истиот брод. Медиумите во Грција коментираат дека овој потег на Турција претставува нова провокација и ескалација и ги минира закажаните прелиминарни контакти меѓу двете земји.

Грција и Турција со механизам за избегнување конфликти

Од грчкото МНР на 22 септември соопштија дека Грција и Турција се договорија наскоро да го одржат во Истанбул, 61-от круг од прелиминарните контакти. Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, во четвртокот се сретна со неговиот турски колега Чавушоглу, а завчера рече дека датумот за прелиминарните контакти треба да го одреди Турција, бидејќи е домаќин на средбата. Последен пат прелиминарни разговори меѓу Анкара и Атина беа одржани во 2016 година.

XS
SM
MD
LG