Достапни линкови

Европарламентот со резолуција ја критикува власта во Бугарија


Бугарскиот премиер Бојко Борисов

Европратениците изгласаа резолуција со која ја изразуваат својата „недвосмислена поддршка за бугарскиот народ во нивните барања и легитимни аспирации за правда, транспарентност, одговорност и демократија“, јави МИА од Брисел.

Во резолуцијата се повикуваат бугарските власти на спроведување на релевантните пресуди на Европскиот суд за човекови права, при што се наведени и пресудите кои се однесуваат на неможноста на македонското непризнато малцинство во Бугарија да регистрира свое здружение или политичка партија: Пресудата од 19 јануари 2006 година - Обединета македонска организација Илинден и други; пресуда од 18 октомври 2011 година - Обединетата македонска организација Илинден и други; пресуда од 11 јануари 2018 година - Обединета македонска организација Илинден...

Притоа се бара од бугарските власти да ги осудат сите акти на насилство и говорот на омраза против малцинствата.

„Владеењето на правото значи поделба на власта, но обвинувањата за судска корупција и политички мотивирани гонења се зголемуваат. Владеењето на правото значи слобода на медиумите, но гледаме дека владата врши се поголемо влијание врз јавните медиуми и прибегнува кон клиентализам кога станува збор за приватни медиуми. Владеењето на правото значи да се залагаме за граѓанските права, но ние сме сведоци на полициско насилство и сузбивање на малцинските права“, рече известувачот и предлагачот на резолуцијата Хуан Фернандо Лопез Агилар.

XS
SM
MD
LG