Достапни линкови

Џафери сведочеше во случајот „Организатори на 27 април“


Талат Џафери

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на 27 април 2017 година, денот кога се случи насилството во Собранието, имал смртен случај во семејството, починал брат му, и повремено доаѓал на седницата на Собранието и затоа немал лично сознание дали 31 пратеник доставиле писмо до претседавачот Трајко Вељаноски со барање седницата да продолжи и по истекот на нејзиното вообичаено времетраење.

Џафери кој денеска во Киривниот суд сведочеше на рочиштето за „Организаторите на 27 април“, кажа дека тогаш немало техничка можност претседателот на Собранието да исклучи пратеник од говорница и за тоа морал да побара да го направи режијата.

Во случајот за „Организаторите на 27 април” обвинети се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Во вкрстени испитување од обвинителката Вилма Рускоска, Џафери посочи дека имало процедурално барање да се прејде на друга точка на дневен ред – за избор на претседател на Собранието, но не било ставено на дневен ред за гласање. Џафери по сведочењето не даде изјава за медиумите.

XS
SM
MD
LG