Достапни линкови

Кандидатите за потпретседател на САД во дебатата, фокусирани главно врз пандемијата


Мајк Пенс и Камала Харис, Солк Лејк Сити, 08.10.2020.

Потпретседателот на САД, републиканецот Мајк Пенс и предизвикувачот од Демократската партија Камала Харис, смирено расправаа на нивната телевизиска дебата од справувањето со пандемијата на коронавирусот и здравствената заштита до економијата и надворешната политика. Дебатата помеѓу Пенс и Харис беше без довикувања и постојани прекинувања какви што беа забележани на претседателската дебата меѓу Доналд Трамп и Џо Бајден во минатата недела.

Прва дебата Трамп - Бајден: лични навреди од почеток до крај

Потпретседателските кандидати беа главно срдечни, ретко прекинувани и целосно се воздржуваа да се обраќаат меѓу себе. Но, модераторот Сузан Пејџ од УСА Тудеј честопати мораше да го предупредува Пенс дека зборува подолго од предвиденото време. Дебатата се отвори со прашање за одговорот на администрацијата на Трамп на пандемијата, која Пенс ја бранеше, а Харис остро ја критикуваше. „Американскиот народ е сведок на најголемиот неуспех на која било претседателска администрација во историјата на нашата земја“, рече Харис. Пандемијата однесе повеќе од 211 000 животи во САД и зарази повеќе од 7,5 милиони луѓе. Исто така, предизвика нагло зголемување на невработеноста поради затворање на деловни активности и ограничувања насочени кон контрола на ширењето на вирусот. Пенс ги бранеше напорите на администрацијата на Трамп за борба против болеста, повикувајќи се на одлуката на Трамп кон крајот на јануари да го ограничи патувањето од епицентарот на пандемијата во Кина по совет на медицинската заедница. „Сакам американскиот народ да знае дека од првиот ден претседателот Доналд Трамп го стави здравјето на Америка на прво место“, рече тој.

Трамп од Белата куќа: можеби сум имун на ковид-19

Трамп, кој по дебатата објави на Твитер „Мајк Пенс победи“, сè уште се опоравува од инфекцијата со коронавирус, која се прошири и на многу од неговите вработени, неговата сопруга и други владини претставници.

XS
SM
MD
LG