Достапни линкови

Србија испрати протестна нота на Албанија


Serbia -- flags (flag) of Serbia, Albania and European Union, Belgrade 24May2016

Министерството за надворешни работи на Србија го повика амбасадорот на Албанија во Србија, Илир Бочка, поради врачување на нота, во која е изразен оштар протест по повод изјавите дадени за време на неодамнешната седница на владите на Албанија и Косово, кои имплицираат создавање на т.н. „голема Албанија“.

Како што јави МИА од Белград, протестната нота е во врска со изјавите од седницата на 2 октомври во Тирана и се однесува на онаа за укинувањето на границата меѓу Албанија и Косово.

"Ваквите изјави, кои подразбираат обединување на Албанија и српската покраина Косово и Метохија и создавање на„ голема Албанија“, преставуваат оправдана причина за загриженост, како за Србија, така и за другите земји во регионот ", се наведува во нотата.

Во неa се укажува и на напорите на Србија за развој на билатералните политички и сите други односи со соседните земји и приближување на позициите за кои нема согласност, објави Министерството за надворешни работи на Србија.

"Во таа смисла, во нотата се изразува очекување дека највисоките претставници на Албанија во иднина ќе се воздржат од давање изјави, кои ги нарушуваат билатералните односи и можат да го дестабилизираат регионот", наведуваат од српското МНР.

За наводите од некои медиуми за врачувањето на протестна нота на албанското Министерство за надворешни работи на српските дипломатски претставници во Албанија, во соопштението се додава дека привремениот вршител на должноста амбасадор на српската амбасада во Тирана вчера бил повикан во албанското Министерство за надворешни работи заради врачување протестна нота, но дека тој одбил да ја прими заради неприфатливите ставови искажани во неа, се наведува во соопштението на српското МНР

Рама- Вучиќ да ја осуди изјавата на Вулин

XS
SM
MD
LG