Достапни линкови

Трамп ги прекина преговорите за економската помош поради пандемијата


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наредил да се прекинат преговорите за економска помош до изборите, поради кризата предизвикана од коронавирусот. Трамп, кој и самиот има коронавирус, објави на својот профил на Твитер дека претседателката на Конгресот, Ненси Пелоси, не преговара со добри намери. „Им кажав на моите претставници да престанат со преговорите сè до изборите, кога ќе донесеме закон што ќе се фокусира врз вредните Американци и малите бизниси веднаш по мојата победа“, напиша Трамп.

Трамп го потпиша законот за привремено финансирање на државата

Претседателот на Федералните резерви Џером Пауел претходно предупреди дека заздравувањето од рецесијата предизвикана од пандемијата може да забави доколку федералната влада не обезбеди дополнителна економска поддршка.

XS
SM
MD
LG