Достапни линкови

Итно да се донесе закон против дискриминација, бараат невладините


Јагода Шахпаска, министерка за труд и социјална политика

Итно донесување закон за спречување и заштита од дискриминација, со транспарентна постапка за избор на членови на Комисијата, за граѓаните да добијат квалитетна законска рамка и реформиран систем за ефикасна и ефективна заштита и превенција од дискриминација, побараа учесниците на денешната конференција „Сите, сега: одговорноста на институциите за обединување против дискриминација“ организирана од Мрежата за заштита од дискриминација.

„Првото законско решение кое што излегува од Министерството е Законот за заштита и спречување на дискриминација. Ова е законско решение беше укинато од страна на Уставниот суд во мај оваа година и затоа како одговорна Влада во интерес на граѓаните сметаме дека ден поскоро законското решение треба да биде донесено во законодавниот дом низ една демократска процедура согласно деловничките одредби“, изјави министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Ова законско решение, рече таа, добило поддршка од меѓународни институции, Венецијанската комисија, а било поддржано и од 70 невладини организации од нашата држава во периодот кога опозицијата го кочела процесот пред две години и се надева дека ќе добие поддршка во Парламентот и од опозицијата.

XS
SM
MD
LG