Достапни линкови

Јанбеков: Јас го контролирам Киргистан


Фотографија од синоќешните протести во главниот град на Киргистан, Бишкек

Киргистанскиот претседател Соронбаи Јенбеков рече дека тој „ја контролира“ земјата и покрај тврдењата на некои опозиционери дека тој ја изгубил моќта откако протестите за поништување на парламентарните избори ескалираа синоќа и со смртни случаи.

Демонстрантите упаднаа во зградата во која се сместени парламентот и претседателските канцеларии во главниот град Бишкек и го ослободија Алмазбек Атамбаев, поранешен претседател, затворен под обвинение за корупција. Про тоа загина едно лице, а 590 беа повредени.

Толгонаи Стамалиева, портпарол на претседателот, во денешната изјава рече дека Јинбеков „прави сè за да се воспостави ред и мир“.

Во посебна изјава, денеска, Јиенбеков изрази подготвеност да ги поништи спорните резултати од парламентарните избори и ги повика своите противници да ги прекинат немирите, бидејќи им наредил на безбедносните сили да не отвораат оган.

XS
SM
MD
LG