Достапни линкови

Тачи: Дијалогот со Србија нема алтернатива


Претседателот на Косово Хашим Тачи

Претседателот на Косово Хашим Тачи, побара процесот на дијалог со Србија да продолжи, бидејќи, според него, дијалогот нема алтернатива. Во објава на Твитер, Тачи изјави дека разговарал со специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Мирослав Лајчак и изразил поддршка за процесот. „Дијалогот нема алтернатива. Косово и Србија мора да постигнат конечен договор. Потребни сме и на Европската унија и ЕУ ни треба нам. Ние мора да дејствуваме“, напиша Тачи.

Пукање во село во Косово, нема повредени, случајот се истражува

Предвидено беше претставници на Косово и Србија да се состанат во Брисел на 28 септември, но состанокот беше одложен на неодредено време. Додека Србија сака тема на разговор да биде Сојузот на српски општини, косовската страна посочува дека прашањето не може повторно да се отвори бидејќи заврши со договорите од 2013 и 2015 година. Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, пред неколку дена повтори дека во дијалогот нема отворање на оваа темата.

XS
SM
MD
LG