Достапни линкови

Дебарските гимназијалци сепак од денеска со онлајн настава


Управата на дебарската гимназија „28 ноември“ информира дека денеска наставата во ова единствено средно училиште во Дебар нема да започне со физичко присуство туку онлајн.

„Станува збор за конечен став за почеток на новата учебна година, по разговорите што беа водени меѓу управата на гимназијата и надлежните институции на централно ниво“, изјави за Радио Слободна Европа директорот на училиштето Рамадан Имери, кој упати и повик до учениците и наставниот кадар од денеска да започнат онлајн настава.

„Два дена имаше протести и бојкот на онлајн наставата на средношколците во Дебар бидејќи бевме yбедени во капацитетите на нашето училиште, објект со прекрасни површини, со училници и максимална опрема за реализирање на воспитно- образовниот процес со физичко присуство“, вели Имери.

Тој нагласува дека одлуката е донесена по консултациите со експерти од здравствените институции и во заемниот разговор со министерката за образование и наука, Мила Царовска, како и со други претставници од Владата, членови на неговата партија, а и според проценката на ризикот што секојдневно го загрозува здравјето на нашето општество како последица на COVID-19 и по принципот „Здравјето над сите“.

XS
SM
MD
LG