Достапни линкови

МВР- 927 прекршоци за неносење маска во едно деноноќие


Архивска фотографија- Луѓе со заштитни маски и полиција во Градски парк во Скопје

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на држвава по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 927 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Вчера во земјава беа регистрирани рекордни 243 нови случаи на ковид-19. По градови најмногу од новозаболените се во Скопје 98, а потоа следуваат Струмица 21, Прилеп и Свети Николе по 12, Куманово и Кочани по 11, Струга, Радовиш и Берово по девет и неколку други градови со помала бројка заболени.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18602, бројката на оздравени пациенти е 15264, на починати е 753, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2585. Министерството за здравство постојано апелира да се носат маски, да се одржува физичка дистанца и хигиена на рацете како мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

XS
SM
MD
LG