Достапни линкови

Белата куќа - Трамп има благи симптоми на ковид-19


Доналд Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп има благи симптоми на ковид-19, но продолжува да работи, откако доби позитивен резултат на тестирањето за коронавирус, соопшти Белата куќа.

Шефот на Кабинетот на Трамп, Марк Медоус, денеска пред новинарите изјави дека претседателот страда од некои симптоми на болеста, но не даде детали за тоа кои се тие. Тој додаде дека Трамп и првата дама, кои објавија дека се позитивни на вирусот, се наоѓаат во Белата куќа и дека се расположени.

„Претседателот не е неспособен. Тој всушност работи од резиденцијата“, јави Ројтерс, цитирајќи висок претставник на Белата куќа.

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, рече дека сите со голема тага ја примиле веста за Трамп. Таа вели дека ќе ги засили своите молитви за претседателот.

Ривалот на Трамп на изборите, Џо Бајден, рече дека тој и неговата сопруга испраќаат пораки за поскоро закрепнување на Трамп и неговото семејство.

Бајден и Трамп на 29 септември ја имаа првата телевизиска дебата. Тие не се ракуваа пред дебатата и беа на растојание од најмалку два метра. И Бајден се тестирал на ковид-19, но неговиот тест е негативен.

XS
SM
MD
LG