Достапни линкови

ДКСК - Апанажата максимално се користи


Вкупно 107 функционери користеле апанажа во периодот од 2014 до 2018 година по престанокот на функцијата. Од нив 100 пред да бидат именувани или избрана на функција биле вработени, но тие не го искористиле правото да се вратат на претходното работно место во рок од 30 дена од престанокот на функцијата, туку користеле апанажа, соопштија денеска од Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).


Како што истакна Катица Николовска член на Антикорупциската комисија и автор на анализата, од вкупниот број од 107 лица кои користеле апанажа 29 доаѓаат од Влада, а 78 од Собрание. Од 107 лица кои се предмет на анализата 89 лица по престанокот на користењето на апанажата повторно се вработиле и тоа 46 во државни институиции, а 43 во приватниот сектор. Додека 18 лица по престанокот на апанажата не се вработиле. Седум од пратениците се вратиле на работните места каде работеле пред изборот на пратеници, но дури откако го искористиле 12-месечното право на апанажа.

При тоа износот на апанажата за лицата кои биле на именувани функции во Влада изнесува околу 71.000 денари, а на оние кои им завршил пратеничкиот мандат износот е околу 100.000 денари.

„Анализата покажува дека избраните и именуваните лица по престанокот на функцијата на која се избрани максимално го користат правото на апанажа, пред се поради високиот износ што го добиваат, а кои согласно законите е во висина на месечната плата. Како Антикорупциска ќе доставиме иницијатива за изменување и дополнување на законската регулатива во врска со правото на користење апанажа по престанокот на функцијата на избрани именувани лица од страна на Владата и Собранието во делот на висината на надоместокот“, изјави на Николовска.

Анализата е испратена до Владата,, Собранието и до вицепремиерот за борба против корупцијата.










XS
SM
MD
LG