Достапни линкови

Рот: Пристапните преговори со Македонија треба да почнат што побргу


Македонскиот вицепремиер Никола Димитров и германскиот министер за Европа, Михаел Рот

Германија очекува до крајот на нејзиното претседавање со ЕУ да биде одржана првата Меѓувладина конференција и да почнат пристапните преговори со С.Македонија, изјави германскиот министер за Европа Михаел Рот по денешната средба во Берлин со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

„Прилично сме оптимистични дека можеме да започнеме со пристапните преговори пред крајот на нашето претседавање. Во моментов имаме многу плодна и позитивна дискусија со другите земји членки на ЕУ, која треба да заврши со договор за рамката за пристапните преговори. Од моја страна, Северна Македонија ги исполни условите и сега е право време да испорачаме. Треба да почнеме со пристапните преговори што е можно побргу “, рече Рот.

На средбата, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, биле детално разгледани следните чекори во однос на постигнувањето на заедничкиот успех – Северна Македонија да ги почне пристапните преговори за време на германското претседателство со ЕУ.

Германија го поддржува почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ до крајот на годинава

Димитров информирал за плановите за реорганизација на преговарачката структура и постојниот механизам за координација на евроинтеграцијата, за да може ефикасно да се одговори на предизвиците од новата методологија.

XS
SM
MD
LG