Достапни линкови

Франција, Русија и САД повикуваат на мир во Нагорно Карабах


илустрација

Тешкото гранатирање меѓу ерменските и азербејџанските сили продолжува веќе петти ден, бидејќи двете страни продолжија да ги игнорираат повиците на меѓународните лидери да престанат да војуваат околу спорниот регион Нагорно Карабах.

Франција, Русија и Соединетите држави денеска повикаа на „итен прекин на непријателствата меѓу вклучените воени сили“ во Нагорно Карабах. Во заедничката изјава, претседателите Емануел Макрон, Владимир Путин и Доналд Трамп дејствуваат како копретседатели на таканаречената Минска група на ОБСЕ, која посредува во конфликтот.

Тројката ги повика лидерите на Ерменија и Азербејџан „без одложување да се посветат на продолжување на сеопфатните преговори, со добра волја и без предуслови, под покровителство на копретседавачите на групата Минск“.

Продолжуваат борбите во Нагорно Карабах

Повеќе од 100 лица се убиени во последните судири, кои се најлошите во последните години. Ерменија и Азербејџан - две поранешни советски републики - се бореа за регионот во периодот 1988-1994 година. Се поголем е стравот дека меѓународните сили можат да бидат вовлечени во конфликтот. Русија претходно се понуди да биде домаќин на разговорите за прекин на воените судири.

XS
SM
MD
LG