Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ ги разгледува сите опции за импичмент на Пендаровски


Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Во ВМРО – ДПМНЕ се разгледуваат сите можности и ќе бидат разгледани сите опции на телата и органите на партијата за конечна одлука за импичмент на претседателот на државата Стево Пендаровски, информира денеска портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ Димче Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање кога може да се очекува конечната одлука.

„Ние одамна кажавме дека Пендаровски е соучесник на мафијата на Заев, која што за жал оваа мафија функционира во оваа држава Република Македонија и многу подобро и од најдобрите времиња кога функционирала најголемата мафија во светот „Коза ностра”, рече портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ, Арсовски.

Собранието бавно работи по изборите

Во врска со обвинувањата од страна на Зоран Заев дека се деструктивни бидејќи не сакаат да ги изгласаат вонредните состојби иако ги барале, Арсовски потенцира дека ВМРО – ДПМНЕ барало кризна, па вонредна состојба бидејќи, како што рече, партијата ја разбирала сериозноста на пандемијата што и сега не е завршена.

Според него, вонредната состојба наместо за справување со Ковид19 пандемијата, била искористена, потенцира Арсовски, за богатење и личен интерес на одредени функционери на СДСМ и владата.

XS
SM
MD
LG