Достапни линкови

Нови 162 заразени од корона, четворица починале


илустрација

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.350 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на Ковид-19. Најголемиот дел се во: Скопје-75, Куманово-14, Дебар-1, Штип-5, Прилеп-5, Тетово-13, Струга-1, Велес-2, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-2, Гевгелија-3, Струмица-10, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Кочани-12, Пробиштип-1, Валандово-1, Виница-2 и еден во Свети Николе.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти. Во болнички услови се починати четри лица, тројца пациенти од Скопје и еден од Штип.

Колку здравствените работници се заштитени од Ковид-19?

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.138, бројката на оздравени пациенти е 15.068, на починати е 743, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 2.327.

XS
SM
MD
LG