Достапни линкови

Филипче - Брнс: Американска поддршка за здравството


Венко Филипче и Кејт Мери Брнс

Соединетите Држави сериозно придонесуваат во зајакнување на нашиот здравствен систем, вели министерот за здравство Венко Филипче на денешната средба со амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнс. Филипче се заблагодарил за континуираната поддршка во унапредување на здравствената заштита и успешно справување со коронавирусот во нашата држава.

„Со поддршка од Американската амбасада, Институтот за јавно здравје доби кабинет со биосигурност ниво 3, во вредност од 500 илјади американски долари, како и доопремување на Институтот за јавно здравје со тестови и центрифуга во вредност од 12 илјади американски долари, што ќе придонесе за зголемување на капацитетите за тестирање на Институтот за 10 до 15 отсто. Благодарение на целосното реновирање помогнато од амбасадата на САД, првпат во нашата земја имаме кабинет со биосигурност ниво 3, посочи министерот за Филипче по средбата.

Брнс кај Заев: Поддршка за директни инвестиции од САД

Тој додава дека ова претставува уште едно зајакнување и уште еден чекор напред во квалитетот на здравствената услуга и унапредување на технологијата на работа, согласно најсовремените стандарди.

XS
SM
MD
LG