Достапни линкови

Ситуацијата е сериозна, но финансискиот сектор е стабилен, вели Бесими


Министерот за финансии, Фатмир Бесими

Во актуелната ситуација што ја предизвика ковид-кризата, добро е што финасискиот сектор е стабилен, оцени министерот за финансии, Фатмир Бесими, на денешната средба со Македонската банкарска асоцијација.

„Добро тоа што адекватноста на капиталот е 17 проценти, а ликвидноста 30 проценти. Тоа е голема предност во делот на справување со ковид-кризата“, рече Бесими.

Дека ситуацијата на економски план е сериозна, според Бесими, најдобар показател се БДП и јавниот долг, чии проекции се далеку полоши во однос на финансиската криза од 2009 година.

Во однос на ребалансот на буџетот информираше дека ќе има зголемување на дефицитот и јавниот долг, но во мера за да не се загрози фискалната одржливост и финансиската стабилност. Министерот додаде дека Законот за буџет денеска е прикачен на „Енер“ и дека секој може да се вклучи во јавната расправа. Според него, се работи за реформски закон, усогласен со неколку европски директиви.

Од Македонската банкарска асоцијација, каде членуваат сите поголеми банки, беше посочено дека банкарскиот сектор е стабилен, со високо ниво на капитализираност и ликвидност и оти сите работат со добивка. Најавија дека ќе продолжат да соработуваат со сите засегнати страни со цел да се излезе од актуелната криза.

XS
SM
MD
LG