Достапни линкови

Самит на Европската унија, главно за надворешната политика


Знамиња на Европската унија пред седиштето на Европската комисија

Лидерите на ЕУ денеска и утре ќе се состанат во Брисел за да разговараат за надворешните работи, особено за односите со Турција и ситуацијата во Источен Медитеран. За време на видео-конференцијата на 19 август, лидерите ја изразија својата загриженост за растечките тензии и ја нагласија итната потреба за деескалација меѓу Турција и Грција. Членовите на Европскиот совет ја изразија својата целосна солидарност со Грција и Кипар и потсетија и ги потврдија претходните заклучоци за незаконските турски активности во потрагата по гас на Средоземно море.

Германија го поддржува почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ до крајот на годинава

Се очекува лидерите да се осврнат и врз конфликтот во Нагорно Карабах, односите со Кина, ситуацијата во Белорусија и труењето на Алексеј Навални. Исто така на агендата ќе се најдат и економски теми како единствениот пазар, индустриската политика и дигиталната трансформација. Овој самит, првично беше планиран за 24 и 25 септември, но беше одложен бидејќи претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел беше во карантин.

XS
SM
MD
LG