Достапни линкови

Макрон на средба со Циханускаја


Протест во Минск, Белорусија

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе се сретне со белорускиот опозициски лидер Свјатлана Циханускаја за време на денешната посета на Литванија на 29 септември. Циханускаја тврди дека победила на претседателските избори на 9 август во Белорусија, победувајќи го Александар Лукашенко. Таа побегна во Литванија, Лукашенко самиот во тајност на 23 септември, даде заклетва како претседател на Белорусија предизвикувајќи бес во земјата и во странство.

Стотици демонстранти приведени во Белорусија

Западните земји одбија да ја признаат Лукашенко за легитимен лидер на Белорусија и повикаа на мирен трансфер на власта. Лидерите на опозицијата, вклучително и Циханускаја, формираа Координативен совет трансферот на власта. Таа се кандидираше за претседател на местото на нејзиниот сопруг, кој беше уапсен пред изборите. Циханускаја вети дека ќе одржи нови претседателски избори по преземањето на власта.

XS
SM
MD
LG