Достапни линкови

Од 387 тестови, 48 нови Ковид-19 случаи и 4 починати


Илустрација

Министерството за здравство (МЗ) денеска соопшти дека во последните 24 часа се направени 387 тестови и се регистрирани 48 нови случаи коронавирус позитивни, четворица починати и 61 оздравени. Во Скопје се потврдени 20 нови случаи, во Кочани – девет, во Струмица – четири, Куманово и Прилеп по три нови случаи. По два случаи се потврдени во Виница и Свети Николе и по еден нов случај во Дебар, Тетово, Пробиштип, Пехчево и Делчево.

„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент од: Скопје-21, Куманово-3, Штип-2, Тетово-5, Струга-6, Битола-1, Гостивар-4, Гевгелија-2, Крива Паланка-2, Радовиш-3, Кочани-6, Пробиштип-2, Виница-2, Свети Николе-1 и во Кичево-1. Во болнички услови се починати четири пациенти, од Скопје двајца пациенти на возраст од 73 и 62 години, од Куманово пациент на 69-годишна возраст и од Тетово пациент на 72-годишна возраст.“, соопшти МЗ.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.674, бројката на оздравени пациенти е 14.642, на починати е 729, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.303.

XS
SM
MD
LG