Достапни линкови

„Њујорк тајмс“: Трамп платил 750 долари данок на приход во 2016 и 2017


Архивска фотографија од еден од предизборните митинзи на Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп платил само 750 американски долари данок на федерален доход во 2016, година кога ја освои претседателската функција, објави синоќа Њујорк тајмс во истражувачка сторија која одекна како бомба. Трамп, исто така, наводно платил иста сума во 2017 година и не платил данок на федерален доход во 10 од 15 последните години.

На прес-конференцијата одржана откако весникот го објави својот извештај, Трамп ги отфрли обвинувањата како „лажни вести“. Тој не кажа колку платил данок, но ги повтори аргументите од минатото дека не може да ги открие информациите, затоа што неговите даночни пријави се под ревизија на Службата за внатрешни приходи (IRS), американската даночна агенција.

„IRS не ме третира добро“, рече Трамп, додавајќи дека сето тоа ќе биде откриено по ревизијата.

Адвокат на Организацијата Трамп, Алан Гартен, изјави за Тајмс дека „повеќето, ако не и сите факти се чини дека се неточни“. Тој во изјава за новинарите рече дека претседателот „платил десетици милиони долари лични даноци на сојузната влада, вклучително и милиони лични даноци од објавувањето на кандидатурата во 2015 година“.

Трамп е единствениот претседател во поново време кој не ги објавува своите даноци јавно и тој се бореше со судските предизвици против оние кои бараат пристап до неговиот поврат.

„Тајмс“ во своето известување рече дека ги добил податоците за плаќање на данокот на Трамп за две децении. Извештајот ја оспорува добро осмислената слика на Трамп за себе како патриотски и успешен милијардер бизнисмен. Ако извештајот е точен, не е јасно дали даночните практики на Трамп се нелегални. Но, извештајот веројатно ќе му нанесе штета на претседателот само неколку недели пред изборите на 3 ноември, на кои тој го заостанува демократскиот предизвикувач Bо Бајден во анкетите.

XS
SM
MD
LG