Достапни линкови

Во Црна Гора дополнителни мерки против ширењето на коронавирусот


Институтот за јавно здравје на Црна Гора предложи воведување на дополнителни мерки за да се спречи ширењето на новиот коронавирус, по исклучително распространетиот локален пренос на коронавирус, големиот број случаи во болниците и огромниот притисок врз здравствениот систем, Мерките се во сила од денеска.

Од денеска до 12 октомври, поради зголемувањето на случаите на коронавирус во Никшиќ, Беране и Андријевица, ќе биде забрането напуштање на домовите од 22 до 5 часот наутро, а работата на угостителските објекти и домашните посети ќе бидат забранети. Од денеска во Рожаје е забранета работата на угостителските објекти и домашните посети.

Во Котор, Будва, Подгорица и Плевља, од 28 септември до 12 октомври, угостителските објекти ќе имаат право да работат само до 22 часот.

XS
SM
MD
LG