Достапни линкови

Филипче: Засега нема потреба од допoлнителни рестриктивни мерки


илустрација

Засега нема потреба од допoлнителни рестриктивни мерки, бидејќи по иницијалното зголемување на бројот на заразени од Ковид -19 состојбата се стабилизира, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Тие контроли на случаите и увид во епидемиолошките анкети кои ги прават епидемиолозите сега засега не оставаат простор за некаква паника, односно дека има најава дека има неконтролирано ширење на вирусот, нешто што би требало да наметне потреба од некакви дополнителни рестриктивни мерки. Искрено се надевам дека никој од нас ниту ние, ниту нашата земја, ниту целиот регион, нема да се соочиме со таква ситуација да треба да препорачаме рестрикција“, рече Филипче.

Според него, првиот чекор би бил некоја форма на поблаги рестриктивни мерки, како ограничувањето на јавните собири, односно целосна забрана во некои општини, региони каде што ќе сметаат дека бројките и начинот на пренос укажува дека има начин на трансмисија на вирус што треба да се запре со таков начин на рестрикција.

Македонија со највисока смртност од корона во регионот

Филипче потенцираше дека маските на отворено засега не се задолжителни,но додаде дека во повеќе меѓународни списанија се укажува дека е можно и ПМ честичките во ситуација кога има загадување да бидат преносители на вирусот.

XS
SM
MD
LG