Достапни линкови

За 24 часа 1618 тестирања: 88 корона случаи и 5 починати


Илустрација - Медицински лица во лабораторија за тестирање за Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 1618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19, пет починати и 135 оздравени пациенти. Новозаразените со коронавирус се регистрирани во: Скопје 45, Куманово 4, Штип 1, Прилеп 7, Тетово 6, Струга 3, Битола 2, Охрид 3, Гостивар 1, Струмица 7, Крива Паланка 2, Кочани 3, Македонски Брод 1, Виница 1 и во Кичево 2.

„Починати се 5 лица, пациент од Тетово (53г), од Гостивар (60г), од Прилеп (57г), од Струга (60г) и еден пациент од Битола (60г). Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 135 оздравени пациенти“, соопшти Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 177.635 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16867, бројката на оздравени пациенти е 14084, на починати е 705, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2078.

Претходно, министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција изјави дека состојбата со Ковид-19 во земјава е сериозна и дека една од главните причини за ширењето на коронавирусот во Северна Македонија е, како што рече, „Неодговорноста и недисциплината на добар дел од граѓаните, но и на бизнисмените, особено тие од угостителството“. Флипче предупреди дека се разгледуваат дополнителни мерки, но и дека тие ќе бидат многу поостри ако не се почитуваат сегашните. Тој најави и засилени контроли и казни за непочитување на анти-корона протоколите.

XS
SM
MD
LG