Достапни линкови

„Таргет-Тврдина“: Новинари, политичари, разузнавачи во суд


Архивска фотографија - Сашо Мијалков во суд за Таргет - Тврдина

Политичари, новинари и други лица кои биле прислушувани во периодот од 2008 до 2014 година треба да сведочат на денешното рочиште на случајот за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина“. Повикани се 20 сведоци, меѓу кои Горан Сугаревски, Фросина Ременски, Саша Богдановиќ, Сашо Ордановски, Борјан Јовановски, Горан Михајловски, Оливера Трајковска, Душица Мрѓа, Саше Димевски, Младен Чадиковски, Катерина Цановска Арсовска , Јадранка Костова, Сашка Цветковска...

Процесот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се поранешните обвинители од СЈО, Трајче Пеливанов и Артан Ајро.

Обвинети во овој предмет се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и неколку вработени во поранешното УБК кои се товарат за нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви во периодот меѓу 2008 и 2015 година. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Според Обвинението, прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

XS
SM
MD
LG