Достапни линкови

„Врба“ на Манчевски номиниран за европски оскар


Сцена од филмот „Врба“

Европската филмска академија (ЕФА) денеска ја објави одлуката да го вклучи „Врба“ на Милчо Манчевски во селекцијата за најдобар филм 2020 на 33-те Европски филмски награди.

За филмовите во селекцијата за најпрестижната европска награда, што е позната и како Европски оскар, ќе гласаат над 3.800 членови на Академијата и ќе изберат по пет номинации во пет категории: најдобар филм, режисер, актер, актерка и сценарио. Номинациите ќе бидат објавени на 7 ноември на фестивалот во ѓпанскиот град Севиља.

Годинава доделувањето наградите на Европската филмска академија ќе се одржи во Рејкјавик, Исланд на 12 декември. Во селекцијата на ЕФА годинава се 38 филмови.

Ова е втор пат филм од Манчевски да влезе во селекцијата за европските филмски награди, во 2011 година селектиран беше и неговиот „Мајки“. Пред неколку дена, Манчевски и „Врба“ беа номинирани и за најдобар режисер и најдобар филм на фестивалот „Рејнденс“.

XS
SM
MD
LG