Достапни линкови

Убиен азербејџански војник на границата со Ерменија


Илустрација

Министерството за одбрана на Азербејџан денеска соопшти дека еден војник е убиен во инцидент во близина на границата со Ерменија. Според министерството, смртта на помладиот наредник во регионот Товуз во северозападен Азербејџан претставува најнова „провокација“ во услови на пораст на прекршувањата.

Минатата недела, ерменските официјални лица објавија дека еден од нивните војници е убиен од огнено оружје и шрапнели околу истиот регион. Двете страни се обвинија меѓусебно за кршењето на прекинот на огнот, стар неколку децении, а противречните извештаи го отежнуваат утврдувањето на одговорноста.

Ереван и Баку сè уште се во спор околу отцепениот регион Нагорно-Карабах во Азербејџан и покрај прекинот на огнот во 1994 година во конфликтот во кој загинаа околу 30.000 луѓе.

Ерменија и Азербејџан водеа војна за спорниот регион на крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години од минатиот век, за време на распадот на СССР. Нагорно-Карабах е дел од претежно муслиманскиот Азербејџан, но е под контрола на претежно христијанските ерменски сепаратисти.

XS
SM
MD
LG